Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Фото) Скриени меѓу пакувања кафе: фотографии од запленетите 580 куршуми во автобус на „Дурмо Турс“ на Табановце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryhlm5pi2vf9qvfUQRYgz

Дури 580 парчиња куршуми биле откриени во автобус на „Дурмо Турс“ на граничниот премин Табановце, при контрола на влез во државата, а двајца осомничени се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава.

media-libraryrfeajuo5o31c0iCy94G

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи го открил случајот на 26-ти месецов, кога поради сомневање го запрел автобусот кој сообраќал на релација Италија – Македонија. При деталната проверка, царинските инспектори забележале оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата, што било причина за дополнителен преглед.

— реклама —

Во внатрешноста на вентилацискиот простор, помеѓу 50 пакувања кафе, била пронајдена кутија со вкупно 580 куршуми, од кои најголем дел со калибар од 9 милиметри.

media-library4scr9t5e47q6fj4iSes

Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот во кој била откриена. Одделението за истраги веќе поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово против двајца осомничени кои се лишени од слобода, додека истрагата е проширена и кон други лица.

— реклама —

Од Царинската управа информираат дека продолжуваат со засилени активности насочени кон заштита на безбедноста на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

CARINA-GRANICNI-PRELAZ-710x400

Пад на Шваке системот: ЦУ воведува нов начин за царинење половни автомобили

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryvn2d80ca2nuif8vxUE0

Царината спречи четири обиди за криумчарење злато за две недели

Македонија | пред 5 дена

media-libraryl1b8moaak8nr1lPiJX3

Турчин фатен при обид за шверц на 116 забни импланти на Скопскиот аеродром

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynaqp45tat6dn7IDgDST

Спречено криумчарење: Царина Богородица заплени златен накит вреден 581.900 денари

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања