Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Иран прогласи историска победа: „Целосно се уништени“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Врховниот национален совет за безбедност на Иран денеска прогласи „историска победа“ над САД и Израел по 40 дена војна.

— реклама —

Тие соопштија дека Вашингтон бил принуден да го прифати иранскиот предлог од 10 точки, кој вклучува прекин на војната на сите фронтови, вклучително и во Либан.

— реклама —

Останатите точки, како што се наведува, се однесуваат на продолжување на иранската контрола врз Ормускиот теснец, прифаќање на збогатувањето на ураниум, укинување на сите примарни санкции, укинување на сите секундарни санкции, укинување на сите резолуции на Советот за безбедност на ОН, укинување на сите резолуции на Одборот на гувернери, исплата на отштета на Иран и повлекување на американските борбени сили од регионот, пренесува Нур њуз.

— реклама —

Врховниот безбедносен орган на Иран ги опиша изминатите 40 дена како една од „најтешките комбинирани битки во историјата“, во која Иран и неговите сојузници во Либан, Ирак, Јемен и „окупираната Палестина“ им нанеле удари кои „светот никогаш нема да ги заборави“.

— реклама —

„Иран и отпорот речиси целосно ја уништија американската воена машина во регионот. Нанесоа разорни удари врз огромната инфраструктура и капацитети што непријателот со години ги градел и распоредувал низ регионот за оваа војна против Иран“, се наведува во соопштението.

Исто така се додава дека САД уште по 10 дена од почетокот на војната сфатиле дека не можат да победат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: „Објавените договори се дело на измамници“

Свет | пред 1 час

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп: „Либан не е дел од договорот за примирје“ – „и тоа ќе биде решено“

Свет | пред 2 часа

media-library2ueaoi64o0t6fkVpV6J

Пазарите здивнаа: Примирјето меѓу САД и Иран ја турна нафтата надолу

Свет | пред 2 часа

SeKXr-

Иран воведува контрола: За минување низ Ормутскиот теснец потребно е одобрение

Свет | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања