Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДУРМО ТУРС

media-libraryhlm5pi2vf9qvfUQRYgz

(Фото) Скриени меѓу пакувања кафе: фотографии од запленетите 580 куршуми во автобус на „Дурмо Турс“ на Табановце

Дури 580 парчиња куршуми биле откриени во автобус на „Дурмо Турс“ на граничниот премин Табановце, при контрола на влез во државата, а двајца осомничени се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава.Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи го открил случајот на 26-ти месецов, кога поради сомневање го запрел автобусот кој сообраќал на релација Италија – Македонија. При деталната проверка, царинските инспектори забележале оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата, што било причина за дополнителен преглед.Во внатрешноста на вентилацискиот простор, помеѓу 50 пакувања кафе, била пронајдена кутија со вкупно 580 куршуми, од кои најголем дел со калибар од 9 милиметри.Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот во кој била откриена. Одделението за истраги веќе поднело кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово против двајца осомничени кои се лишени од слобода, додека истрагата е проширена и кон други лица.Од Царинската управа информираат дека продолжуваат со засилени активности насочени кон заштита на безбедноста на граѓаните.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryq8tfpn84v0p70UK3gLV

(Фото) Куршумите ги криеле во вентилацијата на автобусот на „Дурмо турс“ меѓу пакувања кафе, уапсени две лица

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце.„Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата.Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица.Делото е откриено на 26ти месецов кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на Дурмо Турс кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола. Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар.Царинската управа продолжува со засилени активности за заштита на безбедноста на граѓаните“, информираат од Царинската управа.

Македонија | пред 3 дена

durmo-1

Во автобус на „Дурмо турс“ на граница пронајдени 600 куршуми

Во автобус кој е запрен на граничниот премин Табановце е пронајдена муниција.Според информацијата мобилните екипи на Царинскта управа вчера изутрина во автобус на компанијата „Дурмо Турс“ пронашле околу 600 патрони.При претресот се пронајдени околу 600 патрони, калибар на лесно и долго оружје.Неофицијално според информациите пласирани во јавноста, се дознава дека запленетата муниција му припаѓа на еден од возачите што го управувале автобусот, кој ја криел муницијата на посебно место.Од Обвинителство потврдија дека има истрага.ОЈО Куманово поведе истрага против 2 лица на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост. Продолжуваат да се спроведуваат дејствија за целосно расчистување на настанот и испитување на потенцијална инволвираност и на други лица, соопштија од ЈОРМ.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryth2ecknbhv387bhWagR

Газдата на „Дурмо Турс“ конечно се појави во затвор да издржи 10 години по трагедијата кај Ласкарци и низа одлагања

По две операции на тестиси и неколкумесечни одложувања поради здравствена состојба, сопственикот на превозната компанија Дурмо турс, Дурмиш Белули денеска се јави на издржување на затворската казна во КПУ Идризово.Белули треба да издржи 10 години затвор, казна изречена за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а повеќе од 30 патници беа повредени, откако се преврте технички неисправен автобус на компанијата.Извршувањето на казната беше одложувано повеќепати поради здравствени причини. Последното одложување беше одобрено на почетокот на декември 2025 година, кога Белули достави медицинска документација за потреба од дополнителна хируршка интервенција, по претходна операција извршена во октомври истата година. Одлуката важеше до средината на декември.Во меѓувреме, второосомничениот за истата несреќа, Ремзи Мифтари, одговорен за возниот парк на компанијата, не се јави на издржување на казната и е во бегство. По неговото исчезнување е распишана потерница. И Белули и Мифтари добија правосилни пресуди на 9 мај 2025 година, кога Апелациониот суд Скопје им ги зголеми затворските казни — на Белули од четири на 10 години, а на Мифтари од шест на 10 години затвор.Судијата што го водеше предметот претходно изјави дека лично извршил проверка во здравствената установа каде што бил лекуван Белули и разговарал со лекарот што ја извршил интервенцијата, при што било потврдено дека операцијата била медицински неопходна.

Македонија | пред 2 месеци

nesreka-prvi-momenti

Дурмиш Белули денеска има закажано операција: Газдата на „Дурмо турс“ повторно бара одложување на затворската казна

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, осуден на 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци, повторно побара одложување на издржувањето на казната, со образложение дека денеска треба да биде подложен на операција. Тој денеска требаше да се јави во затворот „Идризово“.Од Кривичниот суд во Гостивар потврдуваат дека Белули поднел барање за одлагање на казната, приложувајќи болничка документација и упат за операција.„Во барањето е наведено дека од 28 ноември е хоспитализиран и дека за денеска има закажано операција. Судот ќе изврши проверка во болницата за да утврди дали наводите се точни“, информираат од судот.Пресудата за обвинетите во случајот Ласкарци е правосилна од мај. И Белули и Ремзи Мифтари – шеф на возниот парк на компанијата – претходно побараа одложување поради операција на кила. Мифтари во меѓувреме исчезна и полицијата не успеа да го пронајде за спроведување во затвор.За разлика од нив, останатите осудени веќе се во „Идризово“:– возачот Маноил Трифуновски (14 години),– Јане Бобаровски (5 години),– тројцата вработени во техничкиот центар (по 7 години).Несреќата кај Ласкарци се случи во 2019 година, кога автобус на „Дурмо турс“ излетa од автопатот поради делумно неисправни сопирачки. Загинаа 14 патници, а повеќе од 50 беа повредени.Според обвинението, автобусите биле технички прегледувани во станица што формално имала различен правен субјект, но ист сопственик – Белули.

Македонија | пред 3 месеци

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Поради кила на тестистите, обвинетите за Ласкарци и по пет месеци уште не стапнале во затворската ќелија

Пет месеци по правосилната пресуда за автобуската несреќа кај Ласкарци, двајца од осудените – сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули и транспортниот менаџер Ремзи Мифтари – сè уште не ја започнале десетгодишната затворска казна.Од Основниот суд во Тетово за „Сакам да кажам“ потврдиле дека и двајцата доставиле медицинска документација поради здравствени проблеми. Белули имал хернија на еден тестис и неодамна бил опериран, додека Мифтари имал исти тегоби на двата тестиси и треба да биде подложен на хируршка интервенција.Во меѓувреме, возачот на автобусот Мануел Трифуновски, кој беше осуден поради управување со неисправно возило и невнимание што доведе до удар во заштитната ограда, веќе ја издржува својата казна.За време на судскиот процес, одбраната на Белули и Мифтари се обидуваше да ја префрли вината исклучиво на возачот, но судот ја отфрли таа аргументација и ги прогласи сите тројца за одговорни за несреќата.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2023-10-31-at-16.55.18

Дупло поголеми казни за „Дурмо турс“: газдата од четири доби 10 години затвор од Апелација

Обвинетите во трагичниот случај „Ласкарци“ ќе одговараат со построги затворски казни, откако Апелациониот суд Скопје деновиве ја донесе второстепената пресуда со која делумно ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје, а ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите.На Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс“, скопска Апелација му изрече 10 години затвор додека првично доби казна од 4 години затвор.Одговорниот за транспорт во Дурмо, Ремзи Мифтари доби иста таква 10-годишна затворска казна додека во прв степен му беше изречена 6-годишна казна. На возачот Маноил Трифуноски му е потврдена казната затвор од 14 години, а во казната ќе му биде пресметан и домашниот притвор.На вработените во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски- казната им е зголемена од 5 години на 7 години затвор. Нивниот колега Јане Бовароски останува на првостепената казна од 5 години затвор.Шестмината се осудени на вкупно 53 години затвор. Роднините на загинатите и повредените се упатени на барање отштета во парница пред Граѓанскиот суд.Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, уште во Кривиечн суд побара најстрога казна, бидејќи, според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.Најстрога казна тогаш побараа и оштетените, родители и роднини на загинатите во сообраќајната несреќа.Процесот во Кривичен суд каде обвинетите добија пониски казни го водеше судијката Диана Груевска Илиевска.Во автобуската несреќа којашто се случи во 2019 година, животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.

Македонија | пред 10 месеци

durmo-1

(ФОТО) „Пукна гума, автобусот изгуби контрола“, нова несреќа со Дурмо турс

На автобус на Дурмо турс при движење му пукна гума. Во автобусот имало луѓе, но за среќа немало никакви последици, велат очевидци за ТВ КланМ.Патниците во автобусот биле во паника кога почувствувале мирис на изгорено, а еден од нив за ТВ Клан сведочеше за немилиот настан:„Околу 12 патници денеска се трауматизирани и исплашени од инцидентот што се случи со автобусот кој сообраќа на линијата Скопје - Гостивар. Во движење на автобусот пукна автобуската гума и возилото на кратко изгуби контрола. Возачот пред настанот го запрел возилото откако забележа дека нешто не е во ред, но по 5 минути продолжи да се движи. Во автобусот се ширеше мирис на нешто запалено а инцидентот се случи набргу потоа. Патувавме до првата наплатна рампа и застанавме таму да не земе друг автобус. Прашањето што се поставува е: Дали требаат повеќе жртви за да има судска одлука за претходниот случај?“.Извор: ТВ Клан

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања