(Видео) Тешка сообраќајка во „Ѓорче Петров“: Судир на пет возила, младиот возач во тешка состојба
Тешка сообраќајна несреќа со учество на пет возила се случи синоќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а повеќе други се повредени.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена вчера во 21:20 часот, а во неа учествувале две патнички возила „бмв“, „фолксваген туран“, „фолксваген артеон“ и „мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки.Тешко повреден е 19-годишниот возач Л.Ј. од село Кондово, кој управувал едно од возилата „бмв“. Со телесни повреди се здобиле и двајца негови сопатници, како и шест лица од другото „бмв“ и возачот на „мерцедесот“, Б.Р. (28) од село Глумово.Повредените се пренесени во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“, каде им била укажана медицинска помош.За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Скопје | пред 4 дена