Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТОШКОВСКИ

media-librarygqd786ps1fdo9TmRHjh

„По две децении го враќаме средното полициско училиште“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на научно-стручната конференција „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“, во организација на Факултет за безбедност - Скопје.„Често зборуваме за опрема, закони и реформи, но суштината на системот се луѓето. Ако тие не се подготвени, ниту една стратегија нема да даде целосен резултат.Полициската професија денес значи работа во динамични, непредвидливи и стресни услови, каде одлуките се носат брзо и имаат директно влијание врз безбедноста на граѓаните. Затоа, психофизичката подготвеност не е дополнителна вредност, туку основа на професионалноста.Како Министерство, работиме на системски пристап, од селекција, преку обука, до континуирана поддршка во текот на кариерата. После повеќе од 20 години, го враќаме средното полициско училиште, како темел за создавање нови генерации професионални, подготвени и посветени полицајци.Верувам дека поврзувањето на науката и практиката е клучно за креирање подобри политики и услови за работа на полициските службеници. Инвестирањето во нивната подготвеност значи инвестирање во безбедноста на сите граѓани“, вели Тошковски

Македонија | пред 3 дена

media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Собранието одговараше на прашања од пратеничката Арбана Пашоли, при што ја повика пратеничката да се посвети и да си ја заработи платата за која како што вели седи во „таа убава фотелја“.„Многу ми е жал што не можете да излезете од оној вакум на етнички предзнак кога говориме за професионалност, кога говориме за системски реформи, кога говориме за сејф сити, па велите само Албанците ги фаќала камерата. Кај ви текнуваат овие работи? Стварно не ми е јасно. Камерата на сејф сити фаќала само Албанци. Ја не знам, тој што ви ги дава идеите, што ги смислува приказните ,значи, стварно, ако го плаќате, престанете да го плаќате, смислете нешто сами, верувајте ми дека поефикасни ќе сте.Се намалувал процентот на менаџерски кадар во Министерството за внатрешни работи, Албанците ќе останале без менаџерски позиции. Па кој ви ги кажува овие работи? Стварно не ми е јасно. Како ви идат, како ви текнуваат, се будите од сабајле и оп, камерата, само Албанците ги фаќа. Е, како бе така? Значи, ве замолувам, за општото добро на сите, посветете се да си ја заработите платата за која што сте седнати во таа убава фотелја.И ве замолувам, еднаш станете на оваа говорница и еднаш поставете прашање, еве не мора за Македонците, еве прашајте за Грците. Може за Грците да прашате? Ева за Грците прашајте како се третирани од Министерството за внатрешни работи“, изјави ТошковскиТој на крајот додека дека граѓаните на општина Липково и на Желено (1:44) и на Сарај имаа по-добри услови за остворување на своите права од кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт„А вас може да биде и криво за тоа, ама, здравје, има време ќе докажeте во иднина“, изјави Тошковски

Македонија | пред 4 дена

media-libraryqprblqreu5ireZw6m9B

Тошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на промоцијата на „Планот за професионален интегритет 2026–2028“ на Министерството за внатрешни работи, активност која се реализира во рамки на програмата на ДЦАФ за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Македонија 2021–2026.Настанот беше посветен на претставување на стратешките приоритети, институционалните обврски и конкретните мерки утврдени во новиот План, чија цел е унапредување на интегритетот, транспарентноста и одговорноста во работењето на полицијата.Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека интегритетот претставува темел на современата и професионална полициска служба, нагласувајќи дека вредности како чесност, доверба, праведност и одговорност се суштински за зајакнување на владеењето на правото и довербата на граѓаните.„Планот за професионален интегритет 2026–2028 претставува значаен инструмент во борбата против корупцијата, со кој се предвидува јакнење на капацитетите во областа на етиката и професионалните стандарди. Нашата цел е јасна – нула корупција во полицијата. Само со доследна примена на законите, транспарентност и одговорност можеме да изградиме институција во која граѓаните ќе имаат целосна доверба“, нагласи министерот Тошковски.Тој потенцираше дека Министерството за внатрешни работи, во координација со Владата, континуирано работи на унапредување на механизмите за превенција, детекција и санкционирање на корупцијата, како и на зајакнување на професионалните компетенции на полициските службеници преку обуки и развој на етичките стандарди.Министерот истакна дека Планот, заедно со Акцискиот план, претставува цврста основа за понатамошен развој на демократска, транспарентна и одговорна полиција, усогласена со европските стандарди и принципите на заштита на човековите права.Воедно, Тошковски изрази благодарност до Европската Унија, како и до Швајцарија, Шведска и Холандија, како и до ДЦАФ и проектниот тим за нивната континуирана поддршка во спроведувањето на реформите во безбедносниот сектор.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес рече дека на негово барање била иницирана истрагата на Фондот за здравствено осигурување, која од 500-тини боледувања кај вработени во МВР откри дека 100 од нив се добиени со неправилности.„Еднс од најфрапантните констатации коишто ги имав во мојот живот генерално, е процентот на боледувања на секој месец во рамки на Министерството за внатрешни работи кога седнав на таа позиција во рамки на техничка влада. Значи, тој процент на боледувања се движи отприлика негде околу 10% во континуитет. И сега, тоа вака ми беше како трн во око, на мое барање, беше отворена истрага во рамки на внатрешна контрола во Министерството, на мое барање лично беше вклучен и ФЗО во рамки на проверките коишто треба да се извршат кај докторите. Поради тоа, беше отворена истрага во рамки на Одделот за внатрешна контрола којашто сè уште не е затворена.По случаен избор биле одбрани одреден број на случаи, каде што, согласно она што го видов, секој четврти или секој петти од контролираните има индиции дека го злоупотребувал боледувањето. Значи, тоа е катастрофа вака, како процент, ако сме реални. Ова коешто беше констатирано од страна на фондот, се пропусти коишто ги вршеле лекарите. Во рамки на процесуирањето на барањата за боледување на, во конкретниот случај, полициските службеници“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој беше фатен со 50 илјади евра поткуп, е јасен доказ за неселективната борба против корупцијата. Тој нагласи дека осомничениот бил фатен на лице место со претходно обележани пари, во координирана акција со Јавното обвинителство.„Ова е еден од случаевите коишто ја потврдува неселективната борба на Министерството за внатрешни работи посебно против оние коишто го срамат својот народ од позиција на директор којшто му била дадено функција од страна на народот преку собрание, влада итн. Истиот е фатен во рамки на постапка како рекетира наводно, еве да го употребам и тој термин, заради тоа што нели немаме правосилна пресуда, но од позиција на министер за внатрешни работи слободно можам да кажам дека на лице место е фатен со одредена сума на пари коишто претходно беа соодветно обработени обележани итн. во соработка со јавното обвинителство при што ова не е прв предмет ваков тип имавме повеќе во изминатиот период и покажавме дека навистина кога обвинителството и министерството за внатрешни работи бирото за јавна безбедност одделот за организиран криминал заеднички функционираат координирано резултатите може да бидат навистина поразлични од она што биле претходно. Со ова упатуваме една многу силна порака а тоа е дека нема недофатливи, нема недопирливи секој којшто ќе се огреши особено на штета на македонските граѓани со рекетирање и корупција ќе одговара“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryidtc6b7co3or5FZOucP

Тошковски: Ќе следи целосна ревизија на законите за насилство врз жени и деца

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на новинарско прашање денес одговори дека изминатиот период во полициските билтени има голем број на пријави за семејно насилство поради тоа што жртвите се охрабриле да пријавуваат.„Во последните 30-ина години имаме зголемен број случаи коишто се поврзани со семејно насилство, согласно она коешто го добивам како информација во рамки на последните неколку недели, каде што интензивно сум посветен на оваа тема. Согласно информациите коишто ги добивам од Бирото за јавна безбедност, ако претходно сме имале еден до два случаи неделно, сега имаме по неколку случаеви дневно. Со тоа што само викендов имавме повеќе од 10 пријави за семејно насилство. Тоа говори дека жртвите се охрабрени да го пријават насилството. Тоа говори дека на еден начин имаме побудни институции, не само во делот на Бирото за јавна безбедност и секторите за внатрешни работи при Министерството за внатрешни работи, тука и во рамки на останатите институции.Таму каде што институциите направиле пропусти, треба да се изврши ревизија на институционалните чекори коишто се превземени, да се утврди конкретна одговорност со име и презиме на оние коишто потфрлиле во рамки на постапувањето. Од една страна, а од друга страна да се увидат системски подобрувања коишто ите како ќе треба да ги направиме во иднина, не само од аспект на промена на законска легислатива којашто констатиравме на оние состаноци кои ги имаме со Министерството за труд, невладините организации и луѓето коишто работат долги години и се професионалци во оваа област, во рамки на институциите, но и надвор од нив, констатиравме во суштина два две фази на чекори коишто ќе треба да следат. Први, итни измени, на законските прописи, таму каде што имаме детектирано директна колизија на законските одредби и неможност да ефективно се делува од страна на институциите. Пример беше ситуацијата со укинувањето на одлуките на основните судии од страна на апелационите судови заради тоа што жртвата не била заедно со сторителот соочени во рамки на една парнична постапка којашто се води по подигнување на итни мерки од страна на. Или институциите или од страна на самата жртва. Таквиот процес дополнително ја виктимизира жртвата а притоа апелација укинува одлуки заради тоа што жртвата не била на рочиштето заедно со насилникот. Ова е само еден пример на одредби коишто наместо да решаваат проблеми, тие мултиплицираат проблеми и заради тоа оценивме дека се потребни итни измени на делот законската легислатива на којшто интензивно се работи, од страна на групата којашто беше формирана и ќе се влезе во чекор на на измена во рамки на оваа прва фаза.Втора фаза, ќе следи со целосна ревизија на целокупната законска легислатива којашто се однесува на семејно насилство. Особено на насилство спрема жени и насилство спрема деца“, изјави Тошковски.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv88gsjhkbano9U2PixC

Тошковски отвараше конференциска сала во ПС Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска заедно со амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, ја отвори целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит Пазар, нагласувајќи дека инвестицијата во инфраструктурата и капацитетите на полицијата значи подобри услови за работа, обука и координација на службениците и поефикасна и попрофесионална полиција.„Овој проект е резултат на одличната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ – партнерство кое носи конкретни и видливи резултати.Со ова вложување обезбедуваме подобри услови за работа, обука и координација на полициските службеници. Кога инвестираме во инфраструктурата и капацитетите, директно инвестираме во поефикасна и попрофесионална полиција.Ќе продолжиме да градиме модерни и функционални услови, затоа што силните институции се темел на безбедно општество“, вели Тошковски.

Скопје | пред 1 седмица

media-library29vglpu7sbmk8jP63RK

Тошковски: Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’ е еден од клучните столбови во безбедносната структура на МВР

Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи – една од најреномираните и највисокопрофесионални полициски формации во државата.На настанот се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека во изминатите четири и пол децении САЕ „Тигар“ изградила репутација на врвна професионална единица, чија обученост, дисциплина и посветеност претставуваат гордост за Министерството за внатрешни работи и за целата држава.„Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’ претставува еден од клучните столбови во безбедносната структура на Министерството за внатрешни работи. Оваа високоспецијализирана единица мора во секој момент да биде целосно подготвена – технички, професионално и човечки – за да одговори на најсложените задачи и операции“, истакна министерот Тошковски.Тој нагласи дека САЕ „Тигар“ останува меѓу врвните приоритети на Министерството за внатрешни работи, при што ќе продолжат инвестициите во подобрување на условите за работа, модерна опрема и континуирана обука на припадниците на единицата.Министерот посочи дека припадниците на „Тигар“ се клучен дел од најсложените оперативни акции на МВР и се на првата линија во борбата против најтешките форми на криминал.Само во текот на 2025 година припадниците на единицата учествувале во 26 акции, обезбедувале повеќе десетици настани и реализирале 13 заеднички вежби со сродни полициски и армиски единици од земјата и странство, меѓу кои и со Зелените беретки од Армијата на Соединетите Американски Држави.Покрај тоа, тие редовно учествуваат на обуки и натпревари на кои постигнуваат врвни резултати, а во рамки на спасувачките мисии само во изминатата година спасиле пет повредени лица.Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека најголемата сила на единицата се нејзините припадници – нивниот професионализам, знаење, интегритет и пожртвуваност.„Успешните операции, богатото искуство и високите стандарди што ги постави ‘Тигар’ се обврска за сите нас тие стандарди не само да ги зачуваме, туку и постојано да ги унапредуваме“, нагласи Тошковски.Тој упати честитка до сите припадници на единицата по повод јубилејот, изразувајќи уверување дека САЕ „Тигар“ и во иднина ќе продолжи да биде симбол на професионалност, храброст и врвна подготвеност во служба на државата и граѓаните.Припадниците на САЕ „Тигар“ презентираа и видео-преглед на активностите на единицата во текот на 2025 година. По тој повод, во рамки на одбележувањето на 45 години од формирањето на единицата, беа доделени плакети, благодарници и награда за најдобриот припадник на Единицата за 2025 година. Исто така, плакети им беа врачени на припадници за 15 и 25 години служба во единицата, како и на соработници и пријатели на единицата.Во текот на денот делегации на министерот за внатрешни работи, директорот на бирото за јавна безбедност, семејства на загинатите припадници од Оддделот за специјални полициски операции и други делегации положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на САЕ „Тигар“, во чест на хероите кои ги дадоа своите животи извршувајќи ја најсветата дожност - да ја бранат татковината и безбедноста на граѓаните.

Македонија | пред 2 седмици

media-library4gu5fc3hh6hk6d6pQyR

Тошковски во увид на изградбата на новата полициска станица во Аеродром: Инвестираме во современи услови за работа на полицијата и поквалитетни услуги за граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изврши увид во градежните активности на новата полициска станица во општина Аеродром, која претставува еден од капиталните инфраструктурни проекти на Министерството за внатрешни работи.Изградбата на новиот објект е дел од поширокиот процес на унапредување на условите за работа на полициските службеници, но и на квалитетот на услугите што Министерството ги обезбедува за граѓаните. Во рамки на овој процес, во изминатиот период беше пуштена во употреба целосно реновирана полициска станица во Бутел, како и осум нови канцеларии за управни работи ширум државата. Меѓу нив се и новите канцеларии за граѓански работи на СВР Скопје во објектот на МТВ, кои овозможуваат побрзо, поефикасно и покомфорно остварување на услугите за лични документи и други административни потреби на граѓаните.Континуирано инвестираме во подобрување на условите за работа на полициските службеници и во модернизација на услугите што ги добиваат граѓаните. Новата полициска станица во Аеродром ќе биде современ објект кој ќе обезбеди подобра организација на работата, повисоко ниво на безбедност и поквалитетна услуга за граѓаните“, истакна министерот Тошковски при увидот.Според информациите од терен, градежните активности се одвиваат според планираната динамика, а објектот се очекува целосно да биде завршен до крајот на мај.Новата полициска станица е проектирана со главен влез за граѓаните од страната на булеварот, со цел полесен и попрактичен пристап, како и дополнителен влез на задната страна за службени потреби. Објектот располага со 36 паркинг места и целосно уредена атмосферска и фекална канализација, а гасоводните инсталации се заштитени според највисоки безбедносни стандарди.Фасадата на објектот е речиси целосно завршена, а предвидени се три главни влезови – за управните служби, за полициските служби и посебен притворски влез. Внатрешноста на објектот е опремена со современи простории за работа, вклучително и посебно опремени простории за работа со деца – жртви на насилство, изолирана оружарница, модерни сали за состаноци на секој кат, магацински простории, како и единаесет простории за задржување со специјални безбедносни врати и прозорци.Во објектот е предвидена и посебна просторија за препознавање, а инсталирано е и подно греење. Електричните инсталации и цевководите се веќе завршени, додека во тек е финалната фаза на поставување на подовите и системот за греење.

Македонија | пред 3 седмици

toskovski

СДСМ бара оставка од Тошковски: „Доста е од жртви и трагедии“

СДСМ побара итна оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оценувајќи дека институциите потфрлиле во повеќе случаи на насилство и трагедии во државата.Од партијата посочуваат дека последната трагедија во скопската населба Карпош, во која животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка, силно ја потресла јавноста.„Уште колку животи треба да згаснат за да има одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка? Јавноста е во тага, во шок, но и во огромен бес“, се наведува во реакцијата на СДСМ.Според партијата, во случајот со Ивана, која подолг период пријавувала семејно насилство, биле поднесени 12 пријави во период од две години, но, како што велат, институциите не реагирале навреме.СДСМ потсетува и на други случаи на насилство, меѓу кои убиствата во Велес, случајот во кумановско Старо Нагоричане, како и трагедијата во Кочани, оценувајќи дека сите тие, според нив, укажуваат на системски пропусти.„Сите овие трагедии имаат заедничка точка – систем што потфрла и МВР што не реагира навреме“, наведуваат од партијата.Од СДСМ обвинуваат дека наместо да преземе одговорност, министерот Тошковски се обидува да ја префрли вината, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.„Нема да молчиме. Доста е од жртви и трагедии. Одговорност мора да има. Оставка од Панче Тошковски – веднаш“, порачаа од СДСМ.

Македонија | пред 3 седмици

toskovski

Жените од СДСМ излегуваат на протест од каде ќе бараат оставка на Тошковски по трагедијата во Карпош

Форумот на жени на СДСМ најави протестен марш поради, како што наведуваат, серија трагедии и институционални пропусти во справувањето со семејното насилство. Претседателката на Форумот, Каја Шукова, порача дека јавноста е во тага, шок и гнев по последниот трагичен настан во скопски Карпош, каде што животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка.Според Шукова, во случајот со младата Ивана имало 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство во период од две години, но институциите не успеале навреме да реагираат.„Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка?“, прашува Шукова.Таа посочи и на други случаи, како убиството во Велес во кое животот го загубија младата Росица и нејзиниот татко, како и случајот во Старо Нагоричане, каде што, според неа, пријавите на жителите за насилство биле игнорирани со години. Шукова се осврна и на трагедијата во Кочани во која загинаа 64 лица, оценувајќи дека институциите не презеле одговорност.„Сè е пропаганда, никаде нема одговорност. Пропагандата нема да ги врати загубените човечки животи“, изјави Шукова.Таа најави дека Форумот на жени на СДСМ утре, на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ќе организира протестен марш во Богданци со почеток во 12 часот, а истовремено изрази поддршка и за граѓанскиот марш во Скопје.„Од Скопје до Богданци, цела Македонија, сите во еден глас – за сите обесправени, понижени жени и за сите жртви изневерени од системот. Да се крене гласот и да се каже – доста е“, порача Шукова.

Македонија | пред 3 седмици

media-library580kkic4ijob0pfiFEY

Тошковски: Борбата против криминалот и корупцијата се води без селективност – институциите постапуваат врз основа на докази и закон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во емисијата „Вечерно шоу со Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија се осврна на повеќе актуелни безбедносни прашања, при што ја нагласи решителноста на институциите во борбата против криминалот и корупцијата, како и потребата од доследно почитување на владеењето на правото.Тошковски истакна дека Министерството за внатрешни работи во континуитет работи на зајакнување на институционалните капацитети и на унапредување на механизмите за откривање и спречување на криминалот, при што секој случај се процесуира врз основа на докази и во координација со надлежните обвинителства и другите институции.„Нашата цел е институциите да функционираат професионално, транспарентно и без селективност. Борбата против криминалот и корупцијата не смее да зависи од ничии лични или политички интереси, туку исклучиво од фактите и доказите. Законот мора да важи подеднакво за сите“, истакна Тошковски.Министерот потенцираше дека довербата на граѓаните во институциите се гради преку конкретни резултати, доследно постапување и јасна порака дека никој не е над законот.„Кога институциите функционираат професионално и одговорно, граѓаните ја препознаваат таа посветеност. Нашата задача е да покажеме дека системот работи, дека секој случај се истражува темелно и дека никој не е недопирлив кога станува збор за кршење на законот. Само така може да се врати довербата во институциите“, посочи министерот.Тошковски додаде дека борбата против организираниот криминал, корупцијата и економскиот криминал е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни работи, при што се преземаат интензивни активности за откривање на криминалните мрежи и процесуирање на сите инволвирани лица.Работиме системски, преку координација со обвинителствата, финансиските институции и другите надлежни органи. Оваа борба бара истрајност, професионалност и силна институционална соработка, бидејќи станува збор за комплексни случаи кои често имаат и меѓународна димензија“, нагласи министерот.Осврнувајќи се на случајот со заплената на дрога во Србија, Тошковски нагласи дека надлежните институции активно работат на утврдување на сите околности поврзани со случајот, во тесна соработка со партнерските служби од регионот и Европа.Транснационалниот криминал бара силна меѓународна соработка. Размената на информации и координацијата со партнерските институции од регионот и Европа се клучни за успешно разбивање на криминалните мрежи и за утврдување на целосната вистина за ваквите случаи. Нашата обврска е да ја утврдиме целата фактографија и да постапиме во согласност со законот“, изјави Тошковски.Министерот посочи дека Министерството за внатрешни работи продолжува со активности насочени кон модернизација на полициските служби, подобрување на оперативните капацитети и унапредување на истражните механизми, со цел поефикасно справување со сите форми на криминал.Современиот криминал се менува и станува сè пософистициран, поради што институциите мора постојано да ги унапредуваат своите капацитети, технологијата и методологијата на работа. Само со силни, професионални и модерни институции можеме ефикасно да се спротивставиме на овие појави“, истакна Тошковски.Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи останува посветено на создавање безбедно општество во кое владее правото, а институциите работат исклучиво во интерес на граѓаните.Нашата обврска е да обезбедиме систем кој функционира ефикасно и праведно. Граѓаните треба да знаат дека институциите постапуваат, дека секој случај се разгледува внимателно и дека борбата против криминалот се води доследно, професионално и без компромиси. Само со таков пристап можеме да изградиме општество во кое правдата е еднаква за сите“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 3 седмици

toskovski

„Бараме начин како системот 24/7 да функционира од страна на МВР и сите инволвирани институции“, Тошковски за справувањето со семејното насилство

Ова е еден проблем кој ја тишти македонската држава, кој Македонија како проблем го има долги години и за кој ќе мора да се зборува гласно и ќе мора да се даде внимание од секој македонски граѓанин и особено од страна на институциите, се со цел да можеме да имаме подобар одговор, да ги искористиме капацитетите и да не ни се случуваат вакви несакани настани.Ова го истакна денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прсконфренцијата пред тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“.Се надевам ќе донесеме заклучоци кои ќе бидат имплементирани со кои максимално брзо и праведно ќе се постапи во секој еден конкретен случај, при тоа жртвата да биде навремено изолирана од страна на насилникот. Прво прашање ќе биде како максимално брзо биде насилникот да биде тргнат настрана, особено децата, се со цел да немаме дополнителни несакани ефекти - нагласи Тошковски.На новинарско прашање за најновиот случај на семејно насилство, министерот посочи дека се уште не е запознаен со сите детали, туку само дека насилникот е задржан, и притоа укажа дека тоа не е единствениот случај, туку е уапсено уште едно лице за семејно насилство, кое исто така е задржано во полициска станица.Дали растот на насилствата е поврзано со ова што се случи, дали поради тоа што се дава акцент на овие вести во периодот, но брзите реакции ќе дадат ефект - нагласи Тошковски.На прашањето колку пријави имала поднесена Ивана, жртвата која пред неколку дена заедно со својата ќерка сокна од балкон во Скопје, министерот не даде јасен одговор, туку само дека има повеќе пријави.Имало повеќе пријави, но за жал, секој пат кога ќе дадела пријава, ја повлелкувала. Тоа е најголемиот проблем кој го имаме. Жртивите се под притисок на насилникот, не ја обвинуваме што ја повлекла, но затоа сакаме да најдеме поефикасен институционален одговор за постапување. Тука сме за да најдеме начин како системот 24/7 да фунционира, и за кратко да одговори, и тоа не само од страна на МВР, туку и од сите инволвирани институции, како од социјалните служби, така и од аспект на кривичен суд, граѓански суд, па се до граѓански организации за поддршката која треба да им биде дадена. Па дури и од аспект на обичен граѓанин, кој може да даде инфорамции за насилство, особено за жртви на семејство - нагласи Тошковски.Потоа нагласи дека секој полицаец дека би дал максимално од себе да може да спречи насилство врз деца и врз жени.

Македонија | пред 3 седмици

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче: Што треба уште да се случи за Панче Тошковски да си поднесе оставка?

Што уште треба да се случи за Тошковски да поднесе оставка?, праша претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телевизија 21 во емисијата „Клик Плус“, посочувајќи низа скандали и безбедносни пропусти кои се случуваат, со човечки жртви, без никаква политичка одговорност.Филипче истакна дека во нормални демократии, по серија безбедносни пропусти и трагедии, одговорните функционери поднесуваат оставка, но во Македонија тоа не се случува.После пожарот во Кочани во којшто се обидуваа да ги сокријат полициските функционери, после сериски убијци коишто се шетаат слободно низ државата, после убиството, трагичното самоубиство, што се случуваат на секое ниво, после шверц на дрога пет тони преку граница никаква одговорност ниту од министерот за внатрешни работи ниту премиерот. За какви луѓе станува збор, за луѓе коишто што им се смееја во лице. Вратете ја снимката за време на анкетната комисија за Кочани, им се смееја во лице на родителите додека збореа додека плачеа и бараа помош. Е со такви луѓе имаме ние работа.“ рече Филипче.Тој потенцираше дека во јавноста се отвораат сериозни прашања за безбедносниот систем и за улогата на МВР во повеќе случаи.Како ќе се објасни шверцот на дрога преку граница? Не може да се пренесе дрога без знаење на државата. Каде биле службите, каде биле царинските служби, каде било Министерството за внатрешни работи? Се прошетала дрогата низ источна Македонија и се пренела во Србија“, истакна Филипче.Ваквите случаи укажуваат на сериозни слабости и нефункционалност на институциите кои требa да ја гарантираат безбедноста на граѓаните.Претседателот на СДСМ оцени дека наместо да понесат одговорност за серијата безбедносни пропусти, власта води кампања на дефокус со клевети и напади.Сè што прави ВМРО-ДПМНЕ е лажна кампања, клевети и обиди за дискредитација – приказни за згради во Дубаи, измислици и лични напади. Тоа е само обид за дефокус од главните прашања на кои немаат одговор“, истакна Филипче.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym4im80oeu3pid1hk8hk

Треба да им се провери деловната и медицинска состојба, вели Мицкоски за СДСМ откако бараа оставка од Тошковски

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики кон СДСМ, оценувајќи дека опозицијата секојдневно бара оставки и изнесува, како што рече, „лажни конструкции“.„Не би ја коментирал опозицијата, бидејќи тие бараат оставка секој ден од секого. Министерот Панче Тошковски на прес-конференција направи јасна гантограмска ретроспектива на тоа што се случувало и како се случувало“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека не сака дополнително да ја коментира, како што ја нарече, „безидејната и мекотелна опозиција“.Според премиерот, СДСМ претставува „најголема опасност за македонскиот идентитет и македонската држава“ и ги повика граѓаните со резерва да ги примаат соопштенијата што доаѓаат од седиштето на партијата на Бихаќка.„Ги замолувам граѓаните со резерва да ги прифаќаат сите оние конструкции што доаѓаат од Бихаќка, бидејќи имаат само една цел – да го разнебитат македонското ткиво и да нанесат удар врз македонскиот идентитет“, рече Мицкоски.Премиерот исто така обвини дека раководството на СДСМ во минатото било поврзувано со, како што рече, „криминални и неморални скандали“, како и со случаи поврзани со консумирање наркотични средства.„Од таков тип луѓе мислам дека треба да се провери и нивната деловна и медицинска способност дали се подготвени да ја вршат работата што ја вршат“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryu9qhh7i8erkr3rFyKcB

Тошковски – Хани: Зајакнување на антикорупциските механизми и унапредување на регионалната соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорот на Секретаријатот на Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), Алберт Хани, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во насока на зајакнување на институционалните капацитети за спречување на корупцијата.Во фокусот на разговорите беа обуките за изработка на Национална проценка на ризик од корупција и антикорупциската проверка на законодавството во областа на внатрешните работи, при што беше истакната активната улога на Македонија како потписничка на Меѓународниот договор за размена на податоци за проверка на изјавите за имотна состојба. На средбата беше нагласено дека нашата држава претставува водечки пример и референтна точка за земјите кои сè уште не пристапиле кон овој механизам.Министерот Тошковски ја потенцираше важноста од системски пристап во детектирањето и намалувањето на ризиците од корупција во безбедносниот сектор, како и значењето на регионалната соработка и размената на искуства.Борбата против корупцијата е еден од нашите врвни приоритети. Преку зајакнување на интегритетот на институциите, унапредување на законодавната рамка и користење на современи механизми за проценка на ризици, создаваме систем во кој корупцијата станува сè потешка, поскапа и неисплатлива. Поддршката и експертизата на РАИ во овој процес имаат значајна улога, а Министерството за внатрешни работи останува силно посветено на развој на ефикасни и одржливи антикорупциски политики“, истакна министерот Тошковски.На средбата беа разгледани и конкретни можности за идна соработка преку заеднички активности, обуки и проекти насочени кон јакнење на превентивните и репресивните механизми во справувањето со корупцијата.

Македонија | пред 4 седмици

media-library6ut0bt9ff6789DkwvlH

Тошковски: Едукацијата на најмладите претставува еден од најважните сегменти во градењето сообраќајна култура

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава што се одржа во Дом на култура „Билјана Белочанец“ во општина Кисела Вода, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Театар Провокација, како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.Претставата, наменета за учениците од основното училиште од општината, им овозможи на децата преку интерактивен и едукативен пристап да се запознаат со основните правила за безбедно однесување во сообраќајот, безбедниот пат од и до училиште, како и со значењето на внимателноста и одговорноста во улога на пешаци и велосипедисти.Министерот Тошковски потенцираше дека едукацијата на најмладите претставува еден од најважните сегменти во градењето сообраќајна култура и во заштитата на човечките животи.„Безбедноста на децата е наш врвен приоритет. Преку вакви активности, кои на децата им се блиски и разбирливи, создаваме генерации што ќе ги почитуваат сообраќајните правила и ќе придонесуваат за побезбедни патишта. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи активно да ги поддржува и да учествува во сите проекти насочени кон подигнување на свеста за сообраќајната безбедност“, истакна министерот Тошковски.Министерството за внатрешни работи и во иднина ќе продолжи со активности и кампањи насочени кон едукација на децата и младите како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, со цел создавање побезбедна сообраќајна средина за сите граѓани.

Македонија | пред 1 месец

media-librarytn8237fpujbp4OcV9Jp

(Видео) Германија донира 600.000 евра опрема за МВР: Моторни возила, термовизиски камери, софтвери, специјални возила за воздухопловната единица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Сојузна Република Германија, на која присуствуваше и амбасадорот на Германија во Република Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на СР Германија.Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана во претходниот период, опфаќа моторни возила, термовизиски камери, компјутерска опрема и софтвери, специјализирани уреди за проверка на документи, како и специјални возила за воздухопловната единица. Оваа опрема е наменета за унапредување на капацитетите на Министерството во делот на граничното управување, борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, криминалистичко-разузнавачката анализа и форензичките испитувања.Министерот Тошковски истакна дека донацијата претставува симбол на довербата и силното партнерство меѓу двете земји.„Оваа церемонија не е само формално примопредавање на опрема, туку јасна порака дека Германија стои рамо до рамо со Македонија во заедничката борба против организираниот криминал, во заштитата на нашите граници и во обезбедувањето на сигурноста на граѓаните. Поддршката што ја добиваме не се мери само во материјални средства, туку и во знаење, обуки и размена на искуства, што значи долгорочно зајакнување на капацитетите и професионализација на македонската полиција“, нагласи Тошковски.Тој изрази благодарност до Сојузната полиција на СР Германија и до Амбасадата на Германија во Скопје за континуираната поддршка, посочувајќи дека шесте реализирани обуки за македонските полициски службеници се доказ за стратешката и долгорочна соработка меѓу двете институции.Министерот потенцираше дека ваквата помош претставува значаен придонес во зајакнувањето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедноста, како и во остварувањето на заедничката визија за сигурна, стабилна и европска Македонија.„Со обезбедувањето на техничка опрема ја продолжуваме нашата долгогодишна доверлива полициска соработка. Зајакнувањето на капацитетите на Северна Македонија во делот на граничниот надзор, во борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и прекуграничниот криминал е во наш заеднички европски интерес. Заедно работиме на јакнење на Европа – денес и во иднина.“, истакна амбасадорката Дрекслер.

Македонија | пред 1 месец

236599609_2971828763130776_5941306926266456322_n

Тошковски најави имплементација на паметен зелен бран на скопските булевари

„Нема човек кој управува моторно возило во Скопје и кој што не ги гледа придобивките од системот Безбеден град. Го нема веќе дивеењето по улиците, ги нема ненормалните брзини, и тоа се гледа. Ја нема таа нетрпеливост. Бројките на сообраќајните незгоди се намалуваат, бројките на повредени лица се намалуваат, целта која сакавме да ја постигнеме и тоа како има одѕив од јавноста“, истакна меѓу другото министерот за внатрешмни работи Панче Тошковски во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.Министерот Тошковски посочи дека сите што живееме во Македонија, особено граѓаните во рамки на Скопје, Куманово и Тетово докажавме дека можеме поинаку и дека можеме навистина да ја реализираме онаа европска вредност со европски проект во Македонија.„Во тест периодот почнавме со констатирана бројка на прекршоци од над 100.000, имаше и деновиви кога бројката беше над 120.000. Денес имаме бројка на прекршоци која се движи околу 500, 600, 700 некој ден 800, но тоа е далеку драстично помала бројка на прекршоци од претходно. Овие прекршоци кои ги констатираме се недозволена брзина, минување на црвено светло и управување на моторно возило кое не е регистрирано. Тие прекршоци ги констатира моментално системот. Во иднина ќе констатираме и погрешно запирање и паркирање и тоа ќе биде констатирано како прекршок од страна на овие паметни камери“, појасни министерот, дополнувајќи дека не беше целта да се полни буџетот на државата туку да се спаси еден човечки живот повеќе.„Овој проект сум сигурен дека не само што ќе го среди хаосот туку ќе ни даде надеж дека навистина Македонија со напорна работа, посветеност, заеднички сите граѓани можеме да ја направиме да е многу поубаво место за живеење. Во рамките на Скопје е во фаза на имплементација паметен зелен бран, кој со неговата целосна имплементарција, проточноста на сообраќајот треба да се зголеми, односно да имаме околу 30% побрза проточност на возила, кога овој паметен зелен систем ќе биде имплементиран. Станува збор за систем со кој ќе бидат опфатени сите булевари во рамки на градот Скопје, со што и тоа како ќе се подобри проточноста на возилата. Интензивно се работи на имплементирање на ова решение“, дециден беше министерот Тошковски, дополнувајќи дека истражувањата за тајмерите на семафорите и искуствата покажале дека тие се повеќе штетни отколку корисни.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryd524afomg5hgerUWlm1

Тошковски: Истрагата за запленетите 40 тони канабис резултира со кривична пријава за 10 лица

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во телевизиско гостување објави дека Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција против 10 лица, за кои постојат основани сомненија дека се поврзани со нелегално производство и пуштање во промет наркотична дрога по член 215 од Кривичниот законик.Двајца од осомничените веќе се во 48-часовен притвор, а истрагата што ја води МВР во координација со Обвинителството е поврзана и со дрогата пронајдена во соседна Србија, за која постојат индиции дека потекнува од производствени капацитети за т.н. медицински канабис во државава.Министерот Тошковски во гостување во емисијата „Клик Плус“ истакна дека кривичната пријава е резултат на обемна истрага и преземени активности во изминатиот период.„Во оваа фаза од истрагата е поднесена кривична пријава за 10 лица за кои имаме основано сомнение дека се директно или индиректно поврзани со нелегално производство и пуштање во промет на произведената дрога“, посочи министерот Тошковски.Во рамки на контролите спроведени во производствени капацитети низ државата, одземени се околу 40 тони марихуана, за која надлежна комисија констатирала дека не била третирана согласно законските прописи.„Индициите што ги имавме за нелегално производство, третман и чување се покажаа како точни и затекнатата дрога, за која е утврдено дека не е третирана согласно закон, е одземена“, нагласи Тошковски.Тој потенцираше дека контролите покажале оти дел од компаниите работеле целосно законски и професионално, но кај дел се утврдени сериозни незаконитости, поради што марихуаната е одземена.„Се поставува прашањето каде ќе завршеле тие 40 тони дрога доколку не ги одземевме“, истакна министерот.Во однос на случајот со заплената во Србија, Тошковски нагласи дека постојат докази кои упатуваат дека дрогата влегла од Македонија и дека истрагата се води во тесна соработка со српските надлежни органи. Притоа, тој посочи дека суштинското прашање е и како таквата количина наркотична дрога влегла на територијата на Србија, имајќи го предвид начинот на функционирање на заедничките гранични контроли. „Согласно Договорот кој го имаме за One stop системот е така имплементиран да секоја гранична полиција на МВР, во рамки на граничната контрола го штити влезот во Македонија, односно излезот на Србија и влезот во Македонија. Македонските полициски службеници се на овој граничен премин и тука го контролираат влезот во Македонија. На влезот во Србија го контролираат српските полициски службеници. Значи не е прашањето како излегло од Македонија, туку како влегло во Србија. Тоа е во делот на министерството за внатрешни работи. Во делот на надлежностите на останатите институции ќе видиме, ќе покаже истрагата.“, потенцираше Тошковски.Паралелно, Владата го задолжи Министерството за здравство и надлежната комисија, во соработка со МВР и другите институции, да извршат контроли во сите лиценцирани производствени капацитети, со цел целосно утврдување на фактичката состојба и санкционирање на сите незаконитости.„Мора најбрзо што може да ја утврдиме фактичката состојба и да ја запреме хаотичната состојба што ја наследивме“, подвлече министерот Тошковски.Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со засилени контроли и активности за расчистување на сите случаи поврзани со незаконско производство и трговија со дрога.

Македонија | пред 1 месец

media-library5ncm6naof00g3fDwkHL

МВР доби донација од САД: Најсовремена опрема за единицата за експлозиви

Во рамки на денешните активности во кругот на Министерството за внатрешни работи, министерот Панче Тошковски присуствувше на предавањето на донација од Амбасадата на САД – најсовремена опрема за Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства.„Оваа донација, вредна околу еден милион евра е уште една потврда за силното стратешко партнерство и пријателството меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Со оваа високософистицирана опрема која се состои од роботи, бомбашки одела, телескопски манипулативни раце, детектори и рендген уреди за откривање експлозивни средства, фибер-оптички камери, како и специјализирано возило за транспорт, директно вложуваме во заштита на човечки животи и во безбедноста на нашите полициски службеници кои се справуваат со најсложени задачи.Упатувам искрена благодарност до Амбасадата на САД за континуираната поддршка, обуките и довербата што ја даваат на македонската полиција. Продолжуваме заедно да ги јакнеме капацитетите на МВР и да градиме посигурна и побезбедна држава“, вели Тошковски.

Македонија | пред 1 месец

media-library5pfav4p6tl7rbXZMYqn

Тошковски: Одделот за заштита на личности и објекти е столб на институционалната безбедност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на одбележувањето на 18 февруари – Денот на формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти, организациска единица со долгогодишен континуитет и значајна улога во системот на националната безбедност.Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека припадниците на Одделот со децении демонстрираат професионалност, дисциплина и висока подготвеност во извршувањето на задачите, често во сложени и чувствителни околности, при што нивната работа, иако најчесто надвор од вниманието на јавноста, е од суштинско значење за непречено функционирање на институциите и одржување на стабилноста и безбедноста.„Во текот на 2025 година реализирани се обезбедувања на 61 делегација и 153 меѓународни и домашни настани, оценети со највисоки оценки од нашите меѓународни партнери. Тоа е потврда дека македонската полиција стои рамо до рамо со најдобрите и работи согласно највисоките професионални стандарди“, потенцираше министерот Тошковски.Тој нагласи дека во услови на променлива и комплексна безбедносна средина, приоритет на раководството останува континуираното унапредување на условите за работа, вложувањето во обуки, модернизацијата на опремата и јакнењето на институционалната поддршка.Министерот Тошковски упати благодарност до сегашните и поранешните припадници на Одделот за нивната одговорност и професионален пристап, истакнувајќи дека нивната работа претставува значаен дел од вкупниот капацитет на Министерството за внатрешни работи и директно придонесува за зголемување на довербата во институциите.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryf1fesf9aaf81cuZHfaq

(Видео) Владата ќе формира тим за истрага по заплената на 40 тони марихуана

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени 40 тони запленета марихуана и најавија детална истрага за случајот.„Денес, заедно со претседателот на владата, со директорот на Бирото за јавна безбедност и остатокот од тимот од МВР, имаме прилика да ги видиме овие 40 тони марихуана запленети во првата фаза од истрагата. Марихуаната е произведувана, складирана и чувана надвор од оние утврдени протоколи, значи незаконски е истата третирана од страна на фирмите од каде што беше одземена“, рече Тошковски.Тој кажа дека марихуаната привремено е складирана во простории на МВР со цел да се користи во доказната постапка. Тошковски кажа дека истрагата продолжува.Мицкоски кажа дека акцијата за заплена има за цел да покаже дека никој не е над законот.„Ова нешто зад мене е дел од 40 тони марихуана, нешто што претставува резултат на погрешна политика што не сакаме да ја повториме. Очекувам дека денес на владина седница ќе биде донесена одлука да се формира комисија и тим кој ќе ја испита работатата на неколку правни лица и ќе утврди кој работи во согласност со законот, а кои се оние што не работат според законот. Сè што се случи во изминатите неколку дена има за цел да покаже дека нема компромис со неправдата и беззаконието и дека никој не е над законот и дека МВР со сиот капацитет ќе се справи со предизвиците кои ги има“, рече Мицкоски.Тој испрати порака дека криминалот не се исплати и дека сите криминалци ќе бидат фатени и жестоко казнети.„Сакам да испратам порака до сите кои одлучиле дека криминалот е исплатлива работа, можеби така било во друго време, но денеска криминалот не се исплати, ќе бидете пронајдени и ке бидете жестоко казнети“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypt3u0494ua4s7mVhAfK

Тошковски: Околу 3.000 возачи го загрозуваат својот живот и на 2 милиони луѓе во државата

Министерот за внатрешни работи во синоќешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа Тв на прашањето дали продолжува трендот на намален број на сообраќајни прекршоци откако е воведен системот Безбеден град, упати честитки до македонските граѓани бидејќи како што посочи, се што се сака и се може.„Македонските граѓани докажаа дека од 120.000 прекршоци кои беа детектирани од страна на овие паметни камери кога започна да функционира Безбеден град во рамки на тест периодот, успеавме таа бројка да ја намалиме на нешто помалку од 500 прекршоци на првиот ден од воведувањето на системот. И во текот на 02.02.2026 фактичката состојба е иста, односно во 08.00 часот имавме 508 прекршоци на ниво на цела држава односно Скопје, Куманово, Тетово, и долж коридорите 8 и 10, од кои што 454 се за недозволена брзина, 42 за црвено светло, 12 за нерегистирани возила. Значи од прилика ја имаме истата бројка на и првиот ден од воведувањето и сметам дека и вкупната бројка во рамки на еден 24 часовен ден ќе се движи тука некаде од прилика, така што им честитам на совесните македонски граѓани кои навистина решија да го почитуваат законот и решија да покажат дека европски вредности може да имаме и во Македонија, а не само кога ќе одиме во Европската унија затоа што скоро и да нема земја во Европската унија која нема имплементирано еден ваков систем. Би сакал да напоменам дека со овој систем започнавме одлично, со надеж дека оваа година ќе ги намалиме бројките на сообраќајни незгоди, бројките на повредени лица во сообраќајни незгоди и бројките на загина лица во рамки на сообраќајни незгоди, а тоа беше и клучната круцијална цел зошто се решивме да имплементираме еден паметен систем кој е имплементиран во скоро секоја земја во ЕУ. Ако целта ни е да се стремиме кон земјите членки од ЕУ редно е тоа да го направиме и со дела и со проекти особено проекти кои што спасуваат човечки животи, а Безбеден град е еден таков проект“, дециден беше министерот за внатрешни работи Тошковски, искажувајќи огромна благодарност до сите македонски граѓани кои што како учесници во сообраќајот покажаа дека умеат, сакаат и можат европска вредно да прикажат во пракса во Македонија.„Овој систем можеле да го применат и претходно, од 2008/09 година е почнато со него имплементирање и се користел повеќе од 15 години за една од намените кои што ги нуди овој систем а тоа е да се користи во рамки на криминалистичко оперативните обработки кои што се спроведуваат од страна на МВР при секојдневни операции кои што и тоа како значително го подобруваат откривачкиот капацитет на МВР. Но, од старт верував дека македонските граѓани се мудри, сите што живееме на ова тло сме мудар народ кои знае да препознае вистинска вредност и знае да покаже со дела дека може поинаку од претходно, само тоа требаше да го направиме во рамки на системски проекти поддржан од страна на Владата, пратениците во македонското Собрание, поддржан од страна на огромниот број на совесни учесници во сообраќајот. Ние покажавме дека всушност треба да санкционираме на ден околу 500 прекршители на законот во споредба со претходно и навистина мораме да го разграничиме фактот дека се бориме против мал број на несовесни учесници во сообраќајот. Во Македонија во последните четири години имаме вкупен број на изречени забрани спрема сторители кои што преку МВР се евидентирани и доставени до конкретните сторители, а кои што притоа сториле еден прекршок за да биде изречена забрана за управување со моторно возило со правосилна судска пресуда 55.405 граѓани. Бројот на граѓани кои сторите два прекршока е 7.987. Бројот на граѓани кои имаат правосилна пресуда за забрана за управување на моторно возило е 1.863. Со четири забрани се 677 граѓани, а со пет забрани 291 сторител на прекршоци и двајца со по 40 забрани и сега со овој паметен систем нема да возат така едноставно. Оваа бројка на луѓе околу 3.000 возачи го загрозуваат својот живот и на 2 милиони луѓе во државата“, истакна Тошковски.Министерот појасни дека претходно на територија на СВР Скопје имало 424 повредни лица во рамки на сообраќајни незгодни, а во последните два месеци имаме 288 лица.„За 32% имаме намалување на бројот на повредни лица на територија на СВР Скопје. Од аспект на загинати лица претходно имаме 11 смртни случаи, а последните два месеци имаме четири, односно 64% помалку. Самата бројка од 120.000 на прекршоци на 500 прекршоци навистина е неспоредлива и тоа како заслужува да бидеме горди како граѓани сите затоа што резултатите првични од овие два дена навистина наговестуваат дена со овој проект имаме надеж која е видлива и безбедноста ќе ја поткренеме на повисоко ниво“, заклучи министерот за внатрешни работи.Во однос на борбата против корупцијата и економскиот криминал, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека Министерството постапува неселективно и дека резултатите се мерлив доказ за засилената институционална акција.Тој посочи дека довербата кај граѓаните се враќа токму преку конкретни бројки и споредливи резултати.„Ако ги споредиме податоците, ќе видиме јасен тренд на зголемена ефикасност. Во 2023 година МВР процесуирало 126 кривични дела поврзани со корупција и економски криминал, во 2024 година таа бројка изнесува 206, а во 2025 година 290 кривични дела, што претставува зголемување од околу 130%. Тоа значи дека борбата не е декларативна, туку реална и мерлива“, истакна министерот Тошковски.Во однос на сторителите, министерот посочи дека во 2023 година биле опфатени 185 лица, во 2024 година 363, а во 2025 година 678 сторители во случаи поврзани со корупција.Особено значајна, според него, е разликата во утврдената штета кон буџетот: во 2023 година таа изнесувала околу 5,7 милиони евра, во 2024 година 24 милиони евра, додека во 2025 година достигнала 380 милиони евра.„Овие бројки покажуваат дека нема заштитени и нема недопирливи. Институциите работат посветено, без разлика за кого станува збор. Законот мора да важи еднакво за сите, а украденото мора да се врати кај граѓаните“, нагласи Тошковски.Министерот додаде дека 2025 година е историски најуспешна за МВР во изминатите 20 години и во делот на вкупниот криминалитет и во делот на расветлување на кривичните дела, при што стапката на расветленост достигнува 67,2%, што е подобрување од околу 10% во однос на претходните години.

Македонија | пред 1 месец

media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Двајца возачи се рекордери, имаат 40 забрани за возење, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа рече дека до 20.00 часот бројот на казни од „Безбеден град“ во понеденик како работен ден е ист како во неделата.- Денес можам да кажам дека фактичката сосотојба е иста  Имаме 508 прекршооци на ниво на Скопје, Куманово, Тетово и коридорите. Од тие 454 се за брзо возење, 42 се за црвено светло, 12 се нерегистрирани, рече министерот.Тој изрази задоволство од, според него, малите бројки на казни и очекува дека бројката ќе остане горе-доле иста за целиот 24-часовен период.Според статистиката на МВР за последните четири години, најголемиот дел од прекршителите, односно 55.435 граѓани, имаат по една изречена забрана. Сепак, бројките на повратниците во прекршоците се алармантни. Вкупно 7.987 лица се соочиле со втора забрана, додека 1.863 возачи имаат по три правосилни пресуди за забрана за управување возило.Посебен акцент министерот стави на „рекордерите“ во негативна смисла, посочувајќи дека постојат лица кои десетици пати го изигрувале законот.„Имаме 687 лица со четири забрани, 291 со пет забрани, а имаме и рекордери – двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, истакна Тошковски.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања