Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ѓорѓиевски: Болката од Холокаустот сè уште живее во сеќавањето на градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryhts6gjiiv2383cYIFOj

Денес со тешко срце се сеќаваме на нашите 7.144 сограѓани македонски Евреи, кои на овој ден беа насилно одземени од своите домови, од своите семејства и од своето Скопје, испратени кон сигурна смрт во логорот Треблинка, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Ова е болка што сè уште живее во сеќавањето на нашиот град.

— реклама —

Тие беа наши соседи, пријатели, еснафи - луѓе што со својата работа, култура и дух го градеа животот на Скопје.

Еден ден исчезнаа, а зад нив остана тишина што трае со децении.

— реклама —

🖤 Трагедијата на Холокаустот е вечна опомена за човештвото и доказ колку ниско може да падне човекот кога омразата ќе стане идеологија, а злото политика.

Затоа нашата должност е да паметиме.

Да ја чуваме вистината.

И никогаш да не дозволиме темнината повторно да се врати.

Скопје никогаш нема да ги заборави своите сограѓани.

Нека е вечен споменот на жртвите“, додава Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library79gqcpfliara6H0Ea0E

Меѓународна поддршка за Скопје како Европска престолнина на културата 2028: Ѓорѓиевски домаќин на делегации од Германија, Италија и Словенија

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarys9kiphe3lu00acRP4QO

Ѓорѓиевски во хуманитарна акција: Поделени над 300 оброци за бездомни и социјално загрозени лица

Скопје | пред 1 седмица

media-library3q32rcf2m08h6qXxMZB

Од Драчево до центар за 11 минути: Градски воз ќе јури низ Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-librarya51ekh2uppkq6Tfx3FD

Ѓорѓиевски заедно со лица со Даунов синдром засади дрвја во ЗОО Скопје како симбол на надеж и еднаквост

Скопје | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања