Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Министерот Тошковски во посета на Секторот за меѓународна полициска соработка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4194

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (29.05.2024) го посети Секторот за меѓународна полициска соработка при Бирото за јавна безбедност каде непосредно се запозна со работата на оваа организациска единица, каде одржа работен состанок со раководството.

— реклама —

„Во рамки на овој Сектор функционираат Одделението за потраги, Одделението за НЦБ - Интерпол Скопје и Одделението за Европол. Согласно надлежноста која ја имаат во делот на меѓународната полициска соработка може да се каже дека овој Сектор е лицето на Министерството за внатрешни работи и државата во странство и од тие причини потребно е во иднина да се продолжи со инвестирање во градење на квалитетен кадар кои ќе ги поседува сите неопходни квалификации потребни за квалитетно и професионално работење“, истакна министерот Тошковски.

— реклама —

Во делот на потражната дејност овој Сектор има сериозна улога и во иднина треба да се направи реструктуирање во организациската структура низ Бирото за јавна безбедност со цел да се изгради поефикасен и поквалитетен систем за потраги.

— реклама —

„Што се однесува до Одделенијата за НЦБ - Интерпол Скопје и Европол се забележуваат добри резултати особено во делот на размена на информации со други држави и учество во меѓународни проекти. Во тој контекст е и одржувањето на 50 Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која минатата година се одржа во Охрид. Исто така, во континуитет се надградува и унапредува пристапот до сервисите, базите и алатките на Интерпол и Европол со што се придонесува кон зајакнување на капацитетите на МВР за борба против оние облици на криминал кои имаат меѓународен карактер“, нагласи министерот Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Македонија | пред 4 дена

media-libraryqprblqreu5ireZw6m9B

Тошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028

Македонија | пред 5 дена

media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања