Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Филипче: Што треба уште да се случи за Панче Тошковски да си поднесе оставка?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Венко Филипче, претседател на СДСМ, праша што уште треба да се случи за министерот Тошковски да поднесе оставка, наведувајќи низа безбедносни пропусти со човечки жртви и без политичка одговорност. Тој ги посочи пожарот во Кочани, случаи на убиства и самоубиства, „сериски убијци“ на слобода и шверц на пет тони дрога, барајќи објаснување каде биле МВР и другите служби. Филипче оцени дека наместо одговорност, власта води кампања за дефокус со клевети и лични напади.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Што уште треба да се случи за Тошковски да поднесе оставка?, праша претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Телевизија 21 во емисијата „Клик Плус“, посочувајќи низа скандали и безбедносни пропусти кои се случуваат, со човечки жртви, без никаква политичка одговорност.

Филипче истакна дека во нормални демократии, по серија безбедносни пропусти и трагедии, одговорните функционери поднесуваат оставка, но во Македонија тоа не се случува.

— реклама —

После пожарот во Кочани во којшто се обидуваа да ги сокријат полициските функционери, после сериски убијци коишто се шетаат слободно низ државата, после убиството, трагичното самоубиство, што се случуваат на секое ниво, после шверц на дрога пет тони преку граница никаква одговорност ниту од министерот за внатрешни работи ниту премиерот. За какви луѓе станува збор, за луѓе коишто што им се смееја во лице. Вратете ја снимката за време на анкетната комисија за Кочани, им се смееја во лице на родителите додека збореа додека плачеа и бараа помош. Е со такви луѓе имаме ние работа.“ рече Филипче.

Тој потенцираше дека во јавноста се отвораат сериозни прашања за безбедносниот систем и за улогата на МВР во повеќе случаи.

— реклама —

Како ќе се објасни шверцот на дрога преку граница? Не може да се пренесе дрога без знаење на државата. Каде биле службите, каде биле царинските служби, каде било Министерството за внатрешни работи? Се прошетала дрогата низ источна Македонија и се пренела во Србија“, истакна Филипче.

Ваквите случаи укажуваат на сериозни слабости и нефункционалност на институциите кои требa да ја гарантираат безбедноста на граѓаните.

Претседателот на СДСМ оцени дека наместо да понесат одговорност за серијата безбедносни пропусти, власта води кампања на дефокус со клевети и напади.

Сè што прави ВМРО-ДПМНЕ е лажна кампања, клевети и обиди за дискредитација – приказни за згради во Дубаи, измислици и лични напади. Тоа е само обид за дефокус од главните прашања на кои немаат одговор“, истакна Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb8jf9io36b8qcjLJkpx

Филипче: Владата треба да им помогне на граѓаните со финансиски пакети

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче: Мерката за ѓубривата е задоцнета, земјоделците веќе имаат голем проблем со кризата

Македонија | пред 17 часа

media-libraryhp3nuvs3rech8aGcPgY

Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Македонија | пред 17 часа

media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Филипче: СДСМ бара едно државјанство за сите избрани и именувани функционери и тоа веднаш

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања