Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТОШКОВСКИ

IMG_5159

Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја

Денеска (24.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари протоколарна работна средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја.На средбата министерот Тошковски се заблагодари за поддршката што Јапонија ја дава на нашата земја, посебно во сферата на образованието.Министерот ги истакна моменталните предизвици со кои се справуваме посебно со големите пожари кои ја зафатија нашата држава и ги образложи плановите за реформи кои се планираат во системот за менаџирање на кризи. Во таа насока беше потенцирана заложбата за потпишување на Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи во областа на безбедноста со цел реализација на стратешките приоритети на Владата за одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција.Амбасадорот Казуја ја потенцираше поддршката што Јапонија ја дава на нашата земја преку „Гранд помош на мали проекти за човекова безбедност“ што јапонската држава ги обезбедува во разни области за унапредување на земјите во развој. Амбасадорот истакна дека Јапонија ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во исполнување на критериумите и забрзување на евроинтеграциите и нашиот пат кон ЕУ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Тошковски: Упатувам порака до СДСМ да престане со лаги и манипулации

,,Во однос на обвинувањата изнесени од Богданка Кузеска од СДСМ, сакам јавно да ги демантирам и да ја информирам јавноста дека уште на 04.07.2024г. во законски утврдениот рок, до Државната комисија за спречување на корупцијата доставив изјава за имотна состојба. Сите податоци за мојот имот се јавно достапни на следниот линк: https://registar.dksk.mk/appointed-person/22221.Одговорно тврдам дека надвор од она што е наведено во изјавата за имотната состојба не поседувам ништо друго. Ги повикувам институциите детално да го проверат мојот имот, но и имотот на секој актуелен и поранешен функционер, особено на оние кои целиот свој живот се на товар на државниот буџет.Упатувам порака до СДСМ да престане со лаги и манипулации. Транспарентноста и одговорноста се клучни за градење на доверба меѓу институциите и граѓаните. Време е вистината да излезе на виделина.“, напиша Панче Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5143

Министерот Тошковски: Управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги за сите потреби на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (23.07.2024) беше во посета на Одделот за граѓански работи каде одржа работен состанок со помошникот министер за граѓански работи Јован Алтанџиев. Генерално уште еднаш беше констатиран хаосот и негрижата на претходното раководство, како во однос на граѓаните така и во однос на вработените. Министерот Тошковски со преземањето на функцијата уште од првиот ден потенцираше дека управните служби мора да бидат лицето на МВР и државата воопшто.„Работењето во управните служби мора да стане престиж, а не казна. Да се биде чест да се работи во служба на граѓаните и брзо и ефикасно задоволување на нивните потреби со брзи и квалитетни услуги“, потенцираше министерот Тошковски.Тошковски истакна дека во иднина интензивно ќе се работи на подобрување на условите за работа во управните служби, подобрување на работните услови во секоја канцеларија и на секој шалтер во државата, како и зголемување на платата за оваа категорија вработени. Тошковски истакна дека состојбата со издавање лични документи се стабилизира и се очекува издавањето за еден месец да се врати во законските рокови.„Ќе ги зголемиме капацитетите во делот на обработка на барањата за пасоши поднесени во ДКП, со цел македонската дијаспора што побрзо да добие патна исправа. Обезбедуваме нови количини на обрасци за лични документи кои ќе ги задоволат потребите за наредниот период. Термин за итна постапка се добива за еден ден, а за редовна постапка за најмногу 10 дена. Повеќе нема интерес за закажување на термини во пунктот Идризово и истиот ќе се затвори откако ја исполни својата цел со прием на околу 25.000 барања.“, нагласи министерот Тошковски.Министерот Тошковски најави ревизија и контрола на работењето на комисиите надлежни за издавање одобренија за набавка на оружје.„Од една страна, оружје не смеат да поседуваат лица кои не ги исполнуваат законските услови. Од друга страна, констатирано е дека само од 2020 година наваму, 5.800 барања не се решени. Во најбрз рок, после ревизијата на работењето, ќе изнајдеме решение и методологија за постапување по истите. Простор за корупција повеќе нема да има! Дополнително, особен фокус ќе биде ставен на Законот за оружје и Законот за промет на експлозивни материи за цивилна употреба во насока на усогласување со европската регулатива“, истакна министерот Тошковски.Во делот на сообраќајот и возилата, министерот Тошковски објасни дека затекната е ситуација со референти во станиците за технички преглед со што се отежнува нивното работење и во насока на решение во тек е обука на група вработени со цел сите правни субјекти да бидат рамноправни на пазарот. Разгледана беше и состојбата со поднесените барања за државјанство на македонците од Албанија кои од непознати причини не се решени сеуште и во таа насока ќе биде иницирана средба со претставници на здруженијата на македонците со цел полесно да се канализира постапката.„Во делот на азилот, согласно забелешките на Европската Комисија, ќе почнеме процес чија крајна цел ќе биде хартиените документи кои ги издава Секторот за азил, да бидат заменети со биометриски“, констактираше министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5125

Тошковски: МВР и РСБСП се пример за одлична соработка која резултира со поголема безбедност во сообраќајот

Денеска (22.07.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска.На средбата беше констатирана одличната соработка меѓу двете институции, базирана на примарната цел - подобрување на безбедноста во сообраќајот.Министерот Тошковски рече дека МВР и РСБСП се позитивен пример на две институции чиј партнерски однос креира позитивни резултати како зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот.„Ги разгледувавме можностите во кои РСБСП според закон е обврзан значителен дел од неговиот буџет да го даде во поддршка на зголемување на капацитетите на МВР за унапредување на безбедноста на сообраќајот и сите негови учесници. Ги прецизиравме и планираните кампањи кои во континуитет РСПБСП ги изведува во соработка со министерството, посебно со одделите за превенција, опфаќајќи ги сите аспекти на безбедното учество во сообраќајот како неопходното користење појас, возењето со прилагодена брзина, обврската да не се користи мобилен телефон при возење и други. Во моментов актуелна е заедничката кампања „Вози одморен“ која посебно во лето ги едуцира возачите кои тргнуваат на одмор или минуваат низ нашата држава дека возењето на долги дестинации мора да биде придружено со неопходен одмор од 10-15 минути на секои три часа, со цел безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. За оваа кампања РСБСП има соработка и со српската Агенција за безбедност во сообраќајот и се планирани конкретни активности во кои се вклучува и министерството.“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-20-at-18.28.09

(Фото) Сѐ уште има жаришта на Серта, едно од нив е во правец на Криволак, објави Тошковски кои се сретна со сите кои го гаснеа пожарот

„Денеска заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов ја посетивме планината Серта, каде во изминатите денови се справуваме со активен пожар од големи размери. Состојбата е значително подобрена, но се уште има жаришта кои горат, како што е жариштето позади военото стрелиште Пенуш во правец на Криволак“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:„Благодарност до сите што учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија нашата Македонија. Вашата пожртвуваност и напорна работа се непроценливи. Посебна благодарност до Даре, доброволец од Дирекцијата за заштита и спасување, кој денеска при гаснењето на пожарот ја скршил раката, но и покрај тоа остана со своите колеги до крајот на денот. Даре е вистински херој и пример за сите нас, а неговата храброст и посветеност инспирираат.Исто така, денеска го посетивме и селото Пухче кое се наоѓа од другата страна на Серта во правец на Штип, каде исто така има пожар. Апелирам до сите граѓани да избегнуваат движење во шумите и секое сомнително движење или сомнителна активност од било кого да го пријават во полиција. Шумите се нашето природно богатство и заедно треба да ги чуваме и штитиме“.

Македонија | пред 1 година

IMG_5107

Средба на министрите Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и дигитални услуги, гужвите на шалтерите на МВР ќе станат минато

Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.Средбата на двајцата министри беше во насока на почеток на процесите за дигитална трансформација на услугите и процесите во министерството. Дигитализацијата на услугите и процесите на сите државни институции и органи е еден од главните столбови во владината програма.Во тој контекст, фокусот беше насочен во подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на МВР, изработка на нова модерна веб страна на министерството, каде граѓаните ефикасно и брзо ќе ги пронајдат сите информации кои им се потребни.„Ја разгледавме и можноста за дигитализација на личните документи, односно креирање на електронски лични документи, развој на електронска апликација во делот на дозволите за оружје, други можности за дигитализација на работата и процесите во полицијата кои ќе овозможат поефикасна, модерна полиција, која користејќи ги бенефитите на модерната технологија ќе испорача поефикасни услуги и поголема безбедност за сите граѓани. “, потенцираше министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5048

Средба Тошковски-Бомгартнер: Знаеме што сакаме, имаме искуство и желба со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома

Денеска (16.04.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Сирил Бомгартнер. На средбата, министерот Тошковски имаше можност да ја презентира програмските цели на новата Влада и приоритетите дефинирани во Министерството за внатрешни работи, меѓу кои бескомпромисната борба со организираниот криминал и корупција, планот за реорганизација на управните служби и новата систематизација на работните места, промената на системот за обука, со акцент на континуираните обуки, дигитализацијата на министерството и процесите.„Точно знаеме што сакаме, имаме искуство и желба со чесно и посветено работење да ги постигнеме европските вредности дома“, потенцираше министерот Тошковски на средбата. Амбасадорот Бомгартнер ја изрази својата увереност во јасните идеи за перспективите на државата, потенцирајќи ја важноста на безбедносните прашања и безбедноста како фундаментално право. Неговата Екселенција даде силна поддршка во делот за сите потребни обуки на полициските службеници, потсети дека десет француски полициски службеници веќе учествуваат во операцијата на Фронтекс и се грижат за безбедноста на нашата јужна граница и изрази уверување дека взаемната соработка и поддршката ќе продолжат и само ќе се интензивираат.

Македонија | пред 1 година

IMG_4940

Средба Тошковски - Yoder во САД: Продлабочување на соработката со нашиот стратешки партнер САД со цел обезбедување на просперитетна и безбедна иднина на нашите граѓани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамките на посетата на САД, како дел од владината делегација која ќе учествува на Самитот на НАТО на кој се одбележува 75 години од постоење на Алијансата, оствари средба со Brandon P. Yoder, заменик помошник-секретар на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL).На состанокот беше разговарано за значајните аспекти на соработката со нашиот стратешки партнер САД, како и интеграцијата во Европската Унија, процес кој е од клучно значење за иднината на Македонија.„Исто така, разговаравме и за системот за гранично управување и нашиот план за реформи во овој дел кои подразбираат и користење на технолошките достигнувања во насока на поефикасен надзор на зелената граница“, потенцираше министерот Тошковски.Една од најважните теми на средбата беше и борбата против организираниот криминал и високата корупција и можностите за соработка во делот на обуки и јакнење на човечките и материјалните ресурси, со цел поуспешно справување со овие предизвици.„Оваа средба беше одлична можност за потврда на нашата посветеност и продлабочување на соработката со САД, со цел постигнување на нашите стратешки цели и да обезбедиме безбедна и просперитетна иднина за нашите граѓани“, потенцира министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Нема да застанеме додека и последната улица не биде исчистена од дрога, дадени се оперативни напатствија, објави Тошковски

“Во изминатиот период во повеќе наврати говорев за достапноста на дрогата по нашите улици и градови која во последните неколку години достигна алармантно ниво”, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:Ветив дека МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога и во тој контекст нема да застанеме се додека и последната улица не биде исчистена од ова зло.На оперативно ниво дадени се насоки и направени се планови за постапување кое во наредниот период ќе се интензивира. Само во овие два дена полицијата во низа оперативни акции во неколку градови приведе повеќе лица за трговија со дрога. Апсење во Чаир и Кочани, претреси на повеќе локации низ државата. Пронајдени се марихуана, бела прашкаста материја, пари, дигитални ваги. Случаите се расчистуваат и по целосно документирање ќе следуваат соодветни поднесоци.Во оваа прилика сакам уште еднаш да потенцирам дека нема да има пардон за секој кој се занимава со таков криминал или било кој вид на криминал. Законот мора да важи еднакво за сите.

Македонија | пред 1 година

IMG_4890

Средба Тошковски- Гир: Продолжува поддршката на ЕУ во реформите и јакнење на капацитетите на македонската полиција

Денеска (04.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, оствари работна средба со амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.Министерот Тошковски на средбата ја изрази својата благодарност за поддршката и соработката за време на техничката влада и за континуираната поддршка што нашата земја, но и МВР, ја добиваат во насока на реформирање и модернизација на институциите.Министерот Тошковски изрази уверување дека соработката и поддршката од ЕУ во следниот период само ќе се зголемуваат, конкретно и во областа на безбедноста.На средбата министерот ги претстави главните приоритети на министерството, во кои ќе биде потребна експертизата на ЕУ во постигнување на европските стандарди, со крајна цел што поскоро да станеме дел од големото европско семејство.Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ја потенцираше тековната соработка на БЈБ во рамки на постојните проекти и искористувањето на фондовите од ЕУ, ги појасни планираните реформи на БЈБ и потенцираше дека во фокус ќе бидат и евентуални злоупотреби на европски пари во државата, за што ќе се спроведат и соодветни истраги.Амбасадорот Дејвид Гир ги истакна тековните проекти и поддршката што ја имаме од страна на ЕУ во делот на јакнење на капацитетите на МВР, особено во делот на илегалната миграција, борбата со организираниот криминал и ги посочи предизвиците во кои треба се фокусираме во иднина во насока на доближување на европските стандарди. Гир ја даде својата поддршка во реформските процеси и ја потенцираше и можноста за поддршка од системот на ЕУ за справување со евентуални шумски пожари во летниот период.

Македонија | пред 1 година

IMG_4854

Средба Тошковски - Вал: Сериозна посветеност на модернизација и професионализација на полициската служба

Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е. Килијан Вал.Министерот Тошковски се заблагодари за постојаната поддршка и посветеност на Мисијата на ОБСЕ во напорите за модернизација на полициската служба, особено во делот на професионалното полициско работење, проекти за обука на полициските службеници и модернизирање на опремата. Министерот Тошковски ја потенцира решителноста за ефикасна борба против организираниот криминал и високата корупција, како еден од основните столбови на новата Влада, како и потребата од градење модерна полициска служба која доследно ќе ги следи начелата на демократско полициско работење, но и служба која ќе се базира на начелото на заслуги и интегритет.Осврнувајќи се на неколку поенти како главен фокус на активностите на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Вал ја потенцира посветеноста и заложбата на мисијата на оваа меѓународна организација за унапредување на работните процеси во министерството, во содејство помеѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ. Министерот Тошковски и амбасадорот Вал потенцираа дека и во иднина соработката и комуникацијата ќе биде на високо ниво.

Македонија | пред 1 година

IMG_4832

Тошковски: Нова полициска станица во oпштина Бутел, подобри услови за полициските службеници за поквалитетни услуги за граѓаните

Денеска (01.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со градоначалникот на oпштина Бутел Дарко Костовски.„Како што ветивме пред граѓаните уште во техничкиот мандат, еден од приоритетите во делот на изградба на нови објекти е полициската станица во oпштина Бутел, објект кој е во најлоша состојба. Oд тие причини веднаш се почнува со средување на проектна документација и пренамена на средства со цел што поскоро да започне изградбата на станицата. Вработените во МВР заслужуваат да работат во нормални услови, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на услугите кои ги даваат кон граѓаните и ултимативно, зголемување на безбедноста на граѓаните, што е наш приоритет“, потенцираше министерот Тошковски на средбата.На средбата без разгледани и повеќе други аспекти на можна соработка на министерството за внатрешни работи со локалната самоуправа.

Скопје | пред 1 година

pance-mickoski

Мицкоски седна до Тошковски: Испраќам порака дека ќе има одговорност за криминалот, кој е рак рана на општествово

„Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додава:Денес имав средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за оваа важна тема. Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда - борбата против корупцијата.Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Испраќам јасна порака: Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето.Доаѓа време на правда.Само така државата ќе направи повеќе за народот.

Македонија | пред 1 година

IMG_4759

Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој учествува на министерската конференција во рамки на Салзбуршкиот форум денеска имаше свое обраќање, во кое истакна дека стратешки приоритет на нашата држава е интеграција во европското семејство.„Од наша страна ќе бидат вложени максимални напори за обезбедување на неприкосновено владеење на правото, спроведување на законите и зајакнување на правната држава“, рече министерот Тошковски.„Миграциските текови долж т.н. Источно-Медитеранска рута и понатаму се еден од главните предизвици на Министерството за внатрешни работи. Во таа насока управувањето и зајакнувањето на границите, справувањето со илегалната миграција, како и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети, но во исто време и еден од нашите предизвици“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски нагласи дека клучна активност на нашиот пат во одржливото управување со миграциите на Западен Балкан е зацврстувањето на меѓународната доверба, зголемена размена на информации, заеднички пристап, координација и соработка кои се главен предуслов за успешно справување со предизвиците на управување со миграциите.

Македонија | пред 1 година

IMG_4734

Работен состанок на министерот Тошковски со претставници на Меѓународната организација за миграции

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (25.06.2024) одржа работен состанок со Лаура Лунгароти, субрегионален координатор за Западен Балкан на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) и Соња Божиновска Петрушевска, шеф на канцеларијата на ИОМ во Република Северна Македонија.Претставниците на ИОМ му честитаа на министерот Тошковски за изборот и му изразија поддршка за најавените реформи во Министерството за внатрешни работи.Г-ѓата Лунгароти го истакна значењето на добрата соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и ИОМ, особено во делот на граничното управување.За време на состанокот г-ѓата Лунгароти го информираше министерот Тошковски дека во моментот ИОМ е фокусиран на областа поврзана со доброволно враќање на мигранти, како еден од главните приоритети на Европската Унија и очекува успешна соработка и поддршка од страна на Министерството за внатрешни работи во овој дел.Претставниците на ИОМ нагласија дека досегашната материјална и техничка помош што му беше пружена на МВР преку проекти финансирани од страна на ЕУ ќе продолжи и понатаму, како и дека ваквата поддршка може да биде зголемена во блиска иднина.За време на состанокот министерот Тошковски им се заблагодари на г-ѓа Лунгароти и г-ѓа Божиновска Петрушевска за поддршката која што Меѓународната организација за миграции ја дава на Министерството за внатрешни работи.Министерот Тошковски истакна дека министерството за внатрешни работи ќе работи кон јакнење на капацитетите за обезбедување на државните граници особено во делот за интегрираното гранично управување,а во исполнување на оваа цел ќе биде потребна поддршка и од страна на ИОМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4714

Министерот Тошковски присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на бегалците

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (24.06.2024) во Собранието на Република Северна Македонија присуствуваше на одбележувањето на Меѓународниот ден на бегалците, каде свое излагање имаа претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Љупчо Пренџов, евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на САД Ангела Агелер, претставникот на УНХЦР Габриел Гуалано де Годој и пратеничката Соња Мираковска.Според глобалните статистики, до декември 2023 година државите се изјасниле дека повеќе од 117 милиони луѓе се присилно раселени од своето родно огниште. Тоа е 1.5 проценти од целото човештво кои се принудени да ги напуштат своите домови. Денеска се одбележува Меѓународниот ден на бегалците, а на овој настан беше истакнато значењето на заштитата на бегалците и Република Северна Македонија ја потврди посветеноста кон нивните права и безбедност.

Македонија | пред 1 година

IMG_4707

Панче Тошковски од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи

Денеска (24.06.2024) во Министерството за внатрешни работи, досегашниот министер Назим Буши ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот министер Панче Тошковски, кој беше и министер за внатрешни работи во техничката влада.На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Буши за неговиот досегашен ангажман во министерството.

Македонија | пред 1 година

447206853_122153703200197509_3444220829682899446_n

Назим Буши од ДУИ раководи со МВР до избор на Влада, Тошковски испрати порака до јавноста

Во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од Парламентарните избори 2024 година со што мандатот на Панче Тошковски како министер за внатрешни работи во преодната Влада за спроведување на избори на пратеници официјално заврши, а согласно Законот за Влада досегашниот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши ја презема надлежноста, односно ќе ја врши функцијата министер за внатрешни работи до избор на нова Влада.„Во оваа прилика сакам да истакнам дека изминатиот период беше исполнет со многу предизвици, но заедно со мојот тим покажавме дека со макотрпна работа, професионализам и чесност може да се постигне многу за нашата држава. Успеавме да обезбедиме стабилност и доверба во изборниот процес, односно слободно можам да кажам дека ги организиравме најдемократските избори досега, што впрочем беше и нашата главна цел.Покрај тоа, вложивме напори за подобрување на безбедноста и редот во нашата земја, справувајќи се со повеќе предизвици и ситуации кои бараа брзи и ефикасни реакции. Со гордост можам да кажам дека како тим кој раководеше со Министерството во овие четири месеци, функциониравме транспарентно и одговорно, секогаш со целосна посветеност на потребите на граѓаните и државата.Посакувам што поскоро да се формира новата Влада, за да можат државните институции да профункционираат со целосен капацитет. Потребни се итни и темелни реформи кои се неопходни за Македонија што поскоро да се стабилизира и да го продолжи својот раст и развој. Верувам дека со заеднички напори можеме да создадеме подобра и поквалитетна иднина за сите нас.На крајот, уште еднаш сакам да се заблагодарам на мојот тим кој вложи натчовечки напори во изминатите четири месеци, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи кои навистина беа на висина на задачата. Благодарност и до граѓаните кои во континуитет нѐ поддржуваа и веруваа во нас. Заедно ќе продолжиме да се залагаме за безбедна, стабилна и просперитетна Македонија“, напиша Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4194

Министерот Тошковски во посета на Секторот за меѓународна полициска соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (29.05.2024) го посети Секторот за меѓународна полициска соработка при Бирото за јавна безбедност каде непосредно се запозна со работата на оваа организациска единица, каде одржа работен состанок со раководството.„Во рамки на овој Сектор функционираат Одделението за потраги, Одделението за НЦБ - Интерпол Скопје и Одделението за Европол. Согласно надлежноста која ја имаат во делот на меѓународната полициска соработка може да се каже дека овој Сектор е лицето на Министерството за внатрешни работи и државата во странство и од тие причини потребно е во иднина да се продолжи со инвестирање во градење на квалитетен кадар кои ќе ги поседува сите неопходни квалификации потребни за квалитетно и професионално работење“, истакна министерот Тошковски.Во делот на потражната дејност овој Сектор има сериозна улога и во иднина треба да се направи реструктуирање во организациската структура низ Бирото за јавна безбедност со цел да се изгради поефикасен и поквалитетен систем за потраги.„Што се однесува до Одделенијата за НЦБ - Интерпол Скопје и Европол се забележуваат добри резултати особено во делот на размена на информации со други држави и учество во меѓународни проекти. Во тој контекст е и одржувањето на 50 Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која минатата година се одржа во Охрид. Исто така, во континуитет се надградува и унапредува пристапот до сервисите, базите и алатките на Интерпол и Европол со што се придонесува кон зајакнување на капацитетите на МВР за борба против оние облици на криминал кои имаат меѓународен карактер“, нагласи министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4057

Тошковски во посета на Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети во Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци каде одржа работни состаноци со раководствата на овие организациски единици на министерството.Секторот за компјутерски криминал има специфичен делокруг на работа и постапува по неколку кривични дела како што се загрозување на сигурноста по пат на информатички систем, злоупотреба на лични податоци, прикажување на порнографски материјал на малолетник, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години и други.„Имајќи ги предвид квалификациите што се потребни за кадарот кој работи во овој Сектор и конкуренцијата на пазарот на труд, потребно е во најбрзо можен рок да се преземат соодветни мерки со цел задржување на постојниот и привлекување на нов кадар во овој дел.Во однос на Одделот за прекршоци исто така има недостаток на соодветен кадар кој треба да исполнува посебни услови согласно Законот за прекршоци заради ефикасно извршување на големиот обем на работа кој го имаат. Во иднина треба да се размислува за олеснување на процедурите во делот на прекрошочната постапка, дигитализација и користење на бенефитите кои ги нудат современите софтверски решенија.“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3976

Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на дешените работни активности министерот оствари работни средби со Оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север.Оперативниот тим “Кафез“ е формиран со цел поголема ефикасност на полицијата во делот на лишување на лица од слобода кои се барани по потерници и бележи значителни резултати и покрај катастрофалните услови во кои работат од аспект на возила, материјално-технички средства и просторни услови. Исто така, беше разговарана потребата од реструктуирање на организациските единици кои работат во делот на потрагите и формирање на една централизирана единица за потраги заради поефикасно постапување.„Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север функционираат полициските станици за граничен надзор и гранични проверки на северната граница кон Србија и Косово, аеродромот во Скопје и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Од страна на раководството бев запознаен со нивната работа и проблемите со кои се соочени и во тој контекст беше посочено дека има недостаток на кадар и возила, особено во делот на прекуграничниот криминал и странци. Во иднина треба да се изврши анализа на постоењето и ефикасноста на определени организациски единици во делот на граничниот надзор и да се предвиди нов и поефикасен начин на работа кој ќе се темели на користење на највисоките технолошки достигнувања.“, издвои министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3598

Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Полициската станица Центар и Полициската станица Бит Пазар кои функционираат во рамките на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар каде одржа состаноци со раководството.Оваа Единица се соочува со најголем обем на работа на ниво на целата држава имајќи ја предвид структурата на теренот кој го покриваат кадешто се наоѓаат голем број на државни институции, културни објекти и дипломатско-конзуларни претставништва поради што на дневна основа има многу голема фрекфенција на луѓе.Во однос на вчерашниот изборен ден министерот Тошковски беше информиран дека не се забележани поголеми нарушувања, освен констатирано едно кривично дело каде член на изборната комисија се обидел да гласа за друг. Исто така, беше потенцирано дека за вториот круг потребно е да се зголеми бројот на полициски службеници со цел овозможување на непречено спроведување на изборите.„ЕВР Центар и Бит Пазар се соочува со сериозен недостаток на човечки ресурси, како во делот на униформираната полиција така и во делот на инспекторите. ОД аспект на условите за работа во двете полициски станици и опременоста со материјално-технички средства и возила состојбата е алармантна. И покрај овие проблеми, сепак беше потенцирано дека бележат солидни резултати во расчистувањето на кривични дела.“, издвои министерот Тошковски.Заеднички беше констатирано дека во иднина треба да се размислува за дислокација на Полициската станица Центар во посоодветен објект со подобри просторни услови, со што ќе се овозможи подобро и поефикасно постапување на полициските службеници.

Македонија | пред 1 година

IMG_3589

Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата, во мирна, безбедна и демократска атмосфера

Денеска на заедничка прес конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, дополнитениот заменик министер Митко Бојмацалиев во присуство на директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и помошник министерот за односи со јавност Тони Ангеловски, оценија дека денешниот изборен ден во кој граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата помина во мирна, безбедна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.Во прилог интегралните изјави од министерот Тошковски и дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.Министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјава:Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите.Најпрвин, со задоволство сакам да констатирам дека денешниот изборен ден во кој граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата помина во безбедна, мирна и демократска атмосфера, онака како што доликува на демократска земја која се стреми да биде дел од современиот западен свет.Без сомневање, мирните и безбедни избори се резултат на добрата соработка помеѓу полицијата, државната изборна комисија и сите други чинители кои беа вклучени во спроведувањето на овој изборен процес кој помина без пречки и поголеми инциденти. Во тој контекст сакам да изразам благодарност до полициските службеници кои со својата посветеност и професионализам придонесоа за одржување на безбедноста на избирачките места и соодветно постапуваа онаму каде што беа евидентирани изборни нерегуларности.Овие избори беа уште еден тест за демократијата и во таа насока сакам да им честитам на граѓаните кои излегоа на гласање и ја исполнија својата граѓанска должност и со тоа уште еднаш го истакнаа демократскиот капацитет на државата и значењето на нивната активна улога во градењето на поинклузивно општество.Имајќи ги предвид информациите кои ги добив од надлежните аналитички служби во МВР, во текот на денешниот ден евидентирани се повеќе настани кои се однесуваат на фотографирање на гласачко ливче, пријави за агитирање на гласачко место и други незначителни нерегуларности, но не се евидентирани посериозни инциденти насочени кон нарушување на регуларноста на изборниот процес.Во таа насока би сакал да ја информирам јавноста дека во текот на денешниот ден:- На ниво на целата држава евидентирани се 12 случаи на фотографирање на гласачко ливче- 2 случаи на кинење на гласачкото ливче- 6 пријави за нудење поткуп- 15 пријави за агитирање- на подрачје на СВР Скопје во врска со пријава за испукана димна бомба, од страна на тим на антитероризам извршена е проверка, подигната е направата и објектот е предаден на Претседателот на Избирачки одбор.- Врз основа на претходно поднесени пријави, од страна на МВР констатирани се 6 прекршоци по чл.190 од Изборниот Законик, а ќе бидат поднесени и 2 кривични пријави, една за кривично дело “Повреда на тајноста на гласањето“ по член 163 од КЗ и една за „Повреда на избирачко право“ предвидено и казниво согласно член 159 од КЗ.- на подрачје на СВР Охрид пријавено е јавно гласање пред Комисијата и на подрачје на СВР Тетово пријавен е настан за упатени навреди кон шеф на штаб на политичка партија.- На подрачје на СВР Куманово гласачките места 1100 во с.Умин Дол и 1075 во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ беа затворени, а избирачкиот материјал е вратен до канцеларијата на ОИК.- На подрачје на СВР Струмица, лице при гласање на набљудувач го покажало гласачкото ливче.На крај, дозволете ми уште еднаш да изразам благодарност до сите чинители кои придонесоа денеска да имаме успешни, безбедни, мирни и демократски избори на кои граѓаните слободно го остварија своето право на глас.Дополнителен заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев изјава:Почитувани граѓани,Почитувани претставници на медиумите,Дозволете ми на почетокот да изразам задоволство од тоа како помина денешниот изборен ден, од првиот круг на Претседателските избори 2024 година – во мирна, фер и демократска атмосфера. Во оваа прилика упатувам искрени честитки до сите граѓани кои и овој пат ја искажаа својата слободната волја на избор и гласање по сопствено убедување, почитувајќи ја демократијата и демократскиот изборен процес како дел од европските вредности кон кои секојдневно се стремиме.Денешниов изборен ден, граѓаните на дело го покажаа партнерскиот однос со македонската полиција, нешто на што активно работевме изминатиов период, сфаќајќи дека поддршката од секого е драгоцена кога имаме заедничка цел – фер и демократски изборен процес во кој ќе бидат зачувани законитоста, безбедноста, јавниот ред и мир.Во текот на денешниот ден не се регистрирани посериозни инциденти и поголеми нарушувања на изборниот процес и јавниот ред и мир во текот на првиот круг од гласањето, земајќи ги предвид досега пријавените случаи во МВР.Со задоволство можам да констатирам дека денеска Министерството за внатрешни работи, како еден од клучните носители за успешно спроведување на изборниот процес беше на висина на задачата во делот на надлежностите предвидени со Изборниот законик.МВР максимално подготвено одговори на предизвиците околу безбедноста на првиот круг од Претседателските избори 2024 година за што би сакал да упатам благодарност до сите припадници на полицијата за извршување на работните задачи на највисоко професионално ниво.Во оваа прилика би сакал да упатам посебна, лична благодарност до медиумите, до вас новинарите, за соработката и за квалитетот на односите што ги градевме изминатиов период, а кој се засноваше на веќе воспоставениот партнерски однос кој секојдневно го јакнеме.

Македонија | пред 1 година

IMG_3472

Тошковски во посета на Одделот за организиран криминал

Денеска (16.04.2024), министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи каде оствари работен состанок со поширокото раководство.На состанокот министерот беше запознен со структурата на Одделот, делокругот на работа и тековните активности и во овој дел беше информиран дека од нивна страна извршено е мапирање на критичните места за евентуални изборни нерегуларности. Исто така, беа посочени определени предизвици со кои се соочуваат од аспект на формално-правната поставеност на Одделот, систематизацијата на работните места и организациската поставеност на единиците.„Можам да констатирам дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал согласно спецификите на работата која ја извршува треба да биде организациска единица каде работат најдобрите и најискусни полициски службеници и распоредувањето на кадри треба да се врши исклучиво согласно мерит систем, а не било каква припадност и во таа насока во наредниот период треба да се направи кадровско реструктуирање според однапред определени објективизирани критериуми“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3389

Министерот Тошковски во посета на Полициското одделение Сарај и Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров

Министерот Панче Тошковски денеска (12.04.2024) беше во работна посета на Полициското одделение Сарај и Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров.Од страна на раководството на ПО Сарај министерот беше запознаен со нивните тековни активности и структурата на тереност кој го покриваат при што заедничкиот заклучок е дека оваа организациска единица во најкус можен рок треба да се систематизираат повеќе полициски службеници кои ќе одговорат на динамиката на работа, од причина што на ова подрачје има 24 села и повеќе од 40.000 жители.„Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров се соочува со недостаток на униформирани полициски службеници, а од аспект на прекршувања на јавниот ред и мир и извршени кривични дела во однос на другите Единици на територија на Град Скопје има помал обем на деликти. Како позначаен настан го издвоија лишувањето од слобода утринава на еден од осомничените за разбојништвото кое неодамна се случи во Куманово“, образложи министерот Тошковски.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања