Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Градоначалникот Ѓорѓиевски и Премиерот Мицкоски на почетокот на градежните работи за реконструкција на патот Драчево-Пеленица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
orce-kiselavoda-1

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денес заедно го означија почетокот на градежните работи за реконструкција и проширување на патот Пеленица-Драчево, односно реконструкција на коловозот на патот кој води кон манастирот „Пеленица“ во општина Кисела Вода.

— реклама —

-Денес сме сведоци на уште еден значаен чекор во насока на подобрување на квалитетот на животот на жителите од Кисела Вода, Драчево и околните населени места. Со почетокот на реконструкцијата на патната делница Пеленица-Драчево, на потегот од Јустинијан Први до границата со Општина Студеничани, ја демонстрираме заедничката посветеност на локалната и централната власт за решавање на инфраструктурните проблеми кои со децении чекаа решение. Станува збор за реконструкција и проширување на фреквентна сообраќајница со должина од 3.400 метри, со изградба на тротоар од едната страна, што досега никогаш досега го немало, односно изградба на пешачка патека за рекреирање на жителите на овој дел од градот. Тука ќе се изведува и третирање на атмосферските води со ф 1000 цевки и поставување на каналетки за одведување на водите. Оваа делница, која не е обновена цели 30 години, конечно ќе добие нов лик и нов квалитет, обезбедувајќи подобри услови за жителите на Кисела Вода и Студеничани, како и за сите што ја користат оваа сообраќајница за пристап до селата.

— реклама —

— реклама —

Проектот, со вредност од околу 25 милиони денари, е реализиран благодарение на средствата добиени од Владата на Република Македонија за капитални инвестиции. Сакам да изразам искрена благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски и до Владата за оваа значајна поддршка. Горд сум што за еден месец, Премиерот трет пат е присутен во нашата општина за почеток на голем капитален проект. Неодамна заедно го одбележавме почетокот на изградба на нова детска градинка во Кисела Вода. Потоа ја започнавме реконструкцијата на спортската сала Расадник, симбол на општината, а денес го објавуваме и почетокот на оваа витална патна делница.

Ова е доказ дека во Кисела Вода се случува инфраструктурен бум, и дека ги споделуваме заедничките вредности со Владата и се обединуваме околу клучни проекти кои се во интерес на народот. Заедно, преку конструктивна соработка, создаваме подобри услови за живот, развој и напредок на сите жители. Убеден сум дека оваа реконструкција, ќе придонесе за подобрување на безбедноста, ефикасноста и функционалноста на сообраќајот, и дека ќе ги постави основите за понатамошен развој на регионот-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави посветената работа на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и добрите проекти како денешниот кој е финансиран од владините средства за поддршка на општините.

-Ова е еден од оние проекти финансирани од Владата, односно со средствата кои се реалоцирани од централниот буџет кон општините. Во Кисела Вода во наредниот период ќе имаме уште неколку такви, се подготвуваат и други проекти за периодот што следи, односно за следниот повик. Јас сум сигурен дека со проекти како овој проект ќе додадеме вредност во квалитетот на животите на граѓаните од ова населено место , но и од соседната општина Студеничани. Му честитам на градоначалникот, на администрацијата на општината, на пратениците, на луѓето кои помогнаа сето ова да се реализира, бидејќи како што знаете треба да се подготви техничка документација, соодветни одобренија и така натаму. . . Ние продолжуваме со иста динамика, продолжуваме да го испорачуваме тоа што сме им го ветиле на граѓаните, бидејќи за тоа сме ја добиле и довербата од нив, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybpuqtoov1sgc3UFfXOw

Почината 43-годишна жена пронајдена во дом во Кисела Вода

Скопје | пред 1 ден

media-librarybt3dscm9d7kf6SjAb4I

Градоначалничката на Кисела Вода им даде рок од 10 дена на граѓаните да ги тргнат хаварисаните возила

Скопје | пред 1 седмица

media-library7v7ld4nvqcdgcKvUWQK

СДСМ Кисела Вода реагира: Се врши сеча на повеќегодишни дрвја за изградба на нов објект

Скопје | пред 1 седмица

media-librarymk61ii5qa4ui3W1fBRy

(Фото) Големи пукнатини на патот кон Теферич – затворен за сообраќај

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања