Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тошковски во посета на Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4057

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети во Секторот за компјутерски криминал и Одделот за прекршоци каде одржа работни состаноци со раководствата на овие организациски единици на министерството.

— реклама —

Секторот за компјутерски криминал има специфичен делокруг на работа и постапува по неколку кривични дела како што се загрозување на сигурноста по пат на информатички систем, злоупотреба на лични податоци, прикажување на порнографски материјал на малолетник, производство и дистрибуција на детска порнографија, намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години и други.

— реклама —

„Имајќи ги предвид квалификациите што се потребни за кадарот кој работи во овој Сектор и конкуренцијата на пазарот на труд, потребно е во најбрзо можен рок да се преземат соодветни мерки со цел задржување на постојниот и привлекување на нов кадар во овој дел.

— реклама —

Во однос на Одделот за прекршоци исто така има недостаток на соодветен кадар кој треба да исполнува посебни услови согласно Законот за прекршоци заради ефикасно извршување на големиот обем на работа кој го имаат. Во иднина треба да се размислува за олеснување на процедурите во делот на прекрошочната постапка, дигитализација и користење на бенефитите кои ги нудат современите софтверски решенија.“, истакна министерот Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Македонија | пред 4 дена

media-libraryqprblqreu5ireZw6m9B

Тошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028

Македонија | пред 5 дена

media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања