Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СООБРАЌАЈКА

alek-radulovic

(Видео) Судски пресврт по 4,5 години судење: Судот констатира судир на интереси кај вештакот во случајот на загинатиот Алек

Мирјана Радуловиќ, мајка на трагично загинатиот 17-годишен Алек Радуловиќ, за „Скопје1“ сведочи за долгата и болна судска одисеја што трае веќе четири и пол години, а сè уште нема првостепена пресуда. Нејзиниот син загина кога возач на автомобил му го пресекол патот, по што тој со мопедот починал на самото место.Според неа, најтешкиот дел од процесот бил моментот кога Судот во декември 2024 година решил предметот да го испрати на супервештачење. Тогаш, Радуловиќ добила сознанија кои, вели, предизвикале сериозни сомнежи за неговата веродостојност.Обвинувања за незаконски контакти меѓу одбраната и вештацитеРадуловиќ објаснува дека постоело основано сомнение оти адвокатот на одбраната имал недозволени контакти со супервештаците што го работеле вештачењето.„Како родител кој бара правда за своето дете, јавно укажав дека постои сомнеж во стручноста и независноста на супервештачењето. Кратко по мојата реакција, носителот на вештачењето, Јане Илијоски од Секторот за сообраќај во Град Скопје, доби дисциплинска постапка и беше суспендиран“, изјави Радуловиќ.Вештакот на суд молчел за суспензијатаНа рочиштето од 29 септември, Илијоски тврдеше дека Алек се движел со 70,2 km/h, но, како што вели мајката, се повикувал на низа претпоставки. Кога судот ѝ дозволил да поставува прашања, таа го запрашала и за неговата суспензија.„Прво избегнуваше да одговори, но по инсистирање призна дека е суспендиран поради медиумската изложеност. Судот го укори затоа што не го пријавил овој клучен податок“, вели Радуловиќ.Две недели подоцна таа добила тужба од Илијоски за наводна навреда по гостувањето во „Претрес со Ландов“.Гостувањето изгледајте го тука:Официјалните документи: вештакот навистина бил суспендиранНа последното рочиште, според неа, Обвинителството доставило официјални документи од Град Скопје и Агенцијата за администрација, со кои се потврдува суспензијата на вештакот. Одбраната на обвинетиот побарала одложување, тврдејќи дека доказите биле прибавени „нелегално“, но судот го одбил барањето.Напротив, според Радуловиќ, судот констатирал дека:вештакот е суспендиран,пред судот прикрил важни информации,против мајката води граѓанска постапка,што го прави необјективен и во судир на интереси.Поради тоа, судот реши да го отфрли супервештачењето на Илијоски, Леонардо Славески и Орце Доневски.„Не барам ништо повеќе од правда за Алек“„Како мајка која го изгуби своето дете, давам збор дека нема да застанам додека не се утврди објективната вистина. Овој процес трае предолго — 4,5 години. Секој што работи на случајот има должност да постапува чесно, транспарентно и професионално“, изјави Радуловиќ.Таа апелира и до Техничкиот факултет во Битола, кој ќе го изработи новото супервештачење:„Очекувам да постапат независно, стручнo и без никакви влијанија. Од нивната професионалност зависи дали конечно ќе се доближиме до вистината и правдата која ја чекаме предолго.“

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Тешка сообраќајка на патот Струга-Дебар: Патничка од автобусот е со тешки повреди

Вчера во 11:20 часот, на регионалниот пат Струга- Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничка од автобусот Ф.А.(58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга.По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryco5096cgdn8559yQEKd

Во центарот на Скопје: Амбулантно возило закочило за да избегне судар, пациентот починал, а повредени се две докторки

На 19.11.2025 околу 12:01 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, медицинско возило „рено трафик“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа, управувано од Ж.А.(55) од Скопје нагло запрело при обид да избегне судир со друго возило, кое го напуштило местото.Притоа, со тешки телесни повреди се здобила А.М.(26) од Скопје, лекар од установата, додека со телесни повреди се здобила А.Р.(41) од Скопје, исто така, вработена во установата, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Во медицинското возило се превезувал и Ј.Т.(89) од Скопје, кој бил со здравствени проблеми и откако бил пренесен во  Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ лекар констатирал смрт.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-46-0730PM

Тешка сообраќајна несреќа кај Арачиново: Повредени пешаци и 3-годишно дете

Возач удрил паркирано возило, па влетал во пешациНа 13.11.2025 околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на регионалниот пат Скопје-Куманово, кај с.Арачиново, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(38) од с.Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., додека со телесни повреди се здобиле Џ.К. и тригодишното дете, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

42528638_2159192220965800_8350112581788106752_n

Прегазен пешак во центарот на Скопје

Пешак со тешки телесни повреди е пренесен во старата градска болница, откако во центарот на Скопје бил удрен од автомобил кој го управувал 50-годишен скопјанец. На 10.11.2025 околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“, ул.„Даме Груев“ и ул.„11 Октомври“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ѓ.(50) од Скопје, удрило во пешакот П.Н.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. По наредба на јавен обвинител извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarylgs15knsg4jq8ynqC5M

(Фото) Страотен судар на туристички автобус и камион во близина на Хургада, загинати и повредени странски државјани

Во сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во близина на египетскиот град Рас Гариб, во регионот на Хургада, загинаа две лица, а 36 се повредени, соопштија египетските власти. Судирот се случил меѓу туристички автобус и камион на делницата што го поврзува туристичкиот центар со главниот град Каиро.Според првичните информации, меѓу загинатите е возачот на автобусот на локална туристичка компанија, како и уште едно лице. Во несреќата има и повеќе тешко повредени, меѓу кои и странски државјани.Повредените се пренесени со возила на Итната медицинска помош во болниците во Хургада и во околните градови.Руското генерално конзулатство во Хургада потврди за агенцијата ТАСС дека една руска државјанка го загубила животот во судирот, а 27 руски туристи се повредени. Петмина од нив се хоспитализирани поради сериозни повреди.Според податоците од конзулатот, автобусот со туристи патувал од Хургада кон Каиро кога дошло до судирот. Истражните служби во Египет работат на утврдување на причините за несреќата.

Свет | пред 4 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Излажале 88-годишна битолчанка дека нејзиниот синот прегазил дете, ѝ земале 72.500 денари

Расчистен е случај со лажна сообраќајка при што се лишени од слобода две лица, а поднесена е кривична и пријава.СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против С.Г.(54) од Прилеп и С.И.(31) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 25.08.2025 во Битола, пријавените довеле во заблуда 88-годишна жена од Битола така што телефонски и со лажно претставување ја известиле дека нејзиниот син предизвикал сообраќајна несреќа во која прегазил осумгодишно дете, а нејзиниот син и неговата сопруга биле повредени, а доколку сака да го спаси синот од кривичен прогон, требала да им даде 72.500 денари. Откако ги зеле парите, пријавените заминале, а оштетената подоцна сфатила дека е измамена. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и измамниците се пронајдени и лишени од слобода, по што е поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryr2hckennqb5ecbDCVvd

(Видео) Судир на скопската обиколница, делови од возилата распрскани коловозот

Вечерва на скопската обиколница се случи сообраќајна несреќа меѓу два автомобили. Според првичните информации, засега нема податоци дали има повредени лица, но делови од возилата се распрскани низ коловозот.Местото на несреќата е обезбедено од полициски екипи, кои во моментов вршат увид за да се утврдат причините за судирот.Сообраќајот на овој дел од обиколницата се одвива отежнато, додека трае увидот.

Македонија | пред 4 месеци

media-library7qgcqdanepmkf3p7SOB

(Фото) Судир на патот Горно – Долно Лисиче, едно лице пренесено во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче, во која учествуваа две патнички возила со скопски регистарски ознаки.Според првичните информации, по судирот меѓу возилата настанала значителна материјална штета, а едно лице било повредено и со возило на Брза помош било пренесено во болница.Полицијата изврши увид на местото на настанот, а повеќе детали за причините на несреќата се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarye34i5ivo88tqcUv3VFe

Возачот кој удри во контејнери и паркирани возила во Аеродром избегал по инцидентот, па го бркале и фатиле

Во саботата, 08 ноември 2025 година, во 22:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица од ул. „Матеја Матевски“ во Скопје, патничко возило „БМВ 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А. (22) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и во патничко возило „Алфа Ромео“ со демиркаписки регистарски таблички, информираат од Министерството за внатрешни работи.Возачот го напуштил местото на несреќата, но по преземени мерки од полициските службеници бил наскоро пронајден и фатен.Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Несреќа во Велес: „Мерцедес“ излетал од патот и удрил во дрво, тешко повреден возачот

Утрово околу 09:35 часот во Велес, на улицата „Академик Пенчо Давчев“, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „мерцедес“, управувано од А.П. (47) од Велес, излетало од коловозот и удрило во дрво, соопшти Министерството за внатрешни работи.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес.По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Велес, информираат од МВР.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarye34i5ivo88tqcUv3VFe

(Фото) Сообраќајна несреќа кај „Џевахир“ – возило удри во контејнери и паркирани автомобили

Ноќеска во скопската населба Аеродром, во близина на кулите „Џевахир“, се случи сообраќајна несреќа. Според првичните информации и сведоштва на очевидци, возило што се движело со голема брзина удрило во неколку контејнери и две паркирани возила.Очевидци на социјалните мрежи објавија дека возачот изгубил контрола врз возилото, предизвикувајќи значителна материјална штета. Неофицијално, се работи за турски државјанин, а ова е втора сообраќајна несреќа во истиот дел на булеварот во само една недела.Жителите на Аеродром остро реагираат дека три од четири ленти на булеварот се речиси постојано блокирани со непрописно паркирани возила, што, како што велат, го отежнува сообраќајот и ја зголемува опасноста во овој дел од населбата.Повеќе детали за несреќата се очекуваат во текот на денот.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryl9o3dme4gt1d4EKKAGu

Еден загинат и осум повредени во судар на автомобил и автобус во тешка сообраќајка во Србија

Едно лице загина, а осум се повредени во судир на автобус и патничко возило на патот Обреновац помеѓу Умка и Обреновац.Во директен судир помеѓу автобус и автомобил, возачот на автомобилот го загуби животот, а повредените со возило на брза помош беа префрлени во Ургентниот центар.Истрагата е во тек, а сообраќајот на тој дел од патот е забавен.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryf3aevik0tcl74B5dDi3

(Видео) Сообраќајна несреќа во скопско Ново Село – неколку лица се жалеле на повреди, сообраќајот по една лента

Вечерва во скопската населба Ново Село, во општина Ѓорче Петров, се случила сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, има материјална штета и повеќе лица што се пожалиле на повреди. Дел од патниците биле пренесени во здравствена установа за лекарски прегледи.Местото на несреќата е обезбедено од полицијата, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Причините за несреќата засега не се познати, а увидот е во тек.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Девојка обвинета за сообраќајка во која едно лице загина, избегала од Македонија – распишана потерница

Девојката Викторија З. која во ноември минатата година предизвика тешка сообраќајна несреќа на патот Кавадарци – Неготино, во која загина едно лице, а тројца беа повредени, побегнала од Македонија додека траел судскиот процес против неа.Станува збор за 19-годишна обвинета, која не била предмет на никакви мерки на претпазливост – немала забрана за напуштање на државата, ниту ѝ бил одземен пасошот, поради што слободно ја напуштила земјата.Од Обвинителството за „Скопје1“ ја потврдија информацијата дека се известени од судот дека обвинетата е недостапна за органите на прогонот, по што е распишана потерница.Судскиот процес, и покрај нејзиното бегство, може да продолжи во нејзино отсуство, а доколку биде осудена, казната ќе може да ѝ се изрече и издржи по нејзиното пронаоѓање.Несреќата се случила во ноември 2024 година кога автомобил управуван од девојката излетал од патот и удрил во друго возило, при што загинало едно лице, а три биле повредени.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Сообраќајка на обиколницата кај Хиподром, голф излетал од коловозот

Скопјанец на 78 години е тешко повреден откако излетал со возило на обиколницата кај Хиподром.На 05.11.2025 во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на град Скопје, на клучка Хиподром, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(78) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

brza-pomos-nokje-3

Загинати се возачот и сопатникот на пасатот во сообраќајката на Плетвар, МВР соопшти детали

МВР утринава соопти детали до страшната соображајна несреќа на Плетвар што се случи вчера, а во која има две жртви со смртни последици и уште тројца се тешко повредени.На 04.11.2025 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О.(31) од с.Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(35) од с.Дреново, кавадаречко.Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П.(56) од с.Дреново, кавадаречко.Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „киа“ и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко, како и сопатниците од патничко возило „киа“ Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко, констатирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп, соопшти МВР

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Д-р Ненад Лазаров сведок на страшната сообраќајка на Плетвар - помагал на повредените, а сцените ги опиша како ужас

Доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи сподели информација дека бил сведок на страшната сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот по Плетвар кон Кавадарци. Вели дека запрел со возилото за да им помага на повредените, а сцените кои ги видел, како што вели, не може да ги опише со зборови.Некои хорори е добро што е невозможно да се прераскажатПред 2 часа како случајни минувачи на патот помагавме на тешка сообраќајка после Плетвар кон Кавадарци, 2ца загинати и 4 души тешко повредени, најстариот околу 40 години.Ве молам и апелирам да возите нормално и внимателно, јас сум лекар 15 години вакво нешто немам видено до сега.Не сакам ни да видам, шокантно беше и вечерва да се молиме сите останатите 4ца сите млади да ги преживеат повредите. Сеа ми треба ракија..., пишува Лазаров

Скопје | пред 4 месеци

bolnica-tetovo

Прегазено 7-годишно дете на пешачки премин на булеварот во Тетово, возачот избегал

Седумгодишно дете било прегазено на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, а возачот избегал од местото на несреќата.На 02.11.2025 во 16:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило удрило во седумгодишно дете-пешак од Тетово, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryrvivl9ufqndmbu5Rp8o

(Фото) Страшна сообраќајка во Центар: Усмртен велосипедист, мостот затворен

На мостот “Гоце Делчев” попладнево имаше страшна сообраќајка, каде возач прегази велосипедист и го усмрти.“Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот. Во тек е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот”, велат од МВР за “Скопје1”.Сообраќајка каде пешак беше прегазен на пешачки имаше и вчера во Центар. На истиов мост, сообраќајка со смртен исход имаше и во 2022 година.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

(Видео) Жена прегазена на пешачки премин кај „Јосип Броз Тито“, возачот избегал кон Водно

Синоќа во центарот на Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која тешко повредена е 79-годишна жена, а возачот кој ја удрил со автомобил побегнал од местото на настанот, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.„На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата ‘Димитрие Чуповски’ во Скопје, патничко возило ‘Фолксваген Тигуан’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (33) од Скопје, удрило во пешакот М.М. (79) од Скопје и го напуштило местото на настанот“, соопштија од МВР.Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По преземените мерки, возачот бил пронајден и приведен на локалниот пат кон Средно Водно.„Извршен е увид и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Настани | пред 4 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Четворица повредени во несреќа кај Липково, меѓу нив има и осумгодишно дете

Автомобил со швајцарски ознаки излетал од патот, при што четворица биле повредени, а меѓу повредените има и дете.На 26.10.2025 околу 11:25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат с.Липково-с.Арачиново, во атар на с.Ропаљце, општина Липково, патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.С.(29) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со полесни неговите сопатници Н.С.(37), Х.С.(35) и осумгодишно дете. Повредите се констатирани во Општата болница Куманово, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryjfbfv5tuvfma1cysqhw

Тричлено семејство загина во страотна сообраќајка во Белград

Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќта помеѓу саботата и неделата во Нов Белград.Во несреќата загинаа три лица:татко, мајка и нивното дете. Загинатите се на 42, 38 и 9 годишна возраст, соопшти полицијата.Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил со босански регистарски таблички, управуван од Никола Ѓ., државјанин на Босна и Херцеговина, поминал низ раскрсница на црвено светло и удрил во возилото во кое се наоѓало семејството со голема брзина.Алкотестот покажал дека возачот кој го управувал возилото од кое загига семејството, Никола Ѓ. имал 1,17 промили во крвта. Тој ќе се товари за кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај од член 297 став 2 од Кривичниот законик.

Свет | пред 5 месеци

media-libraryldte5ggr76q17y1Ii8Z

МВР: Затворен за сообраќај патот Македонска Каменица- Делчево поради сообраќајна несреќа

„Денеска (24.10.2025) околу 12:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица- Делчево, во близина на село Илиово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Х. Г., патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.П. и патничко возило „фиат“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од М.С.. Во сообраќајната несреќа нема повредени лица, а патот Македонска Каменица- Делчево е затворен за сообраќај во двата правца, а возилата се пренасочуваат по околните патишта“, велат од МВР

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2022-05-14-at-21.34.51

Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин

Товарно моторно возило денеска во 9 часот излета од патот Скопје – Куманово, кај клучката Хиподром (обиколница Скопје) кон Куманово, извести АМСМ.Порари неможност за нормалното одвивање на сообраќајот, сообраќајот е во прекин.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања