Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Фото) Саит Саитов ги избриша трагите од брзото возење кои ги објавувал на Инстаграм и смени име на профилот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryhji59li2ak7f9oyYdsN

Само 48 минути откако „Скопје1“ објави дека Саит Саитов на својот Инстаграм профил споделувал снимки од неговото опасно и брзо возење, иако нема возачка дозвола, на неговиот профил беа забележани низа промени.

— реклама —

Саитов ги избришал сите претходно објавени и зачувани „стори“ содржини, го отстранил описот од профилот, а потоа го сменил и корисничкото име. Новото корисничко име со кое сега се појавува на социјалната мрежа гласи „1737dhxhahdhx“.

— реклама —
— реклама —

Овие потези следуваат непосредно по медиумските објави во кои беше посочено дека токму преку социјалните мрежи јавно се фалел со брзо и ризично управување на возило, што дополнително отвори прашања за неговото однесување во сообраќајот и однос.

media-libraryih61co04lqj148G9swE

(Видео) Осомничениот за смртното прегазување на жената во Капиштец сам се фалел со дивеење зад воланот на социјалните мрежи

Саит Саити, осомничен дека ја усмртил 79-годишната Љуба Јаковлеска во сообраќајната несреќа во скопската населба Капиштец, на социјалните мрежи јавно се фалел со брзо и опасно возење, вклучително и со автомобил „фолксваген пасат“, какв што, според МВРуправувал и на денот на трагедијата.Иако немал возачка дозвола, на неговиот Инстаграм-профил можат да се најдат објави и „сториња“ на кои се гледа како управува возило низ градска средина. Уште поалармантна е објава од 2024 година, кога Саити имал само 17 години, на која е прикажано возење по автопат со брзина од околу 180 километри на час, а на видеото се гледаат само раце и таблата за брзина. Овие снимки оставаат впечаток дека за осомничениот управувањето автомобил без возачка дозвола и со прекумерна брзина не било изолиран инцидент.Трагичниот настан во Капиштец се случи кога Саити, управувајќи возило без дозвола и со неприспособена брзина, удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која од здобиените повреди подоцна почина. По несреќата, осомничениот не ѝ укажал помош на повредената, туку го напуштил местото на настанот и станал недостапен за органите на прогонот.Министерството за внатрешни работи по него распиша централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Истрагата утврди дека по несреќата тој со помош на други лица ја напуштил државата, по што беа приведени и осомничени лица за помагање.Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за младо лице без возачка дозвола, кое, според достапните докази од социјалните мрежи, подолг период демонстрирало опасно и неодговорно однесување во сообраќајот.

Настани | пред 2 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0ddgp6ifppvj5B4H2qq

Детали за сообраќајката во која загина едно лице

Македонија | пред 2 седмици

media-library0ddgp6ifppvj5B4H2qq

Едно лице загина во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница, сообраќајот во прекин

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Осумнаесетгодишна возачка осудена на 14 месеци во воспитна установа откако со брзо возење усмрти двајца пријатели

Свет | пред 2 седмици

media-libraryv7cmtb6vtpk36o8Lf7l

(Фото) Сообраќајка во Ново Лисиче

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања