Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Иранска агенција: Натанз повторно нападнат од САД и Израел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-library7nn32aslnedt6jdSQv2

Тасним јави дека постројката за збогатување ураниум во Натанз повторно била цел на американско-израелски воздушни напади. Иранските власти велат дека по проверка нема истекување радиоактивен материјал и дека нема опасност за населението. Натанз, најголемиот нуклеарен комплекс во Иран, и претходно бил погоден, со оштетени објекти и бомбардирани влезови во подземниот дел; МААЕ оценуваше дека не се очекуваат радиолошки последици. Нема официјални детали за новите штети, а конфликтот продолжува со меѓусебни напади.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Иранската новинска агенција Тасним објави дека утрово иранското постројување за збогатување ураниум во Натанз повторно било цел на американско-израелски воздушни напади.

— реклама —

Според иранските власти, по извршената проверка на локацијата не е забележано истекување на радиоактивен материјал и нема опасност за населението кое живее во близина на комплексот.

— реклама —

Натанз е најголемиот нуклеарен комплекс во Иран и главно постројување за збогатување ураниум, лоцирано околу 220 километри југоисточно од Техеран. Објектот и претходно бил погоден во текот на конфликтот, при што во првите недели од борбите повеќе згради биле оштетени, според сателитски снимки.

— реклама —

Тогаш Меѓународна агенција за атомска енергија соопшти дека не се очекуваат радиолошки последици, а подоцна беше потврдено дека биле бомбардирани и влезовите во подземниот дел од постројката. Натанз беше цел и за време на 12-дневниот конфликт меѓу Иран и Израел во јуни 2025 година, по што следуваа и напади од американските сили.

Според претходни проценки, при вакви удари не се очекува значително ослободување на радијација надвор од самата локација, иако постојат ризици поврзани со опасните материјали во објектот.

Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати изјави дека една од клучните цели на војната е уништување на капацитетите на Иран за производство на нуклеарно оружје. Засега нема дополнителни официјални информации за обемот на штетите од најновиот напад.

Новиот удар доаѓа во момент кога конфликтот не покажува знаци на смирување. Израел соопшти дека Иран продолжува со ракетни напади, додека Саудиска Арабија претходно пресретнала повеќе ирански дронови над источниот дел од земјата, каде се наоѓаат клучни нафтени постројки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Претседателот на Египет до Трамп: „Ве молам, запрете ја војната“

Свет | пред 6 часа

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Стармер: Британија нема да испрати војници во Иран

Свет | пред 7 часа

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио со жестока порака до Иран: „Ова нема да се дозволи“

Македонија | пред 7 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Свет | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања