Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Градоначалникот Ѓорѓиевски и отец Оливер подготвуваа оброци за социјално загрозените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
thumbnail_01

Меѓународниот ден за борба против гладот, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и отец Оливер го започнаа во црковно-народната кујна на хуманитарната организација „Свети Спас”, лоцирана во Долно Лисиче.

— реклама —

— реклама —

Таму, заедно со вработени од Општина Кисела Вода, и волонтерите од хуманитарната организација подготвуваа оброци за социјално загрозените семејства. Оброците потоа се делат на финансиски немоќните семејства, а исто така, Општина Кисела Вода заедно со двете градинки од оваа територија ќе поделат и хуманитарни пакети.

— реклама —

-На Светскиот ден за борба против гладот, заедно со Отец Оливер, и тим од општината, се приклучивме на иницијативата за подготовка на оброци за социјално загрозените семејства, дел од програмата на Хуманитарната организација “Свети Спас”. Во време кога многумина се соочуваат со големи предизвици, нашата обврска е да подадеме рака и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Хуманоста е темелот на едно здраво и солидарно општество. Малите дела на добрина имаат голема моќ да внесат светлина во животите на луѓето. Овие оброци што денес ги подготвуваме се повеќе од храна – тие се симбол на грижа, љубов и поддршка, порака дека никој не треба да биде оставен сам во тешки моменти. Им се заблагодарувам на Хуманитарната организација Свети Спас и на Отец Оливер за нивната посветеност и за сите напори што ги вложуваат во помагање на нашите сограѓани. Заедно покажуваме дека кога сме обединети во доброто, можеме да направиме вистинска разлика-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Почината 43-годишна жена пронајдена во дом во Кисела Вода

Скопје | пред 1 ден

media-librarybt3dscm9d7kf6SjAb4I

Градоначалничката на Кисела Вода им даде рок од 10 дена на граѓаните да ги тргнат хаварисаните возила

Скопје | пред 1 седмица

media-library7v7ld4nvqcdgcKvUWQK

СДСМ Кисела Вода реагира: Се врши сеча на повеќегодишни дрвја за изградба на нов објект

Скопје | пред 1 седмица

media-librarymk61ii5qa4ui3W1fBRy

(Фото) Големи пукнатини на патот кон Теферич – затворен за сообраќај

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања