Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Фото) Иселени бездомници кои узурпирале напуштени објекти во Центар, постоел ризик од пожари и загрозување на здравјето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library9vinmiu6kgq65lMBqC6

Инспекциските служби на Општина Центар започнаа интензивна акција за расчистување на два напуштени објекта на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ „Буњаковец“, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.

— реклама —

Интервенцијата следува по барање на жителите од околните згради, кои укажале на страв од можни пожари, кражби и загрозување на јавното здравје. На локацијата во близина на гимназијата Раде Јовчевски – Корчагин, со асистенција на Министерство за внатрешни работи, биле иселени затекнатите лица, по што започнало расчистување на отпадот во и околу објектот.

— реклама —

На втората локација, кај ТЦ „Буњаковец“, поради присуство на малолетни лица, во акцијата била вклучена и социјалната служба. По нивната интервенција, надлежните пристапиле кон целосно чистење на мини-депонијата што се формирала во и околу напуштениот објект.

— реклама —

Од Општина Центар посочуваат дека и покрај континуираните интервенции на овие критични точки, нерешените имотно-правни односи често се користат како можност за повторно вселување и создавање нови ризици. Упатен е апел до сопствениците на објектите да покажат поголема одговорност, а до граѓаните – да продолжат со навремено пријавување на вакви појави со цел ефикасна реакција на службите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library03bqdjkr0cjm2LsHY7F

„Пајак“ крена 103 возила за една недела во Центар

Скопје | пред 11 час

media-libraryq48e5bmkrpp11x6jO74

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

Скопје | пред 3 дена

rabotnicki-gerasimovski-3

Центар ќе ја слави гастрономијата: распишан повик за „Нож и виљушка на европска чинија“

Скопје | пред 5 дена

media-librarydjkghpcgn8pb9CGWeZQ

Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања