Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Градоначалник парично казнет за неовластено заловување и дислокација на бездомни кучиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
kucinja-kuce

Тања Оловолска Ристевска, која често објавува содржини поврзани со третманот на бездомните животни, информираше преку својот Фејсбук-профил дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрекла парична казна за градоначалник поради неовластено заповедање и дислокација на бездомни кучиња.

— реклама —

Според нејзината објава, инспекциските служби реагирале по појавувањето на видео и фотографии на социјалните мрежи, кои предизвикале бројни реакции кај граѓаните. АХВ спровела вонреден инспекциски надзор, при што било утврдено дека заловувањето и преместувањето на кучињата се извршувале спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, без одобрување на Агенцијата и од страна на неквалификувани лица.

— реклама —

За сторениот прекршок изречена е мерка забрана за вршење активности кои не се одобрени од АХВ.

— реклама —

Ристевска пренесува дека, по поднесена иницијатива од граѓани, минатата недела бил направен и вонреден надзор во објект за сместување и чување кучиња во приватна сопственост. Инспекторите утврдиле неправилности спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, по што е изречена парична казна за одговорно лице, како и посебна инспекциска мерка — одземање животни.

Агенцијата за храна и ветеринарство најавува дека ќе продолжи со инспекциските активности и контролите поврзани со третманот на бездомните животни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

jajca

АХВ спречи нелегален увоз: уништени над 40 тони нелегални јајца од Србија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryv1vilfbvhqtj6spHOi9

АХВ ја затвори кујната во РЕК Битола по дојавата за труење со храна: Земени се мостри од храна и брисеви

Македонија | пред 4 дена

media-library1mhds8vps9mafEV34CO

АХВ запре 50 тони небезбедна храна: Мелено месо од Парагвај и ореви од Казахстан вратени од граница

Македонија | пред 1 седмица

gotvenje-hrana-1

АХВ казни домови за стари лица: откриени сериозни пропусти со храната

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања