Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Центар ќе ја слави гастрономијата: распишан повик за „Нож и виљушка на европска чинија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Скопје
rabotnicki-gerasimovski-3

Општина Центар распиша јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“, манифестација со која ќе се промовираат македонската традиционална кујна и европските гастрономски вкусови, со посебен фокус на локалните производители на храна.

Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека настанот има за цел да ја истакне храната како дел од културниот идентитет и како средство за поврзување меѓу луѓето.

— реклама —

„Храната е дел од нашиот културен идентитет и начин да ја споделиме домашната традиција со другите. Со проектот „Нож и виљушка на европска чинија“ ги доближуваме македонската и европската кујна до граѓаните, а локалните производители ќе имаат можност да се претстават со своите автентични производи. Како и претходната година, очекувам пријатна атмосфера, добра дружба и размена на вкусови и искуства“, порача Герасимовски.

Во рамки на манифестацијата се предвидени различни активности за сите возрасни категории, како и музичка програма што ќе ја збогати целокупната атмосфера.

— реклама —

На јавниот повик можат да се пријават регистрирани здруженија, организации и правни субјекти од областа на културата со седиште во Општина Центар, кои ќе понудат сопствен концепт и програма за реализација на проектот.

Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од денот на објавување на повикот на веб-страницата на општината, каде што е достапна и апликацијата за учество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library16j4007ht7lb36GFR7M

Дрвен“ во Дебар Маало обновен: нови реквизити и летниковец за децата

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
poc

Паркирањето во Центар за Велигден бесплатно за граѓаните

Скопје | пред 1 седмица

media-library1eqqjkocq75j5plJT81

Герасимовски: Ветените проекти се реализираат, инвестираме во улици, паркови и инфраструктура

Скопје | пред 1 седмица

media-librarytshg7d14k1o89TYVnp3

Герасимовски: Пензионерките ги учат младите за традицијата пред Велигден

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања