Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Иран ѝ се закани на Америка: „Ќе возвратиме со сè што имаме“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи упати отворена закана кон Соединетите Американски Држави, по крвавата пресметка на властите во Техеран со демонстрантите.

Арагчи предупреди дека Иран „ќе возврати со сè што има доколку повторно биде нападнат“, во момент кога американска ударна група со носач на авиони се движи од Азија кон Запад, односно кон Блискиот Исток.

— реклама —

Шефот на иранската дипломатија оваа порака ја упати преку авторски текст објавен во весникот „Волстрит џурнал“. Во него тој повтори дека „насилната фаза на немирите траела помалку од 72 часа“ и ги обвини демонстрантите за ескалацијата на насилството.

„За разлика од воздржаноста што Иран ја покажа во јуни 2025 година, нашите моќни вооружени сили немаат проблем да возвратат со сè што располагаат доколку повторно се најдеме под напад“, напиша Арагчи, алудирајќи на дванаесетдневната војна што Израел ја започна против Иран.

— реклама —

Тој нагласи дека неговите зборови „не се закана, туку реалност“, додавајќи дека, иако како дипломат и ветеран го презира војувањето, чувствува обврска тоа јасно да го каже.

Според него, евентуален конфликт би бил жесток, би го зафатил поширокиот регион и би имал последици врз обичните луѓе низ целиот свет.

Поради состојбата во земјата, учеството на Арагчи на Светскиот економски форум во Давос е откажано. Од Форумот соопштија дека, иако бил поканет уште минатата есен, трагичната загуба на цивилни животи во Иран во изминатите недели прави оваа година иранската влада да не биде соодветно претставена во Давос.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygfrljf16g001ebrn2Y9

САД посегнува по украински систем за одбрана од дронови во близина на Иран

Свет | пред 1 час

— реклама —
si-dziping2

Пекинг ја користи кризата за зајакнување на глобалното влијание

Свет | пред 2 часа

media-librarypsr4cv6bes5ieZz6JSR

Пакистан и САД разговараат за нова рунда преговори меѓу Иран и Америка

Свет | пред 4 часа

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања