Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Жените од СДСМ излегуваат на протест од каде ќе бараат оставка на Тошковски по трагедијата во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
toskovski

Форумот на жени на СДСМ најави протестен марш поради трагедии и институционални пропусти во справувањето со семејното насилство. Каја Шукова истакна дека јавноста е во тага и гнев по убиството на мајка и малолетна ќерка во Карпош. Таа рече дека во случајот имало 12 пријави за насилство за две години без навремена реакција и побара оставка од Панче Тошковски, посочувајќи и на случаи во Велес, Старо Нагоричане и трагедијата во Кочани. Марш ќе се одржи утре (8 Март) во Богданци во 12 часот, со поддршка и за граѓанскиот марш во Скопје.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Форумот на жени на СДСМ најави протестен марш поради, како што наведуваат, серија трагедии и институционални пропусти во справувањето со семејното насилство. Претседателката на Форумот, Каја Шукова, порача дека јавноста е во тага, шок и гнев по последниот трагичен настан во скопски Карпош, каде што животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка.

Според Шукова, во случајот со младата Ивана имало 12 пријави за семејно, физичко и психичко насилство во период од две години, но институциите не успеале навреме да реагираат.

— реклама —

„Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка?“, прашува Шукова.

Таа посочи и на други случаи, како убиството во Велес во кое животот го загубија младата Росица и нејзиниот татко, како и случајот во Старо Нагоричане, каде што, според неа, пријавите на жителите за насилство биле игнорирани со години. Шукова се осврна и на трагедијата во Кочани во која загинаа 64 лица, оценувајќи дека институциите не презеле одговорност.

— реклама —

„Сè е пропаганда, никаде нема одговорност. Пропагандата нема да ги врати загубените човечки животи“, изјави Шукова.

Таа најави дека Форумот на жени на СДСМ утре, на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ќе организира протестен марш во Богданци со почеток во 12 часот, а истовремено изрази поддршка и за граѓанскиот марш во Скопје.

„Од Скопје до Богданци, цела Македонија, сите во еден глас – за сите обесправени, понижени жени и за сите жртви изневерени од системот. Да се крене гласот и да се каже – доста е“, порача Шукова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 16 минути

— реклама —
media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 18 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 18 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања