Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Гори на шест локации - на Илинден, борби со шумски пожари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
pozar1-1

ЦУК: Денес претпладне (петок, 02.08.2024) активни се 6 пожари на отворено и шумски пожари:

— реклама —

1. Општина ДЕМИР ХИСАР: врз пожарот на Илинска Планина дејствуваме со концетриран напад од 5 ер трактори (1 на ДЗС, 2 германски и 2 шведски). На тешко пристапниот терен на земја гаснат локални пожарникари со подршка на месно население.

— реклама —

2. Општина МАКЕДОНСКИ БРОД: с.Тажево – с.Брезница – крак кон Јасен. Овде го упативме тимот од Унгарија составен од 46 лица со специјални теренски возила и опрема а заедно со нив ќе гаснат и 50 припадници на Армијата и 20 локални пожарникари.

— реклама —

3. Општина ПРОБИШТИП 1: с.Зелениград – с.Јамиште. Денес овој пожар го гаснеме со концетриран напад со 8 хеликоптери. Четири од нив гаснат од рано наутро (1 полициски, 2 Армиски и 1 српски) а останатите 4 полетаа пред малку (2 унгарски, 1 словенечки и 1 чешки. На тешко пристапниот планински терен гаснат локални пожарникари со подршка на 30 припадници на Армијата.

4. Општина ПРОБИШТИП 2: Во атарот на с.Стрисовци на земја гаснат 35 припадници на Армијата, 10 локални пожарникари како и вработени од Рудник Булмак, ЈКП, ДЗС доброволци од месното население. Од воздух им помага 1 хеликоптер од Чешка.

5. Општина ПЛАСНИЦА: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод, гори трева, грмушки и нискостеблести растенија. Во гаснењето учествуваат локални пожарникари и тим од Национални Шуми.

6. Општина ПЕХЧЕВО: с.Негрево, (10 припадници на ДЗС и 15 припадници на Армијата работат на целосно догаснување на пожарот кој сеуште има внатрешно горење но од вчера е под целосна контрола.

Овој план во зависност од состојбата на терен како и состојбата на воздухопловите може да претрпи измени во било кој момент. Наш приоритет секогаш е безбедноста на луѓето ("сејфти фрст"), веднаш потоа населените места а потоа и зимзелена шума.

Рано утрово се одржа брифинг со пилотите на воздухопловите од странство на кој тие беа запознати со активните пожари врз кои треба да дејствуваат во текот на денот (прилог фото).

Центарот за управување со кризи и Главниот штаб за управување со кризи на сите македонски граѓани им го честитаат денот на Републиката, Илинден!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Врнежи од дожд ја зафаќаат целата земја, можно зголемување на водостоите

Македонија | пред 4 дена

media-libraryq01sddkshk654bO34jw

Во тешка сообраќајка загина оперативен работник во ЦУК Битола

Македонија | пред 3 седмици

media-library2jdksi4fhtjh5su9eDb

(Фото) Голем одрон кај Катлановскиот тунел на автопатот Скопје–Велес, сообраќајот се одвива по една лента

Македонија | пред 1 месец

reka

Зголемени водостои на повеќе реки низ државата, се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања