Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Фото) Дел од Центарот за обука на полицајци во Идризово оставен да пропаѓа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
433945600_122135342480197509_8997709727529200828_n

Денеска бев во работна посета на Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово каде остварив работна средба со раководството на Центарот и раководството на Факултетот за безбедност, објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

— реклама —

Тој додаде: На средбата најпрво остваривме конструктивен работен состанок на кој се разговараше за тековните активности поврзани со реконструкција на дел од објектите од Центарот кои се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, а во кои престојуваат и следат настава кандидатите за полициски службеници. Со раководството на Факултетот за безбедност се разговараше и за дел од објектите кои се користат од двете институции и можноста за заедничка соработка во делот на реконструкција на истите. Исто така, поразговаравме и за целокупниот систем на полициско образование во нашата држава, какви се компаративните искуства во овој дел и потребата од повторно воведување на средно полициско образование.

— реклама —

— реклама —

По состанокот, направивме обиколка на целиот Центар, извршивме увид во тековните градежни активности, а разгледавме и неколку објекти кои претставуваат сериозен капацитет кој е неискористен и оставен на забот на времето, поради што независно од тоа што се наоѓаме во технички предизборен период, дадов насока до службите веднаш да ги преземат сите административни работи кои ги дозволува Законот во овој период со цел овие капацитети што поскоро да влезат во процедура за реконструкција и нивно ставање во функција.

На крај, заеднички констатиравме дека Центарот за обука има сериозен потенцијал да прерасне во современ и европски едукативен центар кој ќе продуцира и обучува квалитетни кадри од областа на безбедноста и во кој треба и понатаму да се инвестира, како од кадровски така и од материјално-технички аспект“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Македонија | пред 4 дена

media-libraryqprblqreu5ireZw6m9B

Тошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028

Македонија | пред 5 дена

media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања