Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ирак се повлече: Нема да учествуваме во никаква воена акција во Персискиот Залив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-libraryo2nhadocc3ckaEd3mAj

Ирачкиот премиер Мухамед ел Судани изјави дека операцијата во Ормускиот теснец нема да помогне во пловидбата и ќе предизвика реакција од Иран, поради што Ирак нема да учествува во неа.

„Не веруваме во воени решенија. Оружаната одбрана на бродовите ќе предизвика реакција од Иран и нема да го олесни пловењето. Затоа нема да учествуваме во никаква воена акција во Персискиот Залив“, рече премиерот во интервју за италијанскиот весник Кориере дела Сера.

— реклама —

Премиерот посочи дека ирачките сили успешно спречиле голем број напади од шиитски формации, потсетувајќи дека токму тие групи се бореле против терористичката организација ДЕАШ заедно со Американците.

Бројот на земји кои се подготвени да учествуваат во обезбедувањето безбеден премин на бродови низ Ормускиот теснец се зголеми на 22.

— реклама —

Минатиот четврток, шест земји објавија дека ќе се приклучат на коалицијата за обезбедување на безбедноста на бродовите: Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија и Јапонија. Покрај овие шест европски земји, коалицијата ја сочинуваат и балтичките држави Летонија, Литванија и Естонија и скандинавските – Данска, Норвешка и Шведска. Од арапските земји, учество најавија ОАЕ и Бахреин. Членките на коалицијата изјавија дека сите земји имаат корист од безбедноста на поморските патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mkd-393567

Иран го вклучи Ирак меѓу „пријателските“ земји и му дозволи премин низ Ормускиот теснец

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarypb0hu429g7rt6jxqTRZ

Ирачката влада во тешка позиција помеѓу САД и Иран

Свет | пред 3 седмици

media-librarybek2n28muvkfetyUfBk

(Видео) Дрон удри во седиштето на ирачката разузнавачка служба во Багдад, загина еден службеник

Свет | пред 1 месец

w_55664211

Трагедија во Ирак: Се урна американски воен авион, шестмина загинати

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања