Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Средба на министерот Тошковски со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5159

Денеска (24.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари протоколарна работна средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука Казуја.

— реклама —

На средбата министерот Тошковски се заблагодари за поддршката што Јапонија ја дава на нашата земја, посебно во сферата на образованието.

— реклама —

Министерот ги истакна моменталните предизвици со кои се справуваме посебно со големите пожари кои ја зафатија нашата држава и ги образложи плановите за реформи кои се планираат во системот за менаџирање на кризи. Во таа насока беше потенцирана заложбата за потпишување на Меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи во областа на безбедноста со цел реализација на стратешките приоритети на Владата за одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција.

— реклама —

Амбасадорот Казуја ја потенцираше поддршката што Јапонија ја дава на нашата земја преку „Гранд помош на мали проекти за човекова безбедност“ што јапонската држава ги обезбедува во разни области за унапредување на земјите во развој. Амбасадорот истакна дека Јапонија ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во исполнување на критериумите и забрзување на евроинтеграциите и нашиот пат кон ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Македонија | пред 4 дена

media-libraryqprblqreu5ireZw6m9B

Тошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028

Македонија | пред 5 дена

media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања