Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување уверува: Исплатата на пензиите е стабилна и редовна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library1p26djid1o1pfPvIwIo

Исплатата на пензијата за ноември веќе започна и ќе заврши во понеделник, реагира Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кој рече дека е неизвесно дали ќе има зголемување на пензиите во следниот период и дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии следните месеци.

— реклама —

Фондот уверува дека исплатата на пензиите не е доведена во прашање, бидејќи Владата ја гарантира.

— реклама —

„Не треба да има никаков сомнеж или страв дека ќе нема пензии. Фондот на ПИОМ во координација со Владата исплатата на пензиите ја врши секој први во месецот и истото ќе продолжи да го прави и во 2026 година”, се вели во соопштението.

— реклама —

Според Фондот, шпекулациите, како што велат, кои се пласираат од страна на СДСМ се неосновани и служат единствено за вознемирување на пензионерите и на граѓаните.

„Неодговорно е да се тврди дека исплатата на пензиите е доведена во прашање, кога веќе се знае дека буџетот на Фондот на ПИОМ за наредната 2026 година е речиси 151 милијарда денари за исплата на пензии (2 и пол милијарди евра), за здравственото осигурување на пензионерите, како и за транзициските трошоци кон трите пензиски друштва од вториот столб“, соопшти Фондот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 10 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 14 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања