Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Фрчкоски: Власта ја турка Македонија во изолација, младите се иселуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarygnhkeqs6573nav8JV7N

-Изолираноста на Македонија во моментов плаши, затоа што таа само ќе се продлабочува и на ниеден начин нема да го спречи иселувањето, ниту ќе ги врати младите. Напротив. И покрај изјавите на премиерот дека млади се враќаат тука со авиони, прашањето е дали воопшто има визија за нивната иднина тука, додаде рече Јон Фрчкоски, член на ИО на СДСМ, во гостувањето во емисијата Стадион во Канал 77.

Фрчкоски рече дека најзагрижувачки  е  фактот што заминуваат млади, образовани луѓе.

— реклама —

-Тоа е тивка катастрофа. Државата вложува во нив, а резултатот го користат други земји. Ова е последица на долгогодишна несигурност и лоши политики, додаде тој.

Во контекст на надворешната политика, Фрчкоски истакна дека во однос на стратешкото партнерство со САД денес сме подалеку од било кога досега

— реклама —

-Партнерството со САД отсекогаш било исклучително важно за Македонија. Но, имам впечаток дека, од она што е во периметарот, денес сме подалеку од било каква поддршка и партнерство отколку било кога. Немаме конкретни односи, туку шетање по ходници на премиерот од кои не добиваме ништо. Во Давос немаше средба со сериозен лидер, а истовремено декларативно гаиме симпатии кон САД, додека сме на една друга, дури ни европска линија, која во јавната комуникација многу пати ја споменуваме. Тоа е оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, која на крајот не завршува кон Запад и САД, туку веројатно кон Москва, рече Фрчкоски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 53 минути

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 19 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања