Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Фото) Страотен судар на туристички автобус и камион во близина на Хургада, загинати и повредени странски државјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarylgs15knsg4jq8ynqC5M
Инстаграм

Во сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во близина на египетскиот град Рас Гариб, во регионот на Хургада, загинаа две лица, а 36 се повредени, соопштија египетските власти. Судирот се случил меѓу туристички автобус и камион на делницата што го поврзува туристичкиот центар со главниот град Каиро.

— реклама —

Според првичните информации, меѓу загинатите е возачот на автобусот на локална туристичка компанија, како и уште едно лице. Во несреќата има и повеќе тешко повредени, меѓу кои и странски државјани.

— реклама —
— реклама —

Повредените се пренесени со возила на Итната медицинска помош во болниците во Хургада и во околните градови.

Руското генерално конзулатство во Хургада потврди за агенцијата ТАСС дека една руска државјанка го загубила животот во судирот, а 27 руски туристи се повредени. Петмина од нив се хоспитализирани поради сериозни повреди.

Според податоците од конзулатот, автобусот со туристи патувал од Хургада кон Каиро кога дошло до судирот. Истражните служби во Египет работат на утврдување на причините за несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0ddgp6ifppvj5B4H2qq

Детали за сообраќајката во која загина едно лице

Македонија | пред 2 седмици

media-library0ddgp6ifppvj5B4H2qq

Едно лице загина во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница, сообраќајот во прекин

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Осумнаесетгодишна возачка осудена на 14 месеци во воспитна установа откако со брзо возење усмрти двајца пријатели

Свет | пред 2 седмици

media-libraryv7cmtb6vtpk36o8Lf7l

(Фото) Сообраќајка во Ново Лисиче

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања