Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ТОШКОВСКИ

Screenshot-2025-04-03-at-14.51.32

(Видео) Џафери се налути оти се зборува за трагедиите од минатите години и му рече на Тошковски: Води сметка за односот кон мене

Пратеникот Талат Џафери му постави пратеничко прашање на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во однос на трагедијата во Кочани и моралната одговорност. Тошковски одговори, а Џафери му се налути.„Добро е да ме слушате, јас ве слушав кога ми го поставувавте прашањето. Еднаш засекогаш, треба секој што има надлежност според закон да си ја работи работата. Секој еден, македонски граѓанин, заслужува да живее во нормална држава. Не заслужуваат да бидат манипулирани како што пробавте денеска да ги манипулирате. И одговорност, а ќе ја видат, за сите четири предмети“, рече Тошковски.„Јас ти кажувам кога ќе се обратиш на пратеник, а особено за мене, да водиш сметка на односот, прво меѓучовечки и ти и било кој. Ако сте навикнати како министри да дојдете и така да ги вреѓате, и ти и сите кои доаѓате.. Друго јас си поставив најкоректно можно прашање за она што ви е надлежност. И ако е така како што велиш, дека чувствуваш морална одговорност, уште сега, стани овде, поднеси оставка и тоа ти е моралната одговорнсот“, рече Џафери.Нему му пречи што се зборува за траедијата во Модуларната болница во Тетово.„Кога ќе се работи за политички поени, ќе го мотаме Тетово, Тетово.. Оставете, не ги убивајте по вторпат. Секој пат кога ќе ги споменете, ги убивате! Секојпат кога ќе ги споменете тие случаи по вторпат ги убивате! Секој пат ги убивате. Им нанесувате болка на тие фамилии. Земете поднесе процедура, Анкетна комисија нека се прави, да се види“, рече Џафери.

Македонија | пред 11 месец

toskovski-bedzeti

(Видео) Беџети го праша Тошковски кој ја држел „Пулс“ отворена, министерот му врати дека ДУИ управувале со Министерството за економија

Пратеникот од ДУИ, Блерим Беџети, го праша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој го држел бизнисот на дискотеката „Пулс“ отворен. Потоа, тој побара и оставка од минситерот поради морални причини. На ова, одговори министерот.„Во делот на прашањето кој го држел овој бизнис отворен.. Дел сте од политичката партија чии кадри управуваа со Министерството за економија, 15-20 години. Колку години упрауваа? Јас не паметам. Не паметам дали имало друг министер кој управувал со ова министерство освен кадри на ДУИ.. И сега кој го држел отворен бизнисот со лиценците, мене ме прашувате? Кој го држел отворен бизнисот“, одговори Тошковски и кажа дека нема да ја осуети постапката.Потоа, Беџети излезе на говорница и побара оставка од Тошковски поради моралната одговорнсот.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-18-at-16.35.19

(Видео) Тошковски: Резервоарот за бензин спроти дискотеката Пулс бил празен, нема поврзаност на сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката

Во непосредна близина или само на 50 метри од дискотеката Пулс во Кочани имало склад со гориво и бензиска пумпа. Тие се гледаат буквално од самата улица. Има стара бензиска пумпа и резервар за точење.„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат”, велат од обвинителството, а потврди и Противпожарната бригада на Кочани.Министерот ги отфрли шпекулациите дека постоела опасност од разорна експлозија и да биде кренат во воздух целиот град Кочани.„Точно е дека во близина на дискотеката „Пулс” е пронајден резервоар за нафта, но тој е целосно празен и не постои никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката“, изјави Тошковски на прес-конференција во врска со трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски: Го претвориле затворот во „Хотел промаја“, 8-10 часа спротивно на закон овозможувале на затвореници привилегии за приватни потреби

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вечерва гостувајќи во „Само интервју“ објави дека денес постапувајќи по наредба донесена од страна на судија на претходна постапка, изврши два претреси на две локации, во домовите на лица кои што се службени лица во рамки на затворот „Скопје“, поради постоење на основни сомненија дека сториле повеќе кривични дела со уште неколку други лица вработен во затворот.„Фрапантна фактичка состојба од аспект на информациите со коишто располагаме. Менаџерот на затворот и други лица вработени, затворот го доживувале како „трговец поединец“ здружение или приватно правно лице коешто се занимава со туристички услуги, заради тоа што незаконито им овозможувале на осудени лица за коишто постои висок безбедносен ризик да користат привилегии коишто не им следуваат по закон. Просто објаснето осум до десет часа им овозможувале спротивно на закон, според индициите, истите да бидат спроведувани од страна на затворската полиција до одредени локации како нивен дом или трети локации каде што истите уживале привилегии а притоа биле чувани од страна на затворската полиција и не во рамки на она што е дозволено со закон туку за приватни потреби. Какви се тие приватни потреби ќе утврдиме дополнително, но знаеме дека не е за да бидат достапни на органите на прогон, на институциите или слично, туку за нивни други приватни потреби, коишто не се законски основ согласно важечките закони.“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски објасни дека овие раководни лица го претвориле затворот во „Хотел промаја“ бидејќи дозволувале користење на незаконски привилегии кои им биле дозволени на одредени осомничени лица.„Буквално како трговско-угостителско друштво, затворските полицајци коишто се платени од граѓаните, ги пренесуваат од затвор до одредена локација, ги чуваат осум до десет часа на таа локација, па пак со службено гориво и возила, на трошок на македонските граѓани, ги враќаат во затворот. Тоа едниот дел од незаконитите дејствија кои се вршени. Со истрагата во моментот се опфатени 10 лица, со што тоа е само еден дел од незаконитостите коишто се опфатени. Денес извршени се претреси во домовите на две лица, при што тие се лишени од слобода и ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка.“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

„Ќе има нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки“

Денес, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, беше гостин на трибина со наслов „Суштината на проблемот-Лоши закони или лоша примена?“, и истакна дека се работи на имплементација на нови и ефикасни решенија за подобрување на сообраќајната култура и безбедност, како што е системот „сејф-сити“. Тошковски додаде дека овие решенија ќе обезбедат транспарентност, фер третман за сите прекршители и зголемена ефективност во примената на закони, но ќе се соочи и со проблемите кои произлегуваат од судската пракса и селективната примена на законите. „Она што јас како министер за внатрешни работи го говорам, и во рамките на техничката влада и особено во рамките на оваа Влада која се зафати да ги решава проблемите од минатото, е дека кога говориме за сообраќајна култура и сообраќајни прекршоци и нивна примена, слободно можам да кажам дека имаме нефункционален систем кој треба да продуцира резултати од интерес за македонските граѓани“, изјави Тошковски.Тошковски додаде дека системот е долго време руиниран, што предизвикува огромен гнев кај народот поради катастрофалните слабости, а праведно бара решение.„Факт е дека системот е руиниран многу долг временски период, и сега сме оставени во ситуација каде што вакви грозоморни несреќи го привлекуваат вниманието на јавноста со право. Гневот кај народот е огромен и народот со право е гневен. Гневен е затоа што гледа дека слабостите на системот се катастрофални и нормално бара решение“, истакна Тошковски.Тошковски истакна дека уште од првиот ден на формирањето на Владата се работи на имплементација на системот „сејф-сити“, кој треба да обезбеди системско решение за проблемите од минатото, каде што сите прекршители ќе бидат евидентирани и ќе се преземат соодветни мерки.„Од првиот ден на формирањето на оваа Влада, работиме на имплементацијата на системот „сејф-сити“, кој треба да продуцира решение за проблемите од минатото. Со имплементацијата на „сејф-сити“, овие проблеми кои се наталожени во минатото треба да бидат процесирани во рамки на едно системско решение, решение во кое што не ќе може да влијае никој, туку секој прекршител кој ќе вози со недозволена брзина, ќе паркира на забрането место или ќе управува нерегистрирано возило, ќе биде евидентиран од самиот систем и ќе се преземат соодветни мерки“, додаде Тошковски.Тошковски истакна дека најголемиот проблем при имплементацијата на проектот се судовите, бидејќи судската заштита за секој прекршок што бара одземање дозвола или поголема глоба е неизбежна, а бројките на сообраќајни прекршоци се катастрофални. „Повторно ќе се соочиме со најголемиот проблем во имплементацијата на овој проект, а тоа се судовите. Согласно устав, знаеме дека мора да има судска заштита за секој прекршок кој бара одземање возачка дозвола или изрекување поголема глоба, и тоа не можеме да го прескокнеме. Кога имаме бројка од 19 илјади луѓе кои управувале моторно возило без возачка дозвола и никогаш не ја положиле, факт е дека бројките се катастрофални и континуирано се лоши многу години наназад“, кажа Тошковски.Тошковски напомена дека Владата одвои средства за имплементација на проектот не само во Скопје, Куманово и Тетово, туку и на цела Македонија, поставувајќи камери на „црни точки“ за зголемување на сообраќајната култура и спречување на прекршоци.„Добро е што Владата одвои средства за имплементација на овој проект не само во Скопје, Куманово и Тетово, туку на територија на цела Македонија. Битолчани, стружани и велешани заслужуваат современ систем кој ќе ја зголеми сообраќајната култура. Секојдневно темелно работиме на поставување камери на местата каде што треба да бидат поставени, најголем дел од нив на црни точки кои веќе ги констатиравме во минатото. Кога возачите ќе знаат дека има камера која ќе го констатира секој прекршок, не верувам дека во иднина ќе си дозволат да развиваат брзини три пати поголеми од пропишаните“, рече Тошковски.Тошковски додаде дека постои сериозен проблем во судската пракса, каде што понекогаш казните за прекршочни дејствија кои доведуваат до загуба на живот се премногу благи, како казната од 6 месеци затвор.„Јас лично, а и врз основа на сите анализи, гледам огромен проблем во судската пракса, во квалификацијата на одредени дејствија од страна на обвинителите и изрекувањето на санкциите од страна на судовите. Како министер за внатрешни работи не би требало да навлегувам во конкретни судски пресуди, но факт е дека имаме пресуди каде што дошло до загуба на човечки живот, а некои луѓе, додека биле во затвор, сториле таков тип на прекршок и за тој прекршок добиле казна од 6 месеци затвор“, изјави Тошковски.Тошковски истакна дека еден од најголемите проблеми е селективната примена на законите, каде што казните се различни во зависност од тоа дали јавниот интерес бил транспарентно споделен. „Еден од најголемите проблеми е селективната примена на законските одредби во зависност од тоа дали одредено лице требало да му се удовли во минатото или не. Онаму каде што јавниот интерес бил транспарентно споделен, може да се забележи дека казните се сразмерни. Таму каде што тоа не било случај, прекршителите се излекуваат со казни кои се несразмерни во споредба со другите“, истакна Тошковски.Тошковски истакна дека се предвидува ефикасна постапка со СМС известувања за прекршок, каде прекршителот ќе може да потврди прекршок со линк и слика во рок од 24 часа. „Предвидуваме ефикасна постапка за комуникација помеѓу прекршителот и МВР, каде што прекршителот ќе добие СМС известување во разумен временски период од 24 часа, а не по три или шест години. Преку СМС ќе добие известување за прекршокот со линк за отворена информација и слика, со која ќе се увери дека токму тој во одреден временски интервал на одреден булевар сторил прекршок“, кажа Тошковски.Тошковски додаде дека имплементацијата на практични решенија ќе донесе подобри резултати кои значат спасени човечки животи.„Кога ќе ги имплементираме сите практични решенија кои беа споменати на јавната дебата и кои не се однесуваат само на закони и нивната примена, туку и на подобрување на пешачките премини, раскрсниците и зелените бранови, ќе добиеме многу подобри резултати кои на крајот не се бројки, туку човечки животи“, заклучи Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

МВР нема надлежност во затворите, намерно ја злоупотребуваат трагедијата за евтини поени, вели Тошковски одговарајќи им на СДСМ

„Во однос на прашањата на СДСМ упатени до мене за тоа како притвореник во затворот „Шутка“ добил пристап до мобилен телефон, сакам да истакнам дека во секоја правна и демократска држава, најмалку што може да се очекува од политичари кои седум години управувале со институциите е барем основно познавање на нивната поставеност, односно да знаат дека затворите не се во надлежност на Министерството за внатрешни работи, туку на Управата за извршување санкции која е орган во состав на Министерството за правда“, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:„Но, суштината не е во “незнаењето“, туку во нешто многу полошо, а тоа е намерна злоупотреба на една трагедија за собирање на евтини политички поени. Наместо да покажат минимум човечност и емпатија, тие избраа да водат некрофилска кампања, со која на најмизерен начин се обидуваат политички да профитираат од туѓа несреќа.Јавноста бара правда, а не политички театар и навистина е срамно тоа што СДСМ и во оваа трагедија не успеа да покаже барем малку достоинство“.Претходно, СДСМ упати прашања до него:„„Панче Тошковски да излезе и да одговори пред граѓаните и пред семејството на трагично загинатата Фросина кој му дозволил на обвинетиот за нејзиното прегазување пристап до телефон во затвор? Кој го штити младиот убиец од високите кругови на ДПМНЕ? Каква е инволвираноста на Пандов? Дали е точно дека добро знаел што се случува а откако сликите излегоа во јавноста и власта е фатена жива најавува истрага? Ова е скандал кој го зголемува сомнежот дека виновникот е заштитено лице на власта. Сомнежот станува уште поголем ако се земе предвид дека неговиот татко неодамна бил промовиран во Армијата лично од министерот за одбрана Мисајловски. Кој го штити младиот убиец во врвот на власта? Срамно и недозволиво осомничен за ваков грозоморен чин слободно да користи мобилен телефон уште од првиот ден. Јавноста чека одговори од Тошковски и одговорност од Александар Пандов!“, пишува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Го решивме случајот, но ова не ја враќа Фросина - гневот е разблив, но не смее да заврши со гневни статуси

„Како министер за внатрешни работи, но пред сè како човек и како татко, не можам, а да не ја споделам вознемиреноста и револтот што деновиве го чувствуваме сите. Фросина Кулакова, млада девојка со светла иднина, повеќе ја нема, затоа што нејзиниот живот беше одземен од некој што никогаш не смеел да биде зад воланот. Ова не е само несреќа, ова е резултат на пропусти во системот што дозволува рецидивистите да останат надвор од контролата на институциите“, вели минситерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:Јавноста со право прашува, како е можно лице кое е криминално досие, без возачка дозвола, со голем број на претходни прекршувања на сообраќајните правила, повторно да биде зад воланот? Ова не се само дилеми за дискусија, туку реален и сериозен проблем што бара конкретни и неодложни решенија.МВР во овој случај максимално брзо и ефикасно го процесираше сторителот, тој е приведен, направени се анализи на крв и урина, обезбедени се сите релевантни докази. Но тоа не ја враќа Фросина и не го менува фактот дека системот дозволил ваков рецидивизам.Ова е точката каде што мора да се преиспита дали постојните законски решенија се доволни? Дали воспитните мерки за сторители на сериозни дела носат резултати или само создаваат нови жртви? Дали висината на кривичните санкции за најтешките кривични дела во областа на сообраќајот е соодветна или е премногу блага за да има реален превентивен ефект?Годишно, повеќе од 140 луѓе ги губат животите во сообраќајни несреќи во нашата држава. Оваа бројка е неприфатлива и мора да нè натера на суштински промени.Наша обврска како држава е да спречиме вакви трагедии. Затоа, напорно работиме на што поскоро ставање во функција на системот „Безбеден град“, кој ќе овозможи автоматско санкционирање на сообраќајните прекршувања, без селективна правда, без оправдувања, без влијание на човечки фактор. Контролата ќе биде построга, казните неизбежни. Но, ниту едно техничко решение нема да биде доволно ако правосудниот систем не гарантира соодветно санкционирање, особено за оние кои веќе еднаш покажале дека се опасност за другите.Гневот е разбирлив, недовербата во институциите е оправдана, но ова не смее да заврши само со пишување на гневни статуси по социјалните мрежи и протести што ќе траат неколку дена. Промените мора да бидат реални. Секој во системот мора да ја понесе својата одговорност.Искрено сочувство до семејството на Фросина.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Има оперативни информации кај е Груби, објави Тошковски

Оперативни информации има, но официјална потврда каде се наоѓа поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница, засега нема. Ова во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 вечерва го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.„Станува збор за оперативни информации на оперативно ниво кои што ги добиваме и соодветно ги споделуваме со сите надлежни органи во рамки на други држави кои што, да речеме, имаме оперативни информации дека предметните лица се наоѓаат таму каде што сме ги добиле информациите. Од ден на ден сѐ повеќе и повеќе е сигурно дека се лага тврдењата дека осомничените се чисти како солза и дека имаат приватни обврски. Одделот за внатрешна контрола утврди дека направена е кардинална грешка од полицискиот службеник којшто требало да го запре, да го легитимира, да извести и да постапи по мерки од неговиот надреден во насока на напатствијата коишто ги дало Јавното обвинителство. Поднесена е кривична, постапено е од страна на Министерството, не е крив пајакот како на времето“, вели Тошковски.Груби ја напушти Македонија во средината на декември.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.26

Тошковски до Елмази: Не се апсат Албанци туку криминалци

Европскиот фронт го обвини министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за селективно дејствување врз етничка основа за случувањата на 28 ноември.Како што рече пратеникот Елми Езири, Тошковски не ги исполнува своите обврски.,,МВР за помалку од седум месеци се претвори во МВР-ВМРО, земјава се претвори во полициска држава која им се заканува на граѓаните, ги заплашува конкретно Албанците да не креваат глас”, рече Езири.Тошковски одговори дека интерпелацијата е обид за манипулација и дефокус на македонската јавност.,, Не се апсат Албанци, Македонци, Турци, Власи, туку се апсат криминалци и ќе се апсат. Сите кои душмански го краделе народот ќе се апсат, но не со циркузи како во ваше време, туку културно”, рече Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-19-at-16.17.04

Тошковски останува министер за внатрешни работи

Собранието со седум гласа „за“, 63 „против“ и без ниту еден воздржан ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Интерпелацијата ја поднесе Европскиот фронт, а не доби поддршка ниту од опозициската коалиција предводена од СДСМ и од Левица.Не помина интерпелацијата за заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени.

Македонија | пред 1 година

6-1

Тошковски: Единицата за интервентна полиција е спој на решителност и професионалност кои даваат одлични резултати

„Единицата за интервентна полиција денес се одликува со оперативна мобилност и широк оперативен опфат, координираност, професионалност, а се во насока на поголема функционалност и ефикасност на севкупниот полициско-безбедносен систем на подрачјето на главниот град. Како во смисол на спроведување на законите на сите нивоа, односно домени на надлежности, така и во поглед на остварување на зацртаните проекции и планови на Секторот за внатрешни работи Скопје“.Ова, денес, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање по повод одбележувањето на јубилејот- пет години од формирањето на Единицата за интервентна полиција, што се одржа во седиштето на оваа организациона единица при СВР Скопје во касарната „Ѓорче Петров“.Нагласувајќи го уверувањето дека ЕИП како високообучена формација ќе продолжи да се надградува и да еволуира со цел да одговори на новите предизвици на безбедноста кои ги наметнува новото време и динамиката на животот, како и позитивните статистички показатели во работата на единицата, министерот Тошковски потенцираше дека – „таквите резултати не обврзуваат да ја потврдиме неопходноста од вложување во модернизирање и надградување на нејзините капацитети за натамошно ефикасно справување со сите облици на криминално делување“.Инаку, на свеченоста се обрати и командантот на Единицата за интервентна полиција, Васко Наумовски, кој пак се осврна на конкретните показатели од секојдневното работење на Единицата, посочувајќи дека во периодот од почетокот на годинава заклучно со ноември 2024 припадниците на ЕИП на подрачјето на СВР Скопје извршиле легитимирање на 22.662 лица, 20.985 прегледи на лица и уште 9.096 - прегледи на патнички моторни возила, како и 477 непосредно забележани лица, а дополнително како резултат на извршувањето на работните задачи по разни основи од слобода се лишени и приведени вкупно 1.816 лица.„За нас како припадници на Единицата, од огромна важност е фактот што актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи препознавајќи го овој позитивен тренд јасно најави, а и практично делуваше во насока на мотивационо наградување на колегите, на нужноста од натамошни инвестирање во развојот и унапредувањето на Единицата, односно на нејзините професионално-технички капацитети, а се со цел натамошно подигање на безбедносните стандарди на подрачјето на главниот град, во името на сигурноста и спокојот на нашите сограѓани“, истакна Наумовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски: Вие, вашето знаење и вештини сте и потребни на Македонија со цел да градиме европска држава со европски институции

Министерот за внатрешни работи денес присуствуваше на промоција на дипломирани студенти на Факултетот за безбедност - Скопје а претходно со останатиот дел од студентите го „испија“ традиционалното „академско кафе“ коешто се одржува секоја година со студентите и професорите на факултетот.Министерот Тошковски им честиташе на студентите што одлучиле својата животна професија и знаења да бидат поврзана со безбедноста и ги покани да ги имплементираат во институциите кои се грижат за безбедноста на Македонија.„Би сакал да ви порачам дека сето она знаење кое го имате стекнато во рамките на Факултетот за безбедност го имплементиравте токму во Македонија. Вие сте им потребни на македонските институции и на Македонија и би сакал да повикам секој еден од вас којшто има за желба да продолжи да функционира и да и го стави на располагање своето знаење на татковината во институциите кои се поврзани и имаат потреба од кадри со ваков вид образование. Ќе има многу огласи во иднина во рамки на МВР и другите институции поврзани со безбедноста и ве повикувам да учествувате во рамки на сите овие огласи со цел да може да го искористиме вашето знаење и капацитети во рамки на институциите со цел да создаваме нормална држава со функционални институции. Заедно да се развиваме, да ја развиваме државата во европска со европски вредности какви што сите посакуваме.“, им порача на студентите министерот Тошковски.Министерот Тошковски претходно со студентите и професорите на факултетот го „испија“ „академското кафе“ и одговараше на сите прашања од областа на безбедноста, борбата со криминалот и корупцијата, реформите на МВР и безбедносниот систем што ги интересираа студентите и професорите.

Македонија | пред 1 година

Grubi-1-1536x864-1-585x329-1

Каде е Груби: Тошковски го поздрави потегот на ДУИ

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски не сака да шпекулира околу информациите каде се наоѓа во моментов екс-вицепремиерот Артан Груби кој веќе една недела е во бегство. Според него, битно е дека е распишана меѓународна потерница по него.„Не би сакал да шпекулирам“, гласи одговорот на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.На прашањето од каде му се сознанијата на вицепремиерот Изет Меџити дека Груби се наоѓа во Албанија, првиот полицаец во државата синоќа во ТВ Сител изјави: „Во мојата надлежност, битно е дека кај (полицискиот) службеник кој што работи во граничната контрола и кој што сторил кардинална грешка при постапувањето и не постапил согласно стандардно-оперативни процедури е спроведена истрага и е констатирано дека нема постапено согласно закон. Суспендирано е лицето и поднесена е соодветна кривична пријава за несовесно работење во службата“.Министерот исто така додаде дека е добро што „ДУИ се огради од еден бегалец од правдата и тоа е поздравување“.Идентичен одговор како Тошковски вчера даде и премиерот Христијан Мицкоски дека има „различни се информации“ и дека не сака да шпекулира во врска со тврдењата на еден од неговите заменици во Владата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-19-at-16.17.04

(Видео) Тошковски се обрати за заминувањето на Груби: МВР има видео, полицаецот се суспендиран, не сум потпишал ништо за него

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски преку видео порака им се обрати на СДСМ за заминувањето на Артан Груби. Тој рече: „Сите докази кои што се во насока на расветлување на случајот со излезот на лицето кое е недостапно за органите на прогон и треба да се искористат се обезбедени од МВР. МВР поседува видео запис на кој јасно се гледа повреда на закон и повреда на процедури од страна на полициски службеник кој бил во тој момент како граничен полицаец“.„Врз основа на постапките, доставено е известување до Обвинителството. По консултација со обвинителот, ќе има кривична пријава, која утре ќе се поднесе. Од страна на МВР е изречена супспензија за предметното лице. Не го познавам лично предметното лице, ниту нешто сум издал за негово назначување да работи во рамки на граничка полиција во Македонија“, додаде Тошковски.Според него, СДСМ ја брани ДУИ, а работи за лукатривни интереси.Претходно, СДСМ излезе со сооштение во кое бараа тошковски да ја каже вистината за бегството на Груби.„Доколку Тошковски не излезе во рок од 24 часа да ја каже вистината за случајот, тогаш СДСМ ќе го открие скандалот во целост.  Време е Тошковски да престане да се крие и да одговара за целиот настан.  СДСМ отворено се сомнева дека бегството на Груби не е никаков пропуст, туку станува збор за добро оранизирана работа од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со Тошковски на чело да се пушти Груби да избега“.На ова, Тошковски рече дека ќе им даде шанса на СДСМ да се оправат со текот на времето, како и дека нема да ги тужи за клевета.

Македонија | пред 1 година

JovanaTrencevska-2

Тренчевска: Тошковски вчера ја прекрши пресумпцијата на невиност, се враќаат старите методи на ВМРО-ДПМНЕ

„Изјавата на министерот за внатрешни работи е некоректна затоа што постои пресумпција на невиност и не може да се спомнуваат лица, за кои надлежниот орган, ЈО сè уште не оформил предмет, односно нема доволно докази за било каква вмешаност во овој случај. Ниту за поранешниот премиер, ниту за поранешниот генерален секретар не е покренат степен на сомневање,“ изјави пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска во гостувањето на ТВ 24.Со вакви изјави и постапки, како што посочи Тренчевска, власта се обидува да врати стари методи на политички прогон:„Ова наведува на тоа дека се прави политички прогон од страна на власта. Сè уште не се избришани сеќавањата и сликите кај сите граѓани во државата, како беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше на власт, каков политички прогон се правеше на лица, за дел од кои понатаму се покажа дека ЈО не ни собра доволно докази за да бидат обвинети.“ - рече Тренчевска.СДСМ јасно стои на ставот дека секој кој прекршил закон треба да одговара, но институциите треба да делуваат непристрасно и врз основа на докази, а не под диктат на владејачките партии.Тренчевска остро реагираше и на изборот на лица во правосудството откако ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта и обивни за силна партизација на судството.„Кој член го избравте во совет на ЈО? Другарчето на вицепремиерот Меџити. Кого избравте за член на Судски совет? Жена на градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Изгледа тефтерчето на Гордана повторно ви работи,“ нагласи Тренчевска.СДСМ повикува на одговорност и професионално работење на институциите, без политички притисоци и обиди за селективна правда.

Македонија | пред 1 година

pance-tosh

Тошковски: Истрага за осуммина во Лотарија, меѓу кои и поранешен премиер и вицепремиер

„Против поранешен премиер, вицепремиер, директор на правно лице и генерален секретар поднесени се кривични пријави за сторени повеќе кривични дела што довеле до поголема штета на буџетот“, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Ова министерот го кажа на денешната прес-конференција на која изнесе повеќе детали во врска со трите акции кои изминативе два дена полицијата ги спроведе на повеќе локации во Скопје, но и во други градови во земјава.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција го повика Груби „ако е чист како солза“ да се врати во земјата, ветувајќи му правда и лична безбедност, а дека постапката ќе биде согласно законите.„Десет минути пред да пристигне полицијата тој добил информација и побегнал. Тоа е катастрофално и за тоа мора некој да одговара“, рече Тошковски.Конкретно, иако тоа не го кажа експлицитно на прес-конференцијата, поранешниот премиер, вицепремиер, директор на фирма и генерален секретар се однесуваат на случајот со Државната лотарија.Во врска со овој случај, освен за овие лица пријави има и за уште четири други, за кои Тошковски рече дека се државни службеници што работат во рамки на едно од правните лица.Според министерот, во конкретната акција, полициските службеници денеска наутро, постапувале по наредба на Основно јавно обвинителство при што биле извршени претреси на повеќе локации.

Македонија | пред 1 година

3

Тошковски: Полицијата со зголемено присуство за време на празниците со цел обезбедување на безбедноста и спокојот на сите граѓани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска кај Сити Мил ги посети полициските службеници кои работат во делот на превенција и во рамките на планот за засилено присуство на полицијата на терен.Тошковски истакна дека во рамки на активностите коишто се преземаат од страната на Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје во тек се две редовни активности коишто се преземаат, едната од страна на Одделението за превенција, другата во рамки на засилените безбедносни мерки коишто се преземаат поради новогодишните празници и зголемената фреквенција на движење на македонските граѓани во рамки на сите места како трговски центри и други места кои се повеќе посетени за време на празнците.„Првата акција којашто ја спроведуваме е во делот на превенцијата и во комуникација со граѓаните укажуваме на сето она што може да настане како штетна последица од употребата на петарди и пиротехнички средства. Разговараме и вршиме едукација на сите граѓани посебно на помладите и малолетниците со цел да се намали и спречи користењето на овие забранети пиротехнички средства и да избегнеме било какви последици и повреди по никого од нив. Втората акција се однесува на засилено присуство на полициски службеници во сите места каде што има зголемено присуство на граѓани како што се трговските центри и шопинг молови. Воедно комуницираме и во координација сме и со приватното обезбедување на таквите објекти со на спречување или што е можно побрзо откривање на било каков криминалитет тргнувајќи од имотни деликти, разбојништва па и форми на повисок криминалитет ако се појават. Полицијата е целосно фокусирана и посветена на вкупната безбедност на сите граѓани.“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски воедно изрази благодарност и кон полициските службеници коишто активно секојдневно учествуваат во ваквите активности и ги чуваат граѓаните и нивниот мир и во овие празнични денови и истакна дека македонската полиција останува постојано во секој момент на терен да ја чува безбедноста и да ги презема сите оние дејствија за кои е платена од своите граѓани.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски за интерпелацијата од ДУИ: Низок обид за манипулација, нека им е со среќа

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања за иницијативата на ДУИ за негова интерпелација во парламентот рече:„Тезите кои што се поставуваа во изминатиот период од страна на опозицијата, особено од страна на ДУИ, сами по себе контрадикторни. Така да сметам дека македонскиот граѓанин и македонскиот народ, многудобро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа! Ќе си постапи Собранието во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста”.Освен за министерот Тошковски, од „Европскиот фронт“ вчера поднесоа интерпелации и за неговиот заменик Астрит Исени, како и за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Се поедноставува добивање дозвола за оружје, а од МВР отказ добиваат околу 15 вработени

Избркани се околу 15 високо-позиционирани лица во МВР, поради нерегуларности при издавање на дозволи за поседување оружје. Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, тие издавале дозволи на лица кои не исполнувале услови, а ваквото право им го ускратувале на лица кои исполнувале услови.Познато е дека предметите биле чувани во фиока со години, за што, по доаѓањето на Тошковски, се водела и истрага. Во иднина, издавање на дозволи за поседување на оружје ќе биде поедноставен, а најголем дел ќе биде и електронски.Тошковски нагласи дека податоците за проверка на условите ќе се обезбедуваат автоматски преку МВР и Министерството за правда, што ќе спречи било какво влијание од страна на поединци.

Македонија | пред 1 година

1-5

Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на емисија на ТВ Алфа истакна дека борбата со организираниот криминал и корупција е еден од главните приоритети на министерството а криминалот нема никаква етничка, национална или било каква припадност освен криминална.„Во текот на вчерашниот ден се апсеа група од 15 цариници и еден полицаец за коишто во рамки на една оперативна акција спроведена по насока на Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција во кој има силни докази за поткуп и злоупотреба на службена положба и овластување. Денес имавме друга опсежна акција во неколку градови во западниот дел на државата на разбивање на криминална група која 20 години оперирала и никој не ја пипнал. Делата на таа група се бројни од трговија со дрога, трговија со луѓе, злоупотреба на службена положба и овластување. Ние мора да покажеме јасна цврста и силна волја против организираниот криминал и корупцијата. И тоа го покажуваме. Вчера со акција против корупција денес со акција против организиран криминал од највисоки размери. И така и ќе продолжиме“, потенцираше министерот Тошковски.Тошковски нагласи дека и борбата против криминалот нема да биде ефективна не се расчисти ефикасно и со криминалците во институциите и дека МВР интензивно работи и на пронаоѓање и факање на криминалците и во своите редови за што досега има значителен број реализирани дела.

Македонија | пред 1 година

2-7

Тошковски: Отворивме нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во рамки на посетата на Полициското одделение во Сарај ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од овој дел на Скопје до услугите на МВР.Министерот Тошковски истакна дека отворањето на канцеларијата, трета по ред за краток период, како дел од низа други кои ќе бидат отворени е со цел граѓаните да имаат побрз пристап до документите и услугите кои им се потребни.„Денеска сме во рамки на Полициското одделение на територија на Општина Сарај и како што и најавивме освен што започнавме со отворање на управни служби во рамки на Општина Јегуновце, Општина Липково, еве денес и во рамки на Општина Сарај започнуваме со спроведување на севкупната акција која е насочена кон доближување на услугите на министерството за внатрешни работи до граѓаните. Од денес, граѓаните на Општина Сарај ќе можат реално да пристапат во рамки на својата Општина, да не треба да патуваат до пунктовите во рамки на градот Скопје, поедноставно и побрзо да го завршуваат процесот на вадење на лични документи. Овде ќе може да се заврши целосниот процес од отпочнување на постапката се до земање на документот“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски нагласи и дека се планира со новиот закон за внатрешни работи и полиција, Полициското одделение во Сарај треба да прерасне во Полициска станица со што ќе се зголеми бројот на полициски службеници што ќе резултира со зголемување на безбедноста во самата општина и околните места.

Македонија | пред 1 година

toshkovski-r-1

Тошковски - Рокас: ЕУ со силна поддршка во реформите и креирањето на модерна и професионална полиција

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со новоназначениот амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија, Н.Е. Микалис Рокас.Министерот Тошковски упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека одличната соработка и пријателските односи ќе продолжат како и со сите досегашни амбасадори на ЕУ во земјата.„Европската унија е наш најзначаен партнер со поддршка преку структурните фондови, ИПА проектите и последно, преку Планот за раст, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција. Солидарноста летово ја видовме на дело. Благодарност до ЕУ и нејзините земји членки за асистенцијата која ни ја дадоа во справувањето со пожарите кои ја погодија земјава летово, без нивна помош, загубите и штетите по државата ќе беа непроценливи“, потенцираше министерот Тошковски.Амбасадорот Михалис Рокас ги нагласи актуелните проекти и поддршката што ја добиваме од страна на ЕУ во дел на јакнење на капацитетите на МВР, посебно во делот на илегалната миграција, борбата со организираниот криминал и високата корупција и ги подвлече предизвиците на кои треба да се фокусираме за доближување кон европските стандарди. Рокас ја изрази својата поддршка кон реформските процеси и приоритетите на министерството во борба со организираниот и сите видови криминал и корупција и обезбедување на безбедноста на сите граѓани и општеството од страна на МВР.

Македонија | пред 1 година

IMG_6834

Тошковски: Отворен нов регионален К9 центар за обука и сертификација со поддршка од Мисијата на ОБСЕ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (30.09.2024) во Полицискиот центар Ѓорче Петров се обрати на отворањето на регионалниот К9 центар за обука и сертификација.Отворањето на овој центар е една од најзначајните активности во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на РСМ во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје“, проект што се имплементира со поддршка од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.Министерот Тошковски на почетокот ја потенцираше одличната соработка помеѓу Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за внатрешни работи, која е од огромно значење за развивање и спроведување на политиките за современ систем на безбедност.„Овој регионален центар е многу значаен за Македонија, како од аспект на стратешко делување во рамки на министерството така од аспект и на оперативно делување на полицијата. Со овој комплекс реално ќе се зголеми капацитетот и на спроведување на голем број полициски активности кои се изведуваат со употреба на кучиња. Соработката којашто ја имаме со ОБСЕ е круцијална во подобрување на капацитетите на министерството во сите аспекти и преку големиот број заеднички проекти тој капацитет постојано се унапредува,“, нагласи министерот Тошковски.Министерот Тошковски истакна дека во претходните фази на овој проект е пренесено значително знаење и опрема кон министерството, како специјализирани возила и приколки наменети за службени кучиња, опрема за обука, возила и специјална опрема за деактивирање на огнено оружје, машина за маркирање и сертификати за деактивација на огнено оружје, како и изготвените документи за оперативни процедури, прирачници, упатства и медиумски кампањи.„Преку великодушната финансиска поддршка од донаторската заедница, а особено од САД, Германија, Европската Унија, Франција, Белгија, Норвешка и Словачка, Проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за МАСО ја покажува нашата силна посветеност кон зајакнување на оперативните и капацитетите за детекција на оружје на полициската единица за кучиња трагачи. Мисијата на ОБСЕ е посветена на континуирана професионализација и развој на полициските единици за кучиња трагачи, фокусирајќи се на детекција на мало и лесно оружје”, рече Сусан Пенкса, заменик-амбасадорка на ОБСЕ Мисијата во Скопје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-08-at-10.14.06

Тошковски: МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно

Во изјава за медиуми по отворањето на Регионалниот центар К9 во Полицискиот центар Ѓорче Петров, Тошковски изјави дека службите проследуваат соодветни информации до надлежните.,,Службите во рамки на институционалните форми кои што ги имавме во државата, а се занимаваат со овој тип на надлежност, проследуваа и проследуваат соодветни информации до надлежните раководни органи во рамки на истите. Тие беа споделувани соодветно и со премиерот и со претседателката. Така што, сето она кое што сме го говореле во минатото, од аспект на обиди какви што веќе видовме во овие месец дена, за подгревање на меѓуетнички тензии, дека се реалност, соодветно одговоривме, соодветно ќе одговориме и во иднина. Кога велам соодветно одговараме, велам дека МВР ги има соодветните капацитети за да одговори на начин на кој што ќе биде потребно сè со цел сите граѓани да се чувствуваат безбедно и мирно и во рамки на тој безбеден и мирен систем да ги остварува правата.", рече Тошковски.Тошковски информираше и дека во рамки на МВР во изминатиот период и во иднина ќе следат голем број на постапки врз основа на кои што ќе треба да се одбере соодветен раководен кадар.,,Како на оние позиции каде што немаме моментално, како и на оние позиции кои што се нераководни, а има потреба од ангажирање на полициски службеници како од самото министерство, така и однадвор. Секое постапување ќе биде транспарентно споделено со јавноста во однос на сите дејствија што ги преземаме. Секој еден во рамки на МВР кој што исполнува соодветни законски услови ќе може да аплицира за предметното место за кое што има интерес и соодветна комисија во рамки на министерството ќе одлучи кој е во игра, кој не е во игра.", вели тој.

Македонија | пред 1 година

toskovski

Билатерална средба на министерот Панче Тошковски со унгарскиот колега Шандор Пинтер

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (27.09.2024) во Охрид оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Унгарија, Шандор Пинтер.На средбата беше разговарано за повеќе прашања од заеднички интерес на двете држави, особено за соработката во борбата против илегалната миграција и криминалот со криумчарење на лица.Беше потенцирана потребата за продлабочување на соработката помеѓу Центарот за обука на МВР и унгарското полициско училиште за спроведување на законот во делот на спроведување на заеднички обуки.Исто така, министерот Пинтер упати покана до министерот Тошковски да уќествува на претстојната конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Будимпештанскиот процес, која ќе се одржи во Будимпешта во ноември оваа година.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања