Општина Центар започна со подготвителни работи за партерно и хортикултурно уредување на потегот во Градски Ѕид, од Зелено пазарче до ул. „Македонија“.
Во рамки на активностите, се отстранува дотраеното детско игралиште во делот зад објектот „Краш“. На истата локација ќе биде поставен нов проширен простор наменет за детска игра, со нови реквизити и подлога.
Веднаш до него се планира и поставување модерна фитнес зона, опремена со справи за вежбање и рекреација.
„Модернизацијата и уредувањето на овој простор беа дел од мојата програма. По барање на жителите, овој потег го уредуваме за да биде достоен за урбаното јадро и за нивните секојдневни потреби“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
На целиот потег ќе се изврши целосно поплочување. Дотраените и искршени плочи се отстрануваат, се поставуваат нови рабници, како и нов кош на местото на постојниот. Предвидена е и изведба на хидроизолација над подземните гаражи, со цел решавање на проблемот со протекување.
Со проектот е опфатено темелно хортикултурно уредување, поставување нови клупи, светилки и уредени пешачки патеки. Просторот ќе добие функција на мини урбан парк.
Овој дел од Градски Ѕид е исклучително фреквентен, а уредувањето ќе има директно позитивно влијание врз секојдневието на илјадници граѓани, создавајќи зелена и функционална зона што ќе го поврзува Зелено пазарче со деловниот и станбениот дел на општината.
Герасимовски: Темелна трансформација на потегот во Градски Ѕид – ново детско игралиште, фитнес зона и мини урбан парк
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 2 месеци -
Скопје
Поврзани содржини
„Пајак“ крена 103 возила за една недела во Центар
Скопје | пред 11 час
Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија
Скопје | пред 3 дена
Центар ќе ја слави гастрономијата: распишан повик за „Нож и виљушка на европска чинија“
Скопје | пред 5 дена
Герасимовски: Исчистена дива депонија во Маџир Маало, собрани 12 тони отпад
Скопје | пред 5 дена