Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Евакуиран клучен терминал за извоз на нафта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
SeKXr-

Клучниот терминал за извоз на нафта во Оман, Мина ал Фахал, е евакуиран по напад со дронови, додека два танкера биле погодени во територијалните води на Ирак, што дополнително ја засилува кризата на пазарот на нафта, објави Блумберг.

На бродовите им било наредено да го напуштат пристаништето Мина ал Фахал како мерка на претпазливост, додека ирачките нафтени терминали ја прекинале работата по нападот врз танкерите „Сејфси Вишну“ и „Зефирос“.

— реклама —

Ефективното затворање на Ормускиот Теснец доведе до намалување на производството во Ирак, Кувајт и Саудиска Арабија, додека терминалите во Обединетите Арапски Емирати и натаму делумно функционираат.

Стравувањата од нарушување на извозот на оманската нафта растат, а цената на суровата нафта од типот „Брент“ порасна за 10 отсто, и покрај веста за координираното ослободување на 400 милиони барели резерви од страна на Меѓународната агенција за енергија.

— реклама —

Околу еден милион барели нафта дневно се извезуваат од Мина ал Фахал, додека Саудиска Арабија пренасочува дел од испораките преку нафтовод до Јанбу на брегот на Црвеното Море.

Експертите предупредуваат дека дури ни рекордното ослободување на итните резерви нема да ги покрие загубите во снабдувањето настанати поради нападите и ризиците за клучните пристаништа, што дополнително ја зголемува неизвесноста на глобалниот пазар на нафта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 9 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 10 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 10 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања