Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Герасимовски: Ветените проекти се реализираат, инвестираме во улици, паркови и инфраструктура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Скопје
media-library1eqqjkocq75j5plJT81

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за „48 Часа“ истакна дека довербата што ја добил од граѓаните за втор мандат ја оправдува преку работа на терен и реализација на проекти за што има поддршка и од Советот.

„Среќен сум што со Советот во овој буџет за првата година од мандатот обезбедивме средства за многу од проектите што ги ветувавме во програмата. Слободно можам да кажам дека за околу 90 проценти од проектите се предвидени финансиски средства за започнување на големите капитални инвестиции”, pече Герасимовски.

Тој посочи дека во моментов се работи на повеќе инфраструктурни зафати во различни делови на општината, како реконструкција на улици, уредување на јавни простори и реализација на капитални инвестиции предвидени во програмата.

На почетокот на годината ја завршивме салата „Работнички“, што  ја започнавме во првиот мандат, а продолжуваме и со повеќе улици кои се веќе започнати. Улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало целосно се реконструира, а пред неколку дена ја отпочнавме и реконструкцијата на улицата „Ленинова“, каде што го обновивме едниот, а сега и вториот крак. Отпочнавме и со уредување на паркот кај Зелениот пазар, каде што е предвидено партерно и хортикултурно уредување, како и нови детски и спортски игралишта. Продолжуваме со исто темпо и верувам дека поголемиот дел од капиталните проекти што ги ветивме пред граѓаните ќе ги завршиме во првата година од мојот мандат“, рече Герасимовски.


— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library16j4007ht7lb36GFR7M

Дрвен“ во Дебар Маало обновен: нови реквизити и летниковец за децата

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
poc

Паркирањето во Центар за Велигден бесплатно за граѓаните

Скопје | пред 1 седмица

media-librarytshg7d14k1o89TYVnp3

Герасимовски: Пензионерките ги учат младите за традицијата пред Велигден

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrr7lnn1m3g261PFSNC0

Герасимовски: Целосна реконструкција на детското игралиште во Дебар Маало,  побезбедна игра за малите центарци

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања