Страшна сообраќајна незгода се случи утринава во скопската населба Црниче, каде се судрија две патнички возила, при што едното завршило забиено во ограда откако претходно поминало преку патека за пешаци. За среќа, во моментот на незгодата на преминот немало пешаци. Делови од возилата биле расфрлани по улицата.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 25 февруари 2026 година околу 11:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Востаничка“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавиа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, и патничко возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки.
Во незгодата, возачот на „шкода октавиа“ се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увидот на местото на настанот е во тек, а за случајот е известен јавен обвинител, како и Одделот за внатрешна контрола при МВР.
(Видео) Тешка сообраќајка во Црниче: Се судрија возило на МВР и такси коe заврши во ограда - едно лице во болница
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 1 месец -
Настани
Поврзани содржини
МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција
Настани | пред 11 час
Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола
Македонија | пред 12 часа
МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени
Македонија | пред 13 часа
На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница
Македонија | пред 13 часа