Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Герасимовски: Очекувам во најкус рок иницијативата за вандализмот да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Gerasimovski-2

Градоначалникот Горан Герасимовски очекува иницијативата за вршење општокорисна работа на малолетниците кои вандализираат во најкус можен рок да се преточи во закон, со цел да се намалат ваквите девијантни појави во општините.

— реклама —

„Очекувам во најбрз рок нашата иницијатива да се преточи во закон, барам поддршка од сите пратеници да ги поддржат новите законски измени за да може да го спречиме вандализмот во општините. По доставувањето на иницијативата од страна на ЗЕЛС до Владата очекувам ресорните министерства да предложат измени на законите што ќе се донесат по брза постапка во Собранието. Вандализмот е проблем кој мора сите ние заеднички, меѓуинституционално да го решаваме. Еве повторно, гледаме вандализам во центарот на градот, кај „Жена парк - Борец“ кадешто се скршени и откорнати клупи со расфрлан отпад. Ова мора да го стопираме“, вели Герасимовски.

— реклама —

Иницијативата на Општина Центар беше едногласно прифатена на последната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС и со неа се предвидува да се направат измени на постоечките законски решенија како Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата. Овие измени ќе донесат позитивни резултати кај малолетните вандали.

— реклама —

Во многу европски земји како Велика Британија, Луксембург, Шведска, мерката за општокорисна работа на малолетници кои вандализираат се покажала ефикасна за ресоцијализација на младите, едукација за вредностите како одговорност и почитување на јавните простори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library03bqdjkr0cjm2LsHY7F

„Пајак“ крена 103 возила за една недела во Центар

Скопје | пред 14 часа

media-libraryq48e5bmkrpp11x6jO74

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

Скопје | пред 3 дена

rabotnicki-gerasimovski-3

Центар ќе ја слави гастрономијата: распишан повик за „Нож и виљушка на европска чинија“

Скопје | пред 5 дена

media-librarydjkghpcgn8pb9CGWeZQ

Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања