Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Фото) Со пресретнувачи, МВР лови брзо возење: Фатен возач со 178 км/ч на патот Штип-Радовиш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 час -

Македонија
media-library6tkmv4te0fvu1FVrgG5

Министерство за внатрешни работи информира дека мобилна единица со полициски пресретнувач санкционирала возач кој управувал возило со значително пречекорена брзина.

— реклама —

Инцидентот е регистриран денеска (29.03.2026) во 18:55 часот на експресниот пат Штип–Радовиш, каде што е измерена брзина од 178 километри на час кај патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. На оваа делница максимално дозволената брзина е 110 километри на час.

— реклама —

Станува збор за возачот П.К. (33) од Радовиш, против кого се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидените санкции.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека контролите со специјалните возила – пресретнувачи ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел санкционирање на прекршителите и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Надлежните потсетуваат дека пречекорувањето на брзината е една од водечките причини за сообраќајни незгоди, кои често завршуваат со тешки последици по животот и здравјето на учесниците.

Апелот до граѓаните е да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел поголема безбедност на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 3 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 5 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања