Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Фрчкоски: „Руднап“ и Божиновска се клучниот линк, АКТ на СДСМ откри нов дел од бизнис мрежата на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-librarypu0nbtm84vftfDQiVMt

Антикорупцискиот тим на СДСМ тврди дека открил нов сегмент од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката, поврзувајќи релации преку Кипар со „Altaria Research Limited“, чиј краен сопственик наводно е „Руднап груп“ на српскиот бизнисмен Војин Лазаревиќ. Според СДСМ, министерката за енергетика Сања Божиновска е директно поврзана со „Руднап груп“ како поранешен извршен директор и управител на „Руднап ДООЕЛ“ Скопје. Се посочува и назначување пензионер во РЕК, како дел од мрежата, со тврдење дека при нефункционирање на РЕК се увезува скапа струја од која некој профитира.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ открива нов дел, уште еден сегмент од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката. Ќе почнеме од таму каде што застанавме. Бизнис релациите на Адамовиќ водат до Кипар и офшор компанија поврзана со енергетиката, вели Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

— реклама —

„А преку Кипар доаѓаме и до уште една компанија – „Altaria Research Limited“.

— реклама —

Краен сопственик на Altaria Research Limited е „Руднап груп“, холдинг компанија во сопственост на Војин Лазаревиќ, енергетски магнат и српски бизнисмен.

— реклама —

Ова е клучната компанија.

Кој е поврзан со Руднап груп во Владата на Мицкоски?

Сања Божиновска, министерката за енергетика.

Божиновска е директно поврзана со „Руднап груп“, каде што била извршен директор и била одговорна за активности во Србија, Македонија, Бугарија и други земји во регионот.

Станува збор за фирма која управува со компании во Централна и Источна Европа за трговија со електрична енергија.

Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.

„Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија.

Од овде почнува одмотувањето на ова енергетско клопче на фирми и релации.

Ова е клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.

Дали сега е појасно зошто се создаде ново министерство и зошто токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика?

Актуелно е и назначувањето на пензионер, пријател на таткото на Мицкоски, во РЕК овие денови.

Уште една алка во мрежата. Особено што бил советник на Божиновска.

Сè што граѓаните треба да знаат е дека кога РЕК Битола не работи, се увезува скапа струја. А кога се увезува скапа струја, некој профитира.

Сè е бизнис за Мицкоски.

Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја.

Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со работа.

Сè ќе објавиме“, вели Фрчкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuf4ulkcicka93H6syH2

Фрчкоски: АКТ на СДСМ го потсетува новиот јавен обвинител за бизнис мрежата на Мицкоски

Македонија | пред 1 седмица

media-library9mjf2slv8iq41uGgQx7

(Видео) Коњите на Фрчко од МВР завршија на кланица, тој си играше играчки додека бројот на наркомани растеше по сто на ден, вели Ѓурчевски

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси

Македонија | пред 1 месец

media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Фрчкоски: Целиот инженеринг со пречекот на Груби е договор меѓу ВМРО и ДУИ

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања