Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Граѓаните платиле 3 милиони евра повеќе поради поскапувањето на дизелот, Владата една недела без мерки за цените на горивата, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
benzinska-benzin-nafta-

СДСМ ја обвини Владата на Христијан Мицкоски дека цела недела не презела мерки за намалување на цените на горивата, што според нив го влошува животниот стандард и ќе ги покачи и цените на другите производи. Велат дека во маркетите веќе има притисок, а маслото за јадење надминало 100 денари. Партијата предлага намалување на ДДВ за горива од 18 на 5%, акциза за 4 денари и ДДВ за основни прехранбени производи. Тврдат дека по растот на дизелот за 14 денари граѓаните платиле околу 3 милиони евра повеќе и предупредуваат на дополнителен раст на нафтата ако кризата во Иран потрае.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски цела недела не презема никакви мерки за намалување на цените на горивата, и покрај, како што велат, растечкиот притисок врз животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

Од партијата предупредуваат дека поскапувањето на горивата директно ќе се одрази и врз цените на другите производи. Според нив, во маркетите веќе се чувствува притисокот врз цените, а цената на маслото за јадење надминала 100 денари.

— реклама —

„Дали Владата на Мицкоски намерно дозволува ваква состојба за да профитира од високите даноци или станува збор за неспособност?“, прашуваат од СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија велат дека веќе предложиле пакет мерки, меѓу кои намалување на ДДВ за горивата од 18 на 5 проценти, намалување на акцизата за четири денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.

Според нив, овие мерки долгорочно би придонеле за намалување на цените и олеснување на трошоците за граѓаните.

Од СДСМ тврдат дека само со последното покачување на цената на дизелот за 14 денари, граѓаните оваа недела платиле околу три милиони евра повеќе.

Партијата предупредува и на можен дополнителен раст на цените на нафтата, доколку конфликтот во Иран потрае подолг период. Според нивните проценки, доколку кризата трае три месеци, цената на нафтата би можела да достигне 150 до 160 долари за барел.

Од СДСМ оценуваат дека доколку Владата не преземе мерки за ограничување на растот, цените ќе продолжат да растат и подоцна ќе биде тешко да се вратат на пониско ниво, дури и ако дојде до стабилизација на светските пазари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања