Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ѓорче Петров - прва општина со обука за претприемништво за наставници од основните училишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-librarydteft49nofkfdBPoCVg

Општина Ѓорче Петров започна дводневна обука за претприемништво за наставници од сите основни училишта, со цел унапредување на наставата и современите вештини кај учениците. Наставниците добиваат практични знаења за претприемништво, финансиска писменост, циркуларна економија, дигитализација, екологија и др. Обуката е во соработка со „Џуниор Ачивмент Македонија“, со што програмата првпат се воведува во основни училишта на ниво на локална самоуправа. По обуката ќе се организира натпревар за ученици за претприемнички идеи, во рамки на Меморандум за соработка.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Општина Ѓорче Петров започна со реализација на дводневна обука за претприемништво, наменета за наставници од сите основни училишта на територијата на општината, со што се прави значаен чекор кон унапредување на образовниот процес и развој на современи вештини кај учениците.

— реклама —

Преку оваа обука, наставниците се стекнуваат со знаења и практични алатки од областа на претприемништвото, финансиската писменост, циркуларната економија, дигитализацијата, користењето компјутери, екологијата и други современи теми кои се важни за развојот на младите генерации.

— реклама —

Обуката се реализира во рамки на соработката со здружението „Џуниор Ачивмент Македонија“, со што официјално започнуваат активностите на здружението во сите основни училишта во општината. Со ова, Ѓорче Петров станува првата локална самоуправа во која програмата започнува да се спроведува и во основните училишта, што претставува значаен чекор напред кон модерно, практично и квалитетно образование. На овој начин, општината активно придонесува кон развој на претприемничкиот дух кај учениците уште од најрана возраст, поттикнувајќи ги да размислуваат креативно, да развиваат иновативни идеи и да се подготвуваат за успешни идни кариери.

— реклама —

По завршувањето на обуката, предвидено е организирање на голем натпревар во кој ќе учествуваат ученици од основните училишта од Општина Ѓорче Петров, каде ќе имаат можност да ги претстават своите идеи и проекти од областа на претприемништвото.

Соработката е воспоставена врз основа на Меморандум за соработка, претходно потпишан помеѓу Општина Ѓорче Петров и „Џуниор Ачивмент Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysjsn4sa3c77e1iPPEID

Општина Ѓорче Петров и Црвениот крст оддадоа признание на посветени крводарители и хумани граѓани

Скопје | пред 4 дена

media-library3g0q3i21q4jn6pIMbUW

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за децата со попреченост

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryk0nscrmdlvhn6HRf0aW

Градоначалникот Стојкоски на средба со амбасадорката Н. Е. Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД

Скопје | пред 1 седмица

media-library2e1d6tmoj5co0AfwE86

Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата кровна фотоволтаична централа на јавни објекти во Македонија

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања