Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Игри има, резултати нема“ – нов напад од СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryjboo9gik85eq1g1FT5e

СДСМ со остар тон реагираше на, како што велат, обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку ангажирање на странски ПР агенции да влијае врз јавноста, оценувајќи дека таквите стратегии не даваат резултати.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека, наместо решенија за граѓаните, власта се занимава со „игри“, додека, како што велат, реални резултати изостануваат.

— реклама —

„Сè уште игри, леб никаде“, порачуваат од СДСМ, обвинувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ангажира низа ПР експерти и агенции од Србија, но без ефект врз јавноста.

— реклама —

Според нив, граѓаните веќе ги препознале овие, како што ги нарекуваат, „дефокусирачки тактики“, поради што, тврдат, владејачката партија бележи пад на рејтингот.

Во соопштението, СДСМ изнесува и сериозни обвинувања за поврзаност на лица од власта со криминал и корупција, наведувајќи дека дел од тие кадри веќе се соочуваат со постапки, додека други, како што велат, се во бегство.

„Ако навистина сакате борба против криминал и корупција, почнете од сопствените редови“, порачуваат од СДСМ.

Партијата исто така ја критикува реториката на ВМРО-ДПМНЕ во однос на националните прашања, оценувајќи дека тврдењата за загрозен идентитет се неосновани и дека тие наративи повеќе не поминуваат кај граѓаните.

Во завршницата, од СДСМ порачуваат дека, како што велат, „лагите имаат кратки нозе“ и најавуваат одговорност за, според нив, сите злоупотреби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 10 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања