Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(ФОТО) Додека Иран крвари, децата на режимот се луксузираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryvo7fdftn3834cN2bNsd
Фото: Instagram

Додека иранските безбедносни сили брутално ги задушуваат протестите и има убиени, децата и роднините на врвот на режимот на социјалните мрежи објавуваат фотографии од јахти, приватни авиони, луксузни автомобили и скапи патувања – како ништо да не се случува.

За народот интернетот е забранет, но не и за децата на видните личности. Дел од фотографиите од Инстаграм ги објави nova.rs.

— реклама —

За многу Иранци, овие слики се симбол на длабоката неправда: систем во кој народот плаќа со страв, сиромаштија и репресија, а елитата живее без последици. Според официјалните власти, во немирите загинале најмалку 5.000 луѓе, додека независни извори говорат за над 16.000 жртви и десетици илјади уапсени.

— реклама —

Потомците на моќниците, познати како „агазаде“, уживаат привилегии стекнати преку политичко влијание и корупција. Додека обичните граѓани ризикуваат апсење дури и за објава на интернет, децата на режимот јавно се фалат со раскошен живот, често живеејќи надвор од Иран.

Во богатите квартови на северен Техеран, и покрај санкциите, елитата живее како во друг свет – со луксузни автомобили, кафулиња и бутици. Така се продлабочува јазот меѓу владејачката класа и народот, кој секојдневно ја плаќа цената на режимот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeor02ilnqm4mbKZ17OP

(Видео) Иран заплени три товарни бродa во Ормутскиот теснец, меѓу екипажот и двајца хрватски државјани

Свет | пред 34 минути

— реклама —
media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 1 час

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 14 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања