Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Фото) Претреси во Брвеница: Пронајдени дрога, оружје и над 30.000 евра, приведени пет лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarybbvpcdu9bmntc5SCimx

Полициски службеници од СВР Тетово – Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје, утрово извршија координирана акција во тетовското село Брвеница, при што беа лишени од слобода пет лица и беа пронајдени дрога, оружје и поголема сума пари.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 28 јануари 2026 година во 06:40 часот биле приведени И.Ј. (43), С.З. (36), Д.П. (69), Д.П. (65) и С.З. (42), сите од село Брвеница. Врз основа на претходно издадена судска наредба, извршени биле претреси во нивните домови, помошни простории и патнички возила.

— реклама —

При претрес кај И.Ј. биле пронајдени пет паковки со бела прашкаста материја, 52 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, два куршуми од пиштол од непознат калибар, како и една чаура од автоматска пушка. Кај С.З. (36) биле одземени 20 куршуми од автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, пиштол и рамка со два куршуми кои ги поседувал без дозвола, како и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.

Кај Д.П. (69) полицијата пронашла пиштол без дозвола, како и ловен карабин, ловна пушка и пиштол за кои имал соодветни дозволи. При претрес кај Д.П. (65) биле пронајдени два списоци и една тетратка со имиња на лица, два компјутери, како и околу 31.640 евра, 3.400 швајцарски франци и 56.500 денари. Кај С.З. (42) била пронајдена бела прашкаста материја.

— реклама —

Приведените лица се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu1di6gje7pj04GpENEh

Повеќе акции против дрога: Кривична пријава и три приведувања во Скопје и Тетово

Македонија | пред 4 минути

— реклама —
media-librarya6m92rifrkdt9WnebWn

Пријави за насилство во Тетовско и Радовиш, дете нападнато во двор

Македонија | пред 6 минути

media-library3qgbs5j9b8377Y2TIOV

Пријава за силување во Шуто Оризари, жртвата била бремена

Македонија | пред 7 минути

media-librarygan6kj3hhkpp8ltitPV

Малолетник нападнат од соученик во Драчево

Македонија | пред 9 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања