Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИРАК

media-librarypb0hu429g7rt6jxqTRZ

Ирачката влада во тешка позиција помеѓу САД и Иран

Ирак, кој досега успеваше да ја одржува рамнотежата за да ги зачува своите сојузи со Вашингтон и Техеран, поради војната на Блискиот Исток сѐ потешко успева да избегне смртоносна ескалација, објавува France Presse.По нападите кои им се припишуваат на САД, Багдад го заостри тонот и го одобри „правото на одговор и одбрана“ на поранешните паравоени формации Хашд ал-Шаби, познати како Сили за народна мобилизација. Овие формации се дел од државните сили, но обединуваат и проирански вооружени фракции кои се бореле против Исламската држава и редовно преземаат одговорност за напади со беспилотни летала и ракети врз американските цели. Од почетокот на американско-израелската офанзива против Иран на 28 февруари, тие повеќепати ја нападнале американската амбасада во Багдад.И покрај војната, Ирак се обидува да одржи одредена рамнотежа меѓу својот американски партнер и иранскиот сојузник. Владата повика на разговор американски службеник по смртоносниот напад врз Хашд ал-Шаби, како и иранскиот амбасадор по нападите со балистички проектили во кои загинаа шест војници од автономниот Курдистан.Експертите предупредуваат дека владата се наоѓа во тешка позиција: не може да влезе во отворен конфликт со САД, но не може ниту да ги спречи проиранските групи да вршат напади во земјата и надвор од неа. Со појачаните воздушни напади врз овие формации, ризикот од ескалација и можен граѓански конфликт расте секојдневно.Силите Хашд ал-Шаби, кои бројат околу шеесет фракции, се концентрирани во провинциите Ал-Анбар, Нинива, Киркук и Џурф ал-Сахар, каде што делуваат заедно со редовната војска. Целта на американските напади е да се ослабат лидерите и командните центри на овие групи, но тие сепак задржуваат можност за штета со ракети и беспилотни летала.Експертите истакнуваат дека без политичка стратегија, овие напади ќе доведат само до фрагментација и хаос, а ирачката влада сѐ уште нема средства да ги принуди групите да се разоружаат без ризик од граѓанска војна.

Свет | пред 1 ден

media-libraryjc3bsvsqpnai3K2G1Fn

Дронови од Ирак целеле американска база

Американска воена база во Сирија била цел на напад со дронови лансирани од територија на Ирак, но нападот бил успешно одбиен без жртви, соопштија сириските власти.Помошникот на сирискиот министер за одбрана, Сипан Хамо, информираше дека базата во Касрак била нападната со четири дрона.„Претходно денес, американската база во Касрак, лоцирана на наша територија, беше нападната со четири дрона лансирани од ирачка територија“, изјави Хамо, додавајќи дека „дроновите се соборени без жртви“.Тој посочи дека одговорноста за нападот ја гледаат кај Ирак.„Го сметаме Ирак за одговорен и го повикуваме да спречи повторување на вакви напади кои ја загрозуваат нашата стабилност“, изјави Хамо.Инцидентот следува само еден ден по сличен напад, кога сириската војска соопшти дека одбила уште еден напад со дронови од Ирак, насочен кон базата Ал-Танф во југоисточниот дел од земјата.Нападите се случуваат во контекст на зголемени тензии и засилени напади врз американски позиции во регионот.

Македонија | пред 1 ден

media-librarypb0hu429g7rt6jxqTRZ

Ирачкиот премиер го осуди нападот врз домот на претседателот на Курдистан

Мохамед Шија ал Судани го осуди нападот врз домот на претседателот на ирачкиот полуавтономен курдски регион, соопшти кабинетот на премиерот.Во соопштението се наведува дека ал Судани имал телефонски разговор со претседателот на курдскиот регион, Нечирван Барзани.Според безбедносните извори, нападот се случил рано утрово.

Свет | пред 2 дена

media-libraryp1npor34oled3waVIWK

Нов безбедносен договор: Ирак нема да дозволи напади врз САД од своја територија

САД и Ирак најавија засилена координација со цел да се спречат напади од вооружени групи и да се оневозможи ирачката територија да се користи за напади врз цели поврзани со САД.Според соопштението на американската амбасада во Багдад, двете страни се договориле да ја продлабочат безбедносната соработка.„Ирачката и американската страна одлучија да ја интензивираат соработката за спречување терористички напади и да обезбедат ирачката територија да не се користи како појдовна точка за каква било агресија … против американскиот персонал, дипломатските мисии и Глобалната коалиција“, се наведува во соопштението.Овој потег доаѓа во контекст на актуелната војна меѓу Израел, САД и Иран, како и зголемената загриженост поради нападите врз американски објекти во Ирак.

Свет | пред 2 дена

w_55664211

Ирачки Курдистан: САД не ги вооружува иранските Курди во егзил

Заменик-премиерот на автономниот регион Ирачки Курдистан, Кубад Талабани, изјави дека САД не ги вооружуваат иранските курдски опозициски групи кои се наоѓаат во егзил во регионот.Во изјава за AFP, Талабани нагласил дека не се забележани никакви обиди од страна на САД или нивни структури за снабдување со оружје на овие групи во Ирачки Курдистан.Тој истовремено повторил дека властите во регионот се против било какво вклучување на иранските курдски опозициски групи во пошироките конфликти на Блискиот Исток, потенцирајќи дека таквото сценарио би можело дополнително да ја дестабилизира ситуацијата во регионот.Изјавата доаѓа во контекст на зголемените тензии на Блискиот Исток и шпекулациите за можни индиректни вмешувања на странски актери преку локални групи.

Свет | пред 3 дена

media-libraryo2nhadocc3ckaEd3mAj

Ирак се повлече: Нема да учествуваме во никаква воена акција во Персискиот Залив

Ирачкиот премиер Мухамед ел Судани изјави дека операцијата во Ормускиот теснец нема да помогне во пловидбата и ќе предизвика реакција од Иран, поради што Ирак нема да учествува во неа.„Не веруваме во воени решенија. Оружаната одбрана на бродовите ќе предизвика реакција од Иран и нема да го олесни пловењето. Затоа нема да учествуваме во никаква воена акција во Персискиот Залив“, рече премиерот во интервју за италијанскиот весник Кориере дела Сера.Премиерот посочи дека ирачките сили успешно спречиле голем број напади од шиитски формации, потсетувајќи дека токму тие групи се бореле против терористичката организација ДЕАШ заедно со Американците.Бројот на земји кои се подготвени да учествуваат во обезбедувањето безбеден премин на бродови низ Ормускиот теснец се зголеми на 22.Минатиот четврток, шест земји објавија дека ќе се приклучат на коалицијата за обезбедување на безбедноста на бродовите: Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Холандија и Јапонија. Покрај овие шест европски земји, коалицијата ја сочинуваат и балтичките држави Летонија, Литванија и Естонија и скандинавските – Данска, Норвешка и Шведска. Од арапските земји, учество најавија ОАЕ и Бахреин. Членките на коалицијата изјавија дека сите земји имаат корист од безбедноста на поморските патишта.

Свет | пред 1 седмица

media-librarybek2n28muvkfetyUfBk

(Видео) Дрон удри во седиштето на ирачката разузнавачка служба во Багдад, загина еден службеник

Еден службеник на Ирачката разузнавачка служба загина утрово во напад со дрон близу седиштето на службата во Багдад, кој властите го означија како терористички чин. Националната разузнавачка служба наведува дека нападот бил извршен од одметнички групи.Во соопштението објавено на социјалната мрежа X, службата го опиша нападот како „очајнички обид да се одврати службата од извршување на нејзините професионални задачи“ и нагласи дека ваквите терористички акции само ја зацврстуваат нивната решеност да ги пронајдат и изведат пред правдата сторителите.Раните информации од Ирачката новинска агенција (INA) укажуваат дека дронот паднал на седиштето на разузнавачката служба во областа Ал-Мансур во западен Багдад околу 10:15 часот.Некои фракции поврзани со „ирачкиот отпор“ тврдат дека нападот следел по бегството на одреден број американски разузнавачи поради континуираното гранатирање на американската Амбасада и базата Викторија, но овие информации сè уште не се потврдени од официјални извори.Напнатоста во регионот е зголемена по американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари, на кои Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел и земјите од Заливот со американски воени капацитети.

Свет | пред 1 седмица

media-librarypb0hu429g7rt6jxqTRZ

Загина ирачки офицер во напад со дрон во Багдад

Еден ирачки офицер загина откако дрон, лансиран од „одметнички групи“, погодил област во близина на седиштето на Ирачка национална разузнавачка служба во Багдад, соопшти службата.Според информациите, нападот се случил во утринските часови, кога дронот се урнал во комплексот на разузнавачката служба во населбата Мансур.Претходно, претставникот на ирачката безбедносна медиумска служба, Саад Маан, изјавил дека инцидентот се случил околу 10:15 часот по локално време.Надлежните засега не соопштуваат дополнителни детали за напаѓачите, но истрагата за случајот е во тек.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp1npor34oled3waVIWK

Дронови ја нападнаа американската база „Виктори“ во Ирак, НАТО сојузниците започнуваат со повлекување

Најмалку четири дронови ја нападнале американската воена база „Виктори“ во близина на Багдад, при што во текот на ноќта и раните утрински часови одекнале силни експлозии. Засега нема официјални информации за жртви, но според првичните податоци, еден од дроновите погодил заден влез од базата и предизвикал пожар.Друг дрон паднал во рамките на комплексот, додека трет, според извештаите, испукал граната од ракетен фрлач – потег што се оценува како сериозна ескалација на нападите врз американските сили во регионот. Се претпоставува дека беспилотните летала биле лансирани од подрачјата Абу Граиб и Дора, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста околу ирачката престолнина.Нападите не се изолирани само на Багдад. Слични инциденти се регистрирани и во северниот дел на Ирак, како и во Ербил, што укажува на ширење на конфликтот надвор од главните жаришта. Во меѓувреме, американските сили возвратиле со напади врз позиции на ирачките Народни мобилизациски сили, со што се отвора двонасочен фронт на теренот.Во ваква ескалирачка безбедносна ситуација, дел од НАТО сојузниците започнале повлекување на своите сили од Ирак. Според дипломатски и безбедносни извори, доминира ставот дека станува збор за поширок регионален конфликт во кој тие не сакаат директно да се вклучат, особено поради зголемените ризици за нивните војници и ниската поддршка во домашната јавност.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

(Видео) Погоден уште еден американски авион

Американски авион за дополнување гориво принудно слетал во Тел Авив по инцидент во воздушниот простор на Ирак, пренесе Тасним, повикувајќи се на ирачки извори.Како што се наведува, авионот претрпел оштетувања за време на летот, поради што побарал итно слетување на аеродромот „Бен Гурион“, каде потоа било прогласена вонредна состојба.Детали за причината за инцидентот и евентуалните последици засега не се соопштени, но на социјалните мрежи се тврди дека станува збор за авион тип KC-135.Да потсетиме, минатата недела американски авион за дополнување гориво KC-135, кој поддржувал операции против Иран, се урна во западен Ирак.Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека сите шест членови на екипажот загинале.

Свет | пред 1 седмица

media-librarykvn82lelc6hkeygTScl

Итно предупредување од Вашингтон: Американците да заминат од Ирак

Соединетите Американски Држави ги повикаа своите државјани веднаш да го напуштат Ирак, откако во текот на ноќта беше извршен напад врз зградата на американската амбасада во Багдад.Од Амбасадата на САД во Багдад соопштија дека американските државјани кои сепак ќе одлучат да останат во Ирак треба сериозно да ја преиспитаат својата одлука поради зголемената безбедносна закана.„Американските државјани кои ќе одлучат да останат во Ирак треба повторно да ја разгледаат својата одлука, со оглед на значајната закана од терористички милиции поврзани со Иран“, се наведува во соопштението.Од амбасадата информираа дека внимателно го следат развојот на ситуацијата и дека ќе продолжат редовно да објавуваат информации за да им помогнат на граѓаните да донесат одлуки поврзани со нивната безбедност.Воедно, САД порачаа дека се подготвени да им помогнат на своите државјани кои сакаат да ја напуштат земјата, обезбедувајќи им најнови информации за достапните можности за заминување од Ирак.

Свет | пред 2 седмици

media-librarykvn82lelc6hkeygTScl

(Видео) Ракетен напад врз американската амбасада во Багдад

Американската амбасада во главниот град на Ирак, Багдад, била погодена во ракетен напад, изјавиле утрово ирачки безбедносни извори за агенцијата Ројтерс.Засега нема информации за евентуални жртви или за материјална штета, а околностите околу нападот се уште се нејасни.Ирачките безбедносни служби започнале истрага за инцидентот, додека се очекуваат дополнителни детали од властите и од американската страна.

Свет | пред 2 седмици

w_55664211

Трагедија во Ирак: Се урна американски воен авион, шестмина загинати

Шест американски војници загинаа откако воен авион за дополнување гориво се урна во западен Ирак, потврди американската војска.Несреќата се случила во четврток, а од Централната команда на САД соопштија дека во инцидентот учествувал и втор воен авион, кој безбедно слетал.Според првичните информации, авионот што се урнал бил од типот КЦ-135 – воен авион за дополнување гориво во воздух. Војската нагласи дека несреќата не била предизвикана од непријателски напад ниту од таканаречен „пријателски оган“.„Околностите на инцидентот се под истрага. Загубата на авионот не е резултат на непријателско дејство“, соопштија од американската војска.КЦ-135, кој компанијата „Боинг“ го развила во педесеттите и шеесеттите години, претставува клучен дел од американската флота за воздушно дополнување гориво, што им овозможува на борбените авиони да извршуваат долги мисии без слетување.Оваа несреќа доаѓа во време на засилени американски воени операции на Блискиот Исток поврзани со конфликтот со Иран. Претходно, седум американски војници загинаа кога беспилотно летало удри во американска воена база во Кувајт.Според извештаи на агенцијата Ројтерс, околу 150 американски војници се повредени во текот на воените операции поврзани со конфликтот со Иран, додека американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека е можно да има и нови жртви додека судирите продолжуваат.

Свет | пред 2 седмици

SeKXr-

Евакуиран клучен терминал за извоз на нафта

Клучниот терминал за извоз на нафта во Оман, Мина ал Фахал, е евакуиран по напад со дронови, додека два танкера биле погодени во територијалните води на Ирак, што дополнително ја засилува кризата на пазарот на нафта, објави Блумберг.На бродовите им било наредено да го напуштат пристаништето Мина ал Фахал како мерка на претпазливост, додека ирачките нафтени терминали ја прекинале работата по нападот врз танкерите „Сејфси Вишну“ и „Зефирос“.Ефективното затворање на Ормускиот Теснец доведе до намалување на производството во Ирак, Кувајт и Саудиска Арабија, додека терминалите во Обединетите Арапски Емирати и натаму делумно функционираат.Стравувањата од нарушување на извозот на оманската нафта растат, а цената на суровата нафта од типот „Брент“ порасна за 10 отсто, и покрај веста за координираното ослободување на 400 милиони барели резерви од страна на Меѓународната агенција за енергија.Околу еден милион барели нафта дневно се извезуваат од Мина ал Фахал, додека Саудиска Арабија пренасочува дел од испораките преку нафтовод до Јанбу на брегот на Црвеното Море.Експертите предупредуваат дека дури ни рекордното ослободување на итните резерви нема да ги покрие загубите во снабдувањето настанати поради нападите и ризиците за клучните пристаништа, што дополнително ја зголемува неизвесноста на глобалниот пазар на нафта.

Свет | пред 2 седмици

nafta

Цените на нафтата повторно дивеат: Силен ирански одговор на американското пуштање резерви

Работата на ирачките нафтени терминали е целосно запрена, но трговските пристаништа и натаму функционираат, изјави директорот на Ирачката компанија за управување со пристаништа Фархан ал-Фартуси за ирачката новинска агенција.Во нападите врз два танкера во Персискиот Залив загинал еден член на екипажот, додека 38 лица биле спасени од бродовите кои останале во пламен откако, според првичните процени, биле погодени од ирански поморски дрон.Од средата во Персискиот Залив се регистрирани шест напади врз бродови, додека Ормускиот Теснец станува една од клучните точки на војната со Иран. Ирачката државна компанија за трговија со нафта SOMO предупреди дека инцидентот „негативно влијае врз безбедноста и економијата на Ирак“.Цените на нафтата продолжуваат да растат на азиските пазари и покрај одлуката на големите земји да ослободат рекордни количини нафта од своите стратешки резерви со цел да ги ублажат последиците од војната со Иран.Нафтата од типот „Брент“ утрово се движи околу 100 долари за барел, иако сите 32 членки на Меѓународната агенција за енергија (IEA) најавија дека на пазарот ќе пуштат околу 400 милиони барели нафта, што е приближно количина што светот ја троши за четири дена.Иако интервенцијата на IEA е значајна, аналитичарите предупредуваат дека таква мерка не може често да се повторува. Трговците сè уште немаат одговор на клучното прашање: колку долго Ормускиот Теснец ќе остане опасна зона за танкерите.Иранската Револуционерна гарда порача дека непријателите на Иран „нема да можат вештачки да ја намалат цената на нафтата“ и се закани дека цената може да порасне и до 200 долари за барел.Неколку пловила во водите на Персискиот Залив повторно биле нападнати со проектили, соопштија поморските власти.„Се чини дека ова претставува директен и силен ирански одговор на најавата на IEA за масовно пуштање стратешки резерви со цел да се смири неконтролираниот раст на цените“, изјави Тони Сикамор, аналитичар во компанијата IG.Најновите напади врз бродови поврзани со САД и Европа означуваат ескалација на судирот меѓу Иран и американските и израелските сили, со што бројот на погодени бродови во регионот од почетокот на борбите се зголеми на најмалку 16.Ирачките нафтени пристаништа целосно ја прекинале работата по нападите, додека трговските пристаништа и натаму функционираат, пренесе ирачката новинска агенција, повикувајќи се на директорот на државната Генерална компанија за ирачки пристаништа (GCPI).

Свет | пред 2 седмици

media-library037lb5936u7j4x1XCv4

Проектил погоди италијанска воена база во Ирак

Италијанска воена база во ирачкиот град Ербил беше погодена од ракета во текот на ноќта, објави италијанското Министерство за одбрана.„Ракета ја погоди нашата база во Ербил. Нема жртви или повредени меѓу италијанскиот воен персонал. Сите се безбедни“, објави министерството на социјалната мрежа X кратко по полноќ.„Италијанските војници се засолнија во бункер веднаш по нападот, а сите членови на контингентот се безбедни и здрави“, напиша италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во посебно соопштение.„Остро го осудуваме нападот врз италијанската база во Ербил“, рече Тајани.Нападот се случи во ирачкиот автономен регион Курдистан, каде што има неколку меѓународни воени бази каде што се распоредени силите на западните земји. Инцидентот се случува во време на зголемени тензии во регионот поради војната меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга страна.

Свет | пред 2 седмици

w_55664211

Ирак го осуди „неправедниот“ воен напад врз Иран

Ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани го осуди, како што го нарече, „неправедниот војен напад“ врз Иран за време на телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.Според соопштението од кабинетот на ирачкиот премиер, ал-Судани изразил и сочувство за смртта на поранешниот ирански врховен лидер ајатолахот Али Хаменеј.Тој истакнал дека Ирак нема да дозволи неговата територија да се користи како полазна точка за напади врз Иран и предупредил дека напади врз цели во Ирак би претставувале нарушување на ирачкиот суверенитет.

Свет | пред 2 седмици

germanija-zname

Германија го повлече персоналот од амбасадата во Багдад

Германија привремено го повлекла персоналот на својата амбасада во Багдад, поради зголемени безбедносни ризици кои произлегуваат од конфликтот на Блискиот исток, соопшти портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.Персоналот на германската амбасада во Багдад сега е привремено преместен од Ирак поради заканата“, рече портпаролот, пренесувајќи денес Ројтерс.Портпаролот додаде дека безбедноста на персоналот на амбасадата во Багдад се проценува континуирано, како и дека правните и конзуларните услуги на амбасадата веќе подолго време биле сериозно ограничени поради безбедносната ситуација.Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави доцна синоќа во Никозија, за време на посетата на Кипар, дека за регионалната ситуација разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио. Двајцата го осудија „неселективното“ дејствување на Иран против земјите во регионот и го повикаа Техеран да ги прекине нападите.

Свет | пред 2 седмици

nafta-mazut

Ирак активира „план за вонредни состојби“ и најавува остро кратење на нафтата

Ирачката државна нафтена компанија „Basra“ планира значително да ја намали експлоатацијата на низа нафтени полиња на југот на земјата, активирајќи план за вонредни состојби поради застојот на транзитот низ Хормушкиот теснец. Според извори од индустријата, намерата е паралелно да се пренасочи тежиштето кон гасот за да се обезбеди домашно производство на електрична енергија.Планот предвидува четири фази со кои би се закочиле или целосно би се запирале активности на девет полиња во јужен Ирак, со пад на производството од околу четири милиони барели дневно на приближно еден милион барели дневно.Во првата фаза, според истите извори, е прекинато производството на нафтеното поле „Румаила“, кое често се наведува меѓу најголемите во светот. Причината, како што се посочува, е тоа што бродови не пристигнуваат за преземање нафта поради блокадата во Хормуз, а складишните капацитети се исполнети.Проценките за „Румаила“ во текстот се движат околу 1,4 милиони барели дневно, а наредните фази би опфатиле и други полиња на југот, со цел активностите да се приспособат на ограничените извозни рути.Во меѓувреме, ирачкото Министерство за нафта ја нагласува потребата од стабилно снабдување со гас, за поддршка на домашната електропроизводство.Според наводите, испораките низ Хормушкиот теснец речиси запреле по ескалацијата на воените дејства во регионот, а дополнителни ризици се споменуваат и поради оштетувања на енергетската инфраструктура. Во истиот контекст, се наведува и дека дел од производителите во Заливот преземаат превентивни мерки, додека Катар, според текстот, ги стопирал испораките на течен природен гас.

Свет | пред 3 седмици

media-librarydvcrf89tq9habNebIGC

Курдите од Ирак подготвени за акција во Иран, чекаат сигнал од САД

Курдските опозициски групи на северот на Ирак изјавија дека имаат планови да преминат преку границата со Иран, но дека нивните борци сè уште не презеле акции затоа што чекаат американските и израелските сили прво да ги ослабнат иранските позиции, објави BBC.Се подготвуваме за ова последните 47 години, од времето на Исламската Република“, изјави Хана Јазданпана од Курдистанската партија за слобода (PAK), која тврди дека располага со најголема вооружена сила.Според нејзините зборови, „нема поместување на ниту еден Пешмерга“, курдски термин за оние кои се подготвени да се соочат со смртта. Јазданпана рече за BBC дека шесте опозициски групи, кои неодамна формирале коалиција, меѓусебно се координираат политички и воено, и дека никој не дејствува сам.Таа оцени дека борците не треба да напредуваат оваа недела, бидејќи САД мора најпрво да „отворaат пат“.Не можеме да се движиме ако воздухот над нас не е ослободен. Потребно е да се уништат складиштата со оружје на режимот. Во спротивно, тоа би било самоубиство. Режимот е многу брутален, а најнапредното оружје што го имаме е калашников“, додаде таа.Јазданпана исто така изјави дека сака САД да воведат зона забранета за летови за да ги заштитат курдските борци.Многу пати го побаравме тоа. Јас бев таа што испраќаше е-пораки со пораката „итно ни е потребно““, рече таа.Белата куќа ги демантираше тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за вооружување на Курдите. BBC потсетува дека многу Курди во минатото биле обучувани од американските сили за борба против Исламската држава во Ирак. Курдите, кои се четвртата најголема етничка група на Блискиот исток, се распослани меѓу Иран, Ирак, Сирија и Турција.

Свет | пред 3 седмици

rusija-areodrom-drom

Ирак: Дрон соборен во близина на Меѓународниот аеродром во Багдад

Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на Меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јавува Anadolu.Во соопштението пренесено од Ирачката новинска агенција (INA), Ирак наведува дека дронот бил пресретнат на надворешните рабови на периметарот на аеродромот.Генерал-полковник Саад Маан го опиша како мало беспилотно летало и потврди дека не се регистрирани човечки или материјални загуби.Не се објавени дополнителни детали.Овој развој на настаните следеше по претходните експлозии во Ербил на северот на Ирак, по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде беа активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, без потврдени информации за нивниот вкупен број.

Свет | пред 3 седмици

media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Трамп се јави кај Курдите, бара помош во војната со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата имал телефонски разговори со курдските лидери во Ирак за американско-израелската војна со Иран и можниот понатамошен развој на настаните, потврдија за американскиот портал Axios три извори запознаени со повиците. Трамп стапил во контакт со лидерите на двете главни курдски фракции во Ирак – Масуд Барзани и Бафел Талабани – ден по почетокот на бомбардирањето во саботата.Курдите располагаат со илјадници борци долж ирачко-иранската граница и контролираат стратешки подрачја кои би можеле да станат клучни во понатамошниот тек на војната. Покрај тоа, ирачките Курди одржуваат блиски врски со курдската малцинска заедница во Иран.Телефонските повици следеле по повеќемесечно лобирање на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој го поттикнувал Трамп на напад и промена на режимот во Иран. Израел со децении има блиски безбедносни, воени и разузнавачки врски со Курдите во Сирија, Ирак и Иран.Еден официјален претставник изјавил:Превладува мислењето, кое е и став на Нетанјаху, дека Курдите ќе ‘излезат од сенка’… дека ќе се побунат.“ Нетанјаху првпат ја изнел идејата за вклучување на Курдите на средба со Трамп во Белата куќа.Кога првпат дојде и со часови седеше со Трамп, изгледаше како Нетанјаху да има сè испланирано“, рече еден официјален претставник. „Имаше подготвен наследник. Сè знаеше за Курдите: кои се двете групи, каде се наоѓаат. Знаеше и колку луѓе ќе се дигнат на востание“, додаде тој.На директно прашање за повиците на Трамп кон Курдите, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, одби да коментира детали.Претседателот Трамп во последните денови бил во контакт со бројни сојузници и партнери во регионот“, изјави таа за Axios.Во неделата, Курдската партија на слободата, опозициска група на иранските Курди со седиште во ирачки Курдистан, го обвини Иран за одмазничка кампања со ракетни напади и беспилотни летала. Шест дена пред почетокот на војната, пет дисидентски курдски групи кои дејствуваат од Ирак го објавија основањето на Коалиција на политички сили на ирански Курдистан за борба против Иран.

Свет | пред 3 седмици

milanovic-zoran-hrvatsak

Милановиќ ги повлекува хрватските војници од Ирак и Либан

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, се огласи поради ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток.Секое еднострано користење на воена сила што го крши меѓународното право и поредокот е опасно, бидејќи го загрозува мирот и глобалната безбедност не само денес, туку и во иднина. Воена интервенција без мандат на Обединетите нации, како што денес сведочиме во Иран, нема да придонесе за решавање на кризата, туку предизвикува дополнителна ескалација на конфликтот и долгорочна нестабилност“, истакна Милановиќ.Тој посебно го осуди военото насилство врз цивили, без разлика од која страна доаѓа.Очигледната цел на воената интервенција, односно промена на власта во Иран, може да има сериозни и долгорочни последици и за граѓаните на Европа, вклучувајќи ги и граѓаните на Хрватска. Искуството од претходните интервенции во регионот на Блискиот Исток и Медитеранот покажува дека последиците ги трпи токму Европа“, додаде тој.Милановиќ нагласи дека при секој понатамошен чекор Хрватска мора да води сметка првенствено за своите граѓани и нивната безбедност. Тој истакна загриженост поради можни економски штети од поскапување на нафта и нафтени деривати, ризик од нов бран бегалци кон европските земји, како и опасности од терористички закани.Со оглед на безбедноста на хрватските војници на мисиите во земјите на Блискиот Исток, претседателот донел одлука за повлекување на седум хрватски војници од Ирак и еден војник од Либан, и го задолжил началникот на Главниот штаб на Оружаните сили да ги започне активностите за нивно повлекување.Ја повикувам Владата на Хрватска да преземе сите потребни мерки за заштита и повраток на хрватските граѓани кои се наоѓаат на подрачјето на воени активности“, додаде Милановиќ.

Свет | пред 4 седмици

media-librarytm5r1hd4lh6u7BoDE2o

(Видео) Експлозии во американска воена база во Ербил

Низа експлозии одекнаа во американска воена база во Ербил, на северот на Ирак, по што над базата почнал да се издигнува густ чад, јавуваат локални извори. Според нивните наводи, детонациите го потресле поширокото подрачје, а се верува дека станува збор за директен воздушен напад врз воени цели во рамките на комплексот, пренесува Anadolu Agency.Одговорноста за нападот набргу ја презеде ирачката шиитска група Сераја Евлија ед-Дем. Во соопштение наведоа дека со беспилотно летало ги нападнале американските воени инсталации во тој реон.По нападот, на небото над Ербил била забележана засилена активност на хеликоптери и беспилотни летала на меѓународната коалиција. Истовремено, на терен безбедносните сили воспоставиле засилени мерки за обезбедување околу целото подрачје на базата.Засега нема официјални информации за евентуални жртви меѓу американскиот воен персонал, ниту за обемот на материјалната штета. Претставниците на коалицијата сè уште не се огласиле со детали за нападот.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryrhmkjdsqbh3m60ZFnGD

(Видео) Нереди во Ирак: Демонстранти се обидоа да упаднат во Зелената зона во Багдад

Демонстранти во Ирак се обидоа да упаднат во строго обезбедената Зелена зона во Багдад, каде што се наоѓа и Амбасадата на Соединетите Американски Држави, како реакција на наводното убиство на врховниот лидер на Иран, Али Хаменеи.Според Си-Ен-Ен, судири меѓу демонстрантите и ирачките безбедносни сили избиле во неделата наутро на мостот „14 Јули“, кој преку реката Тигар води кон Зелената зона. Видео-снимки прикажуваат чад и блесоци, по што демонстрантите се повлекле.Во Зелената зона се сместени канцелариите на ирачката влада и неколку странски амбасади, меѓу кои и американската.Истовремено, протести биле одржани и во јужните покраини Ди Кар и Басра, каде што илјадници луѓе марширале, извикувајќи пароли и носејќи знамиња, осудувајќи го убиството на Хаменеи.Ирачката влада прогласи тридневна жалост и изрази сочувство до Иран. Портпаролот на владата, Басем Ал-Авади, заедничкиот американско-израелски напад врз Иран го оцени како „очигледен чин на агресија и дело што ги крши сите хуманитарни и морални норми“.

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања