Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„По две децении го враќаме средното полициско училиште“, вели Тошковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarygqd786ps1fdo9TmRHjh

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на научно-стручната конференција „Психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија“, во организација на Факултет за безбедност - Скопје.

„Често зборуваме за опрема, закони и реформи, но суштината на системот се луѓето. Ако тие не се подготвени, ниту една стратегија нема да даде целосен резултат.

— реклама —

Полициската професија денес значи работа во динамични, непредвидливи и стресни услови, каде одлуките се носат брзо и имаат директно влијание врз безбедноста на граѓаните. Затоа, психофизичката подготвеност не е дополнителна вредност, туку основа на професионалноста.

Како Министерство, работиме на системски пристап, од селекција, преку обука, до континуирана поддршка во текот на кариерата. После повеќе од 20 години, го враќаме средното полициско училиште, како темел за создавање нови генерации професионални, подготвени и посветени полицајци.

— реклама —

Верувам дека поврзувањето на науката и практиката е клучно за креирање подобри политики и услови за работа на полициските службеници. Инвестирањето во нивната подготвеност значи инвестирање во безбедноста на сите граѓани“, вели Тошковски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања