Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Иран погуби тројца мажи, еден од нив е тинејџер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иранските власти егзекутираа тројца мажи, вклучувајќи го тинејџерот Салех Мохамади, член на националната репрезентација, поради убиство на полицајци за време на антивладини протести во јануари, пренесуваат државните медиуми.

— реклама —

Погубувањата се случија во северната провинција Ком откако Врховниот суд ги потврди смртните казни, пренесува Би-Би-Си.

— реклама —

Салех Мохамади, Мехди Гасеми и Саид Давуди беа прогласени за виновни и за „мохаребех“ – обвинение за „водење војна против Бога“, кое Иран често го користи против демонстрантите.

— реклама —

Групите за човекови права наведуваат дека осомничените признале вина „под тортура“ и дека беа егзекутирани без фер судење.

Погубувањата се дел од поширокиот одговор на иранските власти на протестите, кои го зафатија речиси целиот Иран и кулминираа со барања за политички промени.

Според податоците на групите за човекови права, најмалку 7.000 лица загинале за време на јануарските протести, вклучувајќи повеќе од 6.400 демонстранти и над 200 деца.

Иран претходно егзекутираше и иранско-шведски државјанин, Куруш Кејвани, поради обвиненија за шпионажа за Израел, што предизвика меѓународна загриженост, потсетува Би-Би-Си.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 10 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 10 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 10 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања