Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Курдите од Ирак подготвени за акција во Иран, чекаат сигнал од САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarydvcrf89tq9habNebIGC

Курдски опозициски групи од северен Ирак велат дека планираат да преминат во Иран, но засега не дејствуваат, чекајќи САД и Израел прво да ги ослабнат иранските позиции, пренесува BBC. Хана Јазданпана од PAK вели дека шест групи формирале коалиција и се координираат политички и воено, без самостојни акции. Таа бара американска поддршка, вклучително и зона забранета за летови, бидејќи без воздушна заштита напредувањето би било „самоубиство“. Белата куќа ги демантира тврдењата дека Трамп размислува да ги вооружи Курдите. BBC потсетува дека дел Курди биле обучувани од САД против ИСИС, а Курдите се распослани меѓу Иран, Ирак, Сирија и Турција.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Курдските опозициски групи на северот на Ирак изјавија дека имаат планови да преминат преку границата со Иран, но дека нивните борци сè уште не презеле акции затоа што чекаат американските и израелските сили прво да ги ослабнат иранските позиции, објави BBC.

Се подготвуваме за ова последните 47 години, од времето на Исламската Република“, изјави Хана Јазданпана од Курдистанската партија за слобода (PAK), која тврди дека располага со најголема вооружена сила.

— реклама —

Според нејзините зборови, „нема поместување на ниту еден Пешмерга“, курдски термин за оние кои се подготвени да се соочат со смртта. Јазданпана рече за BBC дека шесте опозициски групи, кои неодамна формирале коалиција, меѓусебно се координираат политички и воено, и дека никој не дејствува сам.

Таа оцени дека борците не треба да напредуваат оваа недела, бидејќи САД мора најпрво да „отворaат пат“.

— реклама —

Не можеме да се движиме ако воздухот над нас не е ослободен. Потребно е да се уништат складиштата со оружје на режимот. Во спротивно, тоа би било самоубиство. Режимот е многу брутален, а најнапредното оружје што го имаме е калашников“, додаде таа.

Јазданпана исто така изјави дека сака САД да воведат зона забранета за летови за да ги заштитат курдските борци.

Многу пати го побаравме тоа. Јас бев таа што испраќаше е-пораки со пораката „итно ни е потребно““, рече таа.

Белата куќа ги демантираше тврдењата дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за вооружување на Курдите. BBC потсетува дека многу Курди во минатото биле обучувани од американските сили за борба против Исламската држава во Ирак. Курдите, кои се четвртата најголема етничка група на Блискиот исток, се распослани меѓу Иран, Ирак, Сирија и Турција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 9 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 10 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 10 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања