Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Франција изненадена од Трамп: „Не сме ја смениле позицијата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library5hcfs60jsruodlaE65U

Франција реагираше на критиките од американскиот претседател Доналд Трамп, порачувајќи дека е „изненадена“ од неговите изјави и дека не ја променила својата позиција од почетокот на конфликтот со Иран.

Од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон соопштија дека одлуката да не се дозволат прелети на авиони со воена опрема кон Израел преку француски воздушен простор е во целост во согласност со досегашната политика на земјата.

— реклама —

„Изненадени сме од оваа објава. Франција не го смени својот став од првиот ден на конфликтот и ја потврдуваме оваа одлука“, наведуваат од Елисејската палата.

Претходно, Трамп на својата социјална мрежа остро ја критикуваше Франција, оценувајќи дека била „многу некорисна“.

— реклама —

„Франција не им дозволи на авионите кои одат кон Израел, натоварени со воена опрема, да ја прелетаат нејзината територија. Франција беше МНОГУ НЕКОРИСНА...САД ќе го ЗАПАМЕТАТ тоа!!!“, напиша Трамп.

Француската страна претходно соопшти дека нема да дозволи користење на нејзини бази за операции поврзани со напади врз Иран, но остава можност за привремено одобрување во случаи кога станува збор за одбрана на сојузници во регионот.

Според информации објавени од агенцијата Ројтерс, одбивањето за користење на францускиот воздушен простор се случило за време на викендот и претставува прв ваков потег од почетокот на војната. Според извори запознаени со ситуацијата, Израел сакал да го користи францускиот воздушен простор за транспорт на американско оружје поврзано со воените операции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

56

Франција мора да заштеди четири милијарди евра поради војната на Блискиот Исток

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-library3pmoo2b4pvc69x3a3Ta

Европа ја зајакнува одбраната: Заеднички нуклеарни вежби на Франција и Полска

Свет | пред 1 ден

media-libraryt9b2r3lhkdgv3SwrAyb

Франција се откажува од Windows, преминува на Linux за поголем дигитален суверенитет

Свет | пред 1 седмица

media-libraryh4366kdejfm48hgeH2T

Брз воз се судри со воен камион во северна Франција, машиновозачот загина

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања