Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ бара оставка од Тошковски: „Доста е од жртви и трагедии“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
toskovski

СДСМ побара итна оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оценувајќи дека институциите потфрлиле во повеќе случаи на насилство и трагедии во државата.

Од партијата посочуваат дека последната трагедија во скопската населба Карпош, во која животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка, силно ја потресла јавноста.

— реклама —

„Уште колку животи треба да згаснат за да има одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка? Јавноста е во тага, во шок, но и во огромен бес“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Според партијата, во случајот со Ивана, која подолг период пријавувала семејно насилство, биле поднесени 12 пријави во период од две години, но, како што велат, институциите не реагирале навреме.

— реклама —

СДСМ потсетува и на други случаи на насилство, меѓу кои убиствата во Велес, случајот во кумановско Старо Нагоричане, како и трагедијата во Кочани, оценувајќи дека сите тие, според нив, укажуваат на системски пропусти.

„Сите овие трагедии имаат заедничка точка – систем што потфрла и МВР што не реагира навреме“, наведуваат од партијата.

Од СДСМ обвинуваат дека наместо да преземе одговорност, министерот Тошковски се обидува да ја префрли вината, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.

„Нема да молчиме. Доста е од жртви и трагедии. Одговорност мора да има. Оставка од Панче Тошковски – веднаш“, порачаа од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања