Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Герасимовски: Пензионерките ги учат младите за традицијата пред Велигден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Скопје
media-librarytshg7d14k1o89TYVnp3

Пензионерки од „Активот на жени“ одржаа едукативно-креативна работилница со седмодделенци во ООУ „Киро Глигоров“ за велигденските обичаи и фарбањето јајца, на која присуствуваше и градоначалникот Горан Герасимовски. Активноста е дел од општинскиот проект за враќање на предметот домаќинство и пренесување традиција и семејни вредности. Втора година опфаќа седмо одделение во сите училишта, со вештини како готвење, шиење, плетење и уредување дом, за практична примена во секојдневието.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Пензионерки од „Активот на жени“ ги учеа седмодделенците во ООУ „Киро Глигоров“ за велигденските обичаи, фарбањето јајца и подготовките за празникот, во рамки на едукативно-креативна работилница што се одржа во пресрет на Велигден, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Работилницата е дел од поширок проект на општината за враќање на практичните вештини во образовниот процес, преку наставниот предмет домаќинство, со фокус на пренесување на традицијата и семејните вредности.

— реклама —

„Бев сведок на прекрасна атмосфера каде младите учеа од повозрасните за нашата богата традиција, во пресрет на Велигден. Радоста и ентузијазмот беа големи и кај учениците и кај нашите пензионерки. Ваквите проекти сплотуваат генерации. Повозрасните се чувствуваат корисни, а младите се запознаваат со обичаите“, рече Горан Герасимовски.

Општина Центар-Скопје веќе втора година го реализира проектот „Застапеност на своевремениот наставен предмет домаќинство во образовниот процес“, кој опфаќа ученици од седмите одделенија од сите општински основни училишта.

— реклама —

Преку овие активности, учениците заедно со пензионерките стекнуваат практични вештини како готвење, месење колачи, шиење, кроење, плетење и везење, како и уредување на домот.

Работилниците се одржуваат во сите осум основни училишта на територијата на општината, како и во Здружението на пензионери на Општина Центар.

Целта на проектот е учениците да ги прифатат и применуваат позитивните вредности што се дел од наставното градиво на изборниот предмет „Вештини на живеење“, со акцент на практична примена во секојдневниот живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library16j4007ht7lb36GFR7M

Дрвен“ во Дебар Маало обновен: нови реквизити и летниковец за децата

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
poc

Паркирањето во Центар за Велигден бесплатно за граѓаните

Скопје | пред 1 седмица

media-library1eqqjkocq75j5plJT81

Герасимовски: Ветените проекти се реализираат, инвестираме во улици, паркови и инфраструктура

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrr7lnn1m3g261PFSNC0

Герасимовски: Целосна реконструкција на детското игралиште во Дебар Маало,  побезбедна игра за малите центарци

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања