Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Фрчкоски: Целиот инженеринг со пречекот на Груби е договор меѓу ВМРО и ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarylnhvjv0p7u36cQc6Vpt

Јон Фрчкоски (СДСМ) тврди дека „инженерингот“ околу враќањето на Артан Груби е договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а денешното приведување повеќе личело на церемонијален пречек, медиумски испратен од граница до институциите. Тој потсети дека Груби претходно заминал како обичен патник, со наводно нефункционални камери на граница, а сега, според него, случајот се користи за дефокус од теми како минимална плата, скандалот со 5 тони марихуана и други тендери и криминали.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Целиот инженеринг околу доаѓањето на Артан Груби е договор помеѓу владејачката ВМРО- и ДУИ, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во вечерашната дебата во емисијата „Само вистини“ на Канал 5. Тој посочи дека денешното приведување на Груби наликуваше повеќе на пречек отколку на приведување.

— реклама —

„Да се потсетиме, Артан Груби ја напушти Македонија како кој било граѓанин кој туристички заминува од држава. Ако се сеќавам добро, камерите на граничниот премин тогаш не работеа. Беше обвинет некој службеник, случајно најден позади компјутерите на царината. И денеска, со едни фанфари како на свадба, го пречекаа во 6 сабајле, и нормално, тоа, како што личи, беше проследено од медиумите блиски до власта, од изјавите на владејачката партија, како една „церемонија“ на испраќање од граница до притвор, од притвор до обвинителство. Ништо не наликуваше на приведување, имаше видео во 6 часот наутро со камери, и не мислам дека некој станал во 6 наутро да снима природа на Блаце“, рече Фрчкоски.

— реклама —

Во дебатата, Фрчкоски посочи дека и „приведувањето“ на Груби е дел од внимателно конструирана наметната реторика на власта која ја дефокусира јавноста од темите кои сака да ги сокрие.

„Ова е дел од мантрата на ВМРО и како чаршав покрива многу теми од кои бега целиот овој период, како што се непокачувањето на минималната плата, скандалот со петте тони марихуана кој се уште нема никаква разрешница, едно чудо тендери, криминали кои СДСМ ги објавува. Така што, сѐ она што ќе следи во наредниот период ќе биде една камуфлажа со која ќе се обидат да го покријат, а преку случајот со Артан“, рече Фрчкоски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 12 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 17 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања