Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Иран: Ги гаѓаме урбаните зони бидејќи САД ги префрлија војниците во хотели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-librarycfubpv6eb7drcU99KXl

Иран ги оправдува нападите во близина на урбани средини во земјите од Персискиот Залив со тврдењето дека американските сили се префрлени од воени бази во хотели и објекти во градовите, изјави шефот на дипломатијата Абас Аракчи во интервју за Ал Џезира.

— реклама —

„Каде и да се наоѓаат американските сили или објекти што им припаѓаат, тие се легитимна цел. Можно е некои од тие локации да се во близина на урбани области“, изјави Аракчи.

— реклама —

Тој призна дека нападите предизвикале загриженост и последици за населението во регионот, но вината за почетокот на војната ја префрли целосно на САД.

— реклама —

Според податоците што ги пренесуваат медиумите, земјите од Заливот се соочиле со повеќе од 2.000 напади со ракети и дронови, насочени кон американски бази, дипломатски мисии, но и кон нафтена инфраструктура, пристаништа, аеродроми и урбани објекти, при што најпогодени биле Обединетите Арапски Емирати.

Во меѓувреме, нападите продолжуваат. Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија активираа противвоздушна одбрана, а сведоци пријавуваат експлозии во Дубаи.

Аракчи се осврна и на нуклеарната политика на Иран, истакнувајќи дека официјалниот став против развој на нуклеарно оружје засега останува непроменет, иако новиот врховен лидер сè уште нема јавно изнесено позиција по тоа прашање.

Тој нагласи дека Исламската Република не зависи од поединци и дека смртта на високи функционери нема да влијае врз функционирањето на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 10 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 10 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 10 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања