Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Бараме начин како системот 24/7 да функционира од страна на МВР и сите инволвирани институции“, Тошковски за справувањето со семејното насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
toskovski

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека семејното насилство е долгогодишен проблем и дека е потребен гласен и координиран институционален одговор, за да се спречат несакани последици. Тој најави заклучоци за побрзо и поправедно постапување, со приоритет насилникот да се отстрани и жртвата (особено децата) навреме да се заштити. За последните случаи рече дека има приведени лица, а за Ивана наведе дека имало повеќе пријави, но биле повлекувани поради притисок, па е потребен систем 24/7 со вклучени сите институции и граѓанскиот сектор.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ова е еден проблем кој ја тишти македонската држава, кој Македонија како проблем го има долги години и за кој ќе мора да се зборува гласно и ќе мора да се даде внимание од секој македонски граѓанин и особено од страна на институциите, се со цел да можеме да имаме подобар одговор, да ги искористиме капацитетите и да не ни се случуваат вакви несакани настани.

— реклама —

Ова го истакна денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прсконфренцијата пред тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“.

— реклама —

Се надевам ќе донесеме заклучоци кои ќе бидат имплементирани со кои максимално брзо и праведно ќе се постапи во секој еден конкретен случај, при тоа жртвата да биде навремено изолирана од страна на насилникот. Прво прашање ќе биде како максимално брзо биде насилникот да биде тргнат настрана, особено децата, се со цел да немаме дополнителни несакани ефекти - нагласи Тошковски.

— реклама —

На новинарско прашање за најновиот случај на семејно насилство, министерот посочи дека се уште не е запознаен со сите детали, туку само дека насилникот е задржан, и притоа укажа дека тоа не е единствениот случај, туку е уапсено уште едно лице за семејно насилство, кое исто така е задржано во полициска станица.

Дали растот на насилствата е поврзано со ова што се случи, дали поради тоа што се дава акцент на овие вести во периодот, но брзите реакции ќе дадат ефект - нагласи Тошковски.

На прашањето колку пријави имала поднесена Ивана, жртвата која пред неколку дена заедно со својата ќерка сокна од балкон во Скопје, министерот не даде јасен одговор, туку само дека има повеќе пријави.

Имало повеќе пријави, но за жал, секој пат кога ќе дадела пријава, ја повлелкувала. Тоа е најголемиот проблем кој го имаме. Жртивите се под притисок на насилникот, не ја обвинуваме што ја повлекла, но затоа сакаме да најдеме поефикасен институционален одговор за постапување. Тука сме за да најдеме начин како системот 24/7 да фунционира, и за кратко да одговори, и тоа не само од страна на МВР, туку и од сите инволвирани институции, како од социјалните служби, така и од аспект на кривичен суд, граѓански суд, па се до граѓански организации за поддршката која треба да им биде дадена. Па дури и од аспект на обичен граѓанин, кој може да даде инфорамции за насилство, особено за жртви на семејство - нагласи Тошковски.

Потоа нагласи дека секој полицаец дека би дал максимално од себе да може да спречи насилство врз деца и врз жени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Македонија | пред 4 дена

media-libraryqprblqreu5ireZw6m9B

Тошковски: „Нула корупција во полицијата“ – промовиран Планот за професионален интегритет 2026–2028

Македонија | пред 5 дена

media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj94lg76ne2446vgQSul

Тошковски за случајот со Анакиев: Нема недопирливи, секој којшто ќе се огреши со рекетирање и корупција ќе одговара

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања